Усно или писмено одговарање

Усно или писмено одговарање

  • Усно

    Гласови: 23 40.4%
  • Писмено

    Гласови: 34 59.6%

  • Вкупно гласале
    57

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
ако зборам лично за мене тогаш усно, подобро се снаоѓам и владеам со ситуацијата..
не сум тремаџика, најчесто имам научено, плус филозофирам и надвор од зададената тема, давам свои мислења, ставови...така да, усно дефинитивно : )
 

Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
Кога одев во средно и основно начинот на одговарање многу ми зависеше од професорот. Ако беше некој ок професор, кој знае да објаснува секогаш полесно ми беше усно, а ако беше некој кој не знае да го пренесе знаењето, полесно ми беше писмено. Кога стигнав на факултет немав избор, се беше писмено, освен во прва и втора година 1 предмет, кој беше составен од устен и писмен дел.
 

Largo

Полноправен Член
15 јануари 2013
90
97
18
И едното и другото имаат исто толку слабости и предности што како решение би дошло некаква нивна комбинација.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Accy

M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Колку сум далеку и од едното и од другото:svirka
Поради поголема практика на писмени одговарања ќе имаме факултетџии кои не знаат да се изразат правилно и кога зборуваат за нешто што што го студирале со години се како првачиња со ааааам, хм и тако даље после секој втор збор.
Гласам за усно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Accy

Нов член
8 јануари 2013
17
25
3
Се зависи од предметот и од професорот кај кој се полага :), кај некои професори ми било полесно усно одговарање бидејќи полагањето се сведува повеќе на дискусија отколку на типично полагање, додека кај некои многу подобро е писмено одговарање бидејќи самиот став на професорот при усно одговарање ти прави трема и блокада на мозокот :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Largo

Anacal

Полноправен Член
19 јануари 2013
45
29
18
Повеќе сум за писмено, секогаш ми е полесно да се искажам пишувајќи отколку зборувајќи.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Писмено затоа што полесно се препишувало и во средно и на факс.
На усно многу јадам г**на, се оддалечувам до темата на разговор и професорот ме прекинува се бунам и завршува мојот труд за двојче :D
 

scarstone

Староседелец
15 април 2013
22
25
603
Писмено, секако. Затоа што ретко кој професор знае подеднакво да го оцени ученикот при усно испрашување.
Малку се оние професори кои на моментално збунување при усно одговарање му придаваат иста вредност/важност како и на дел од тестот избришан со коректор.