Успешни луѓе

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Што представува за вас успешен човек и кои се тие луѓе од Македонија, Балканот, Европа и Светот. Можете да дадете кратка рецензија за истиот.
Јас ги имам повеќе, па ете ќе почнам со мојот Идол, а тоа е Арнолд Шварценегер.

Сигурно, помисливте најпрво, ех Трајче нормално за него представува човек со мускули успешен, м? - Не.
Сега ќе ви кажам кратка сторија за него и зошто го сметам за најуспешниот човек на светот.
За мене е човек кој секоја негова помисла ја остварува, а подолу и можеби ќе се уверете во тоа.


Швајценегер кој потекнува од Австриско семејство на 15 години инспириран од добро градени атлетски тела во тоа време, посакува да изгледа исто така како нив, морам да напоменам дека тој има наследен одличен генетски потенцијал мезоморф, од неговиот татко кој бил полицаец. Шварценегер во глава имал само едно:
„Не јас не сакам да бидам бодибилдер, јас сакам да бидам најдобриот бодибилдер на сите времиња„
Освојувач на 7 титули Мр. Олимпија најголем број на титули во историјата. Најдобар во тоа време, но и се усште најинсиративниот бодибилдер во светот, за сегашните генерации, а и генерациите кои допрво доаѓаат.
Во меѓувреме кога бил војска, излегува од касарната за да се натпреварува и тогаш освојува Мистер Универзум на светот, кога оди во Америка пред едно натпреварување на Мистер Олимпија му се јавуваат од дома и му соопштуваат дека неговиот татко починал, но тој со зборовите: Касно е да се вратам, нема да променам ништо и останува на неговиот сон излегува и победува истата година.

На 30 години престанува да се бави со бодибилдинг, му се вродува нова желба: „Сакам да бидам дел од филмското платно, но не било кој, туку еден од најдобрите„
Имал проблем со јазикот и тешко го совладувал акцентот, го обесхрабрувале дека никогаш нема да биде актер, но и самите знаете во колку филмови има се појавено Шварценегер и е бил главна улога.

Потоа организира во Америка Фестивал Арнолд Класик престижно натпреварување во повеќе категории како: бодибилдинг, кик бокс, бокс, џудо, фитнес, детски фтинес, класик бодибилдинг и тн.
Од пред две години Арнолд Класик се одржува и и во Европа кое секоја година се оддржува во Мадрид, Шпанија.
Од 2013 овој фестивал веќе ќе го има и во Азија! - Го има веќе на 3 континенти неговото името- неговиот бренд - каде секоја година има безброј натпреварувачи.

Исто така беше и Гувернер на Калифорнија, а неговата најнова желба е да се врати во Австрија и да се кандидира за градоначалник во неговото родно место.

Ех, Шварци - жива легенда!

Едит: бобо, фала за забелешките, поправено.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: hellassteel and Сара.13

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Трајче изгорен си за билдери :zelen

За мене успешни луѓе се оние што сами направиле нешто за себе и придонеле за општеството на некој начин. А не оние кои се родиле како Парис Хилтон и цел живот се прават успешни, а не се.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Трајче изгорен си за билдери :zelen

За мене успешни луѓе се оние што сами направиле нешто за себе и придонеле за општеството на некој начин. А не оние кои се родиле како Парис Хилтон и цел живот се прават успешни, а не се.

Очигледно дека не ми ја прочиа целата статија, а и убаво пишав на почетокот, прочитја ја цела па наврати се пак.
Шварценегер не е само успешен бодибилдер, такви ги има многу.
Цитирам:
„Сигурно, помисливте најпрво, ех Трајче нормално за него представува човек со мускули успешен, м? - Не.„
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Очигледно дека не ми ја прочиа целата статија, а и убаво пишав на почетокот, прочитја ја цела па наврати се пак.

