Условување на факултет

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Честопати ние студентите сме сведоци на поставени услови од страна на професорите.
Постои услов потпис за редовност за да ти пише оценка,од една страна ти вика не се задолжителни предавањата,добиваш поени ако дојдеш-губиш поени ако не дојдеш,а кога ќе го положиш ти збори пола саат како ти не си бил редовен на предавања и нема да добиеш оценка,ќе си платиш за потпис или ќе си го преполагаш пак.
Постои и друг услов каде што професорот ти вика,ако не му ја купиш неговата книга по неговиот предмет (којашто патем чини над 1000 денари) и не му ја однесеш потпишана со твое име и презиме на денот кога ќе дели оценки, ти нема да добиеш оценка..... се додека не ја купиш.
Некој може нема 1000ка да си дозволи па ќе купи фотокопија од 200 денари,ќе го научи материјалот,ама нема да добие оцена,затоа што нема оригинал книга..

1306315710579.jpg


Сигурно постојат и други условувања од страна на професори кон студенти.
На темава сакам да дискутираме за тоа колку се во ред поставувањата на таквите услови?
Дали сте се соочиле со некој таков услов?
Дали ги почитувате тие условувања?
Споделете некое друго условување и што мислите дека треба да се преземе во врска со нив,како да се реагира?
Сте се обиделе ли при ваков проблем да реагирате кај службите на факултетот?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The High Commander

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Добра тема.
За книгиве не ми се коментира. А за условувањето со редовност - тоа не е условување, тоа е ЕКТС системот. Системот бара редовност на предавања, и добивање поени за истите. Нашиве професори кои не се спремни за промени и сеуште патта по стариот систем(поени т.е оцена само од полагања, без поени од присуства и семинарски и активност)не даваат поени за присуство но за да доаѓаме на предавање условуваат со потпис... ама не се бунам за тоа. Има корист од предавањата : )
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ми се има случено еден професор да ме тера да му ја купам книгата, но ја позајмив од колешка и некако поминав. Ај ќе разберам да е до 500 денари, па и тоа е многу. А не, ми продава книга со прилично мали димензии која нема слика или сликата е во црно бело, за некои си 700/800 денари. Нема смисла, претеризам.

Што е до редовност, за добро на студентите е да се редовни. Без посета на предавања многу потешко е да се совлада материјалот. Но, не знам што се возбудуваат толку професорине. Дај семинарска работа за да собере студентот бодови. Ако треба и 3 ќе ги направи. Зарем мораат ли да комплицираат работи...

Обично проблемите ги решаваме преку молба. Еве последно нешто што наравивме пред некоја недела, си поднесовме молба со потписи од многу студенти од разни правци, да ни одобрат на на апсолвентите да полагаме секој месец. И ни успеа. :D
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Ех студенти студенти... Кога бевте средно/основно не ви се бараше редовност на училиште?
Ако не сакате да одите на предавања, запишете се вондредно... и вашите проблеми ќе бидат решени.
Муабетот ми беше тоа воопшто не го гледам како лошо однесување од страна на професорите. Остави ти што викаат професорите гледај каков е системот... Редовноста е важна за оцената, и почитувајте ги правилата и одете на предавања.
Ако не ви се оди, имате два избора : земете си ги документите и дома или вондредно.

Е сега, за другиве работи, посебно за учебниците јас се сложувам не сто посто, туку милијарда посто. Само што никој никогаш нема да го промени тоа, не го променија додека студирав јас, ни пред мене тие, нема ни од сега.
Јас имав еден професор сега е во пензија, не сакам да го именувам. Девојче факултетот не можеше да го заврши, на еден испит одеше милион пати, и никогаш не успеа да положи. Отиде на увид, и тој се изјаснил дека деколте треба да биде подлабоко. Девојчето чекаше дури 4 години човекот да замине во пензија, па го положи испитот и го заврши факултетот...

Знаете како... кога ја имаш власта во свои раце лесно можеш да почнеш да ја злоупотребуваш... Тоа е се’.
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
досега немам такво искуство, фала богу, некој да условува во врска со нешто, имаме само еден професор кој сака да му ги купуваш книгите и ако му дојдеш на предавање со фотокопирана книга, ќе ти ја земе, а книгата ја продава 1000 ден, и така да не ја носам на предавање книгата, си пишувам на лист најбитните работи или во тетратка и така одам не му давам толку пари за една книга, ем што плаќаш толку пари за факсот, ем и книги да плаќам е нема што нека сонува, иако поголемиот дел ги купуваат :D со друго нешто како условување се немам сретнато, барем досега за понатака ќе видиме :) инаку нели кажаа на телевизија дека на кирил и методиј, годе делчев и мислам дека беше св. климент книгите ќе бидат бесплатни??
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lepaa

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Студенти за сите проблеми имате само еден лек! Престанете да бидете АпатичнИ и во единство борете се за своите права како што нашите ганерации не се бореа ! А јадачите стално ке јадат се повеќе и повеќе , прашање е дали вие ќе им буткате мед на медовината или гнили круши !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The High Commander

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
На мојот факултет има 1000 услови за потпис.
Прво секако редовност на предавање, затоа што на скоро секое предавање не читаат а и турнус наставата е таква да турбо цела недела сме на предавања.
Второ редовност на вежби, тука секогаш не читаат дека сме по 20тина во група.
Трето е завршна вежба без која ако не ја имаш положено немаш право на потпис.
Е сега зависи од предметот, фармацевтска хемија 1 на пример и семинарската беше услов за потпис.
Овие си се услови и мора да се придржуваме според нив.
До сега за купување на книги не сум имала проблем затоа што професориве не ни имаат учебници.
 

devil4e

Староседелец
15 октомври 2012
51
31
618
На факулет кај мене нема условување да купиш книга од кај професор, си ги копираме и не ги вадиме таму пред професорот оти демек било запраенто копирање. Има условување за потпис, мора да имаш потпис од професорот за да ги пријавиш испитот. Мор да сме редовни на факс, најмногу можи да имаме 2 отсуствувања, ако имаш 3 нема да имаш потпис за предметот и нема да можиш да полагаш, а за на вежби мора да сме редовни не смееме ни еден минус да имаме. Друго имаме условни предмети уште од прва, и ако не положиш еден предмет кој т ие уловен ти влежи предмети од втора и трета после шо е многу зафркнато.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Немам искуство со оглед дека имам само една година факултет...Добро не е цела ама два испити уште :)
***
Професорите нудеа учебник, нивни. Не те условуваа да го земиш. Полагањето беше едноставно.....За време на полагање со нивни учебник, можеш да го користиш. Но не можеш да го копираш и да го донесеш на полагање. Ако сакаш дома учи, на факултет не носи го.
 

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
123
Јас завршив правен на Јустинијан Први и немаше ништо вакво. Имаше минимум предавања на кои мораш да одиш ама тоа беше услов наметнат од ЕКТС. Книги стално фотокопиравме и повеќето професори не правеа проблем, а тие што се бунеа едноставно не им ги покажувавме фотокопиите и решен проблем.