Цитирам:
„Сигурно, помисливте најпрво, ех Трајче нормално за него представува човек со мускули успешен, м? - Не.„

Те прочитав и сватив океј си, се зезав малку ..
инаку ќе пишам овие денови на темата поопширно и конкретно и јас (y)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Доналт Трамп,Бил Гејтс,Стив Џобс...и остали економски магнати кои го освоја светот на еден или на друг...доста интересен начин.Не зборувам за нивните милиони,за нивните фанови,за нивните големи канцеларии и слично...Зборувам за тоа дека успеале да остават белег...ставиле печат.Стив Џобс веќе го нема...но сите го помнат кој беше тој човек со фармерчина и обични патики за трчање и кој застана пред Бил Гејтс и му се спротистави на неговиот "монопол"...Инаку овие така сега ми текна...ако почнам да набројувам колку луѓе стигнале току многу голем успех...ќе треба цела вечер да останиме.Инаку за Макеоднија нема да коментирам...пошто кај нас успехот или се наследува или се постигнува со нелегални работи...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: hellassteel and Trajche

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Поентата за него ми е дека од никој ништо станал и тоа не некој - туку препознатлив бренд, легенда кои ќе се памети со генерации, не ми е мене успешен некој што од наследство му ја оставиле компанијата и има пари или па некоја од порнич станала позната и направила пари или пак шеик кој во дворот има нафта.Исто така ќе го спомнам починатиот Стив Џобс за успешен човек, а за него ќе се навратам подоцна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Доналт Трамп,Бил Гејтс,Стив Џобс...и остали економски магнати кои го освоја светот на еден или на друг...доста интересен начин.Не зборувам за нивните милиони,за нивните фанови,за нивните големи канцеларии и слично...Зборувам за тоа дека успеале да остават белег...ставиле печат.Стив Џобс веќе го нема...но сите го помнат кој беше тој човек со фармерчина и обични патики за трчање и кој застана пред Бил Гејтс и му се спротистави на неговиот "монопол"...Инаку овие така сега ми текна...ако почнам да набројувам колку луѓе стигнале току многу голем успех...ќе треба цела вечер да останиме.Инаку за Макеоднија нема да коментирам...пошто кај нас успехот или се наследува или се постигнува со нелегални работи...


Се сложувам за тројцата. Го сметам Доналд Трамп за успешен но не толку како другиве двајца, зошто Трамп наследи компанијата од татко му, неговите биле успешни предходно и добра задржана фамилија кое го школувале во најјакиот факултет за бизнис во светот, но не е се до тоа нели? Ако не му сечи на човек и не му врти во глава може се да изгуби и да банкротира. Факт е дека Трамп има многу напреавено после татко му, што значи е успешен и доста паметен и интелегентен човек.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Sebastian

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Мора само славни да набројуваме? :zelen (Знам, не.)
Еве ја Кардашијанка, славна е, успешна, лежи на пари, а буквално се прослави со онаквото во уста.

За мене успешни луѓе се оние што би можеле да ги наречеме the rose that grew from the concrete, луѓе што си зацртале цел во животот и се придржувале кон истата без разлика на околностите.
Познавам една успешна жена од која научив многу, ми се чини тогаш и ми настана сиот пресврт во животот и престанав да го гледам светот само со очи, плитко и површно.
Ми беше професорка по психологија, духовита, силна, почитувана, образована и интелигентна жена која секогаш имаше одличен одговор и на најглупото прашање. Бидејќи покажував посебен интерес за нејзиниот предмет и секогаш бирав кај неа проекти, развивме некоја пријателска врска. За финалниот проект поради кој бев доста потресена дали ќе минам или не, зошто од него зависеше останатото, не остави мене и другарката во училница и почна да ни раскажува за себе, од кај доаѓа, како израснала, што и’ се случувало, како дошла дотука...луѓе, мозокот ми се вртеше 300 во минута. Сум почувствувала болка во туѓ глас, ама ова беше во необјасниви размери, а со каква леснотија и насмевка кажуваше, просто се воодушевував на секој збор.
Еден ден кога (да се надеваме) ќе успеам, ќе појдам да и’ се заблагодарам, таа за мене претставува дефиниција за истрајност, сила и успех.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Успех?
Материјален или каков успех?
Остварување на своите сопствени цели,стварање богатство, име
или што е успех?


За секој представува различно успехот. За некој успешна е Карлеуша, Кардашијан, за некого Роналдо и тн.