За да ти дадеме идеи за совршена кујна прво треба да знаеме со каков простор располагаме, мал, голем, дали има прозор во кујната, дали има опција за изведба на шанк, каков вид на плафон има...
Во секој случај според мене совршена кујна е(во зависност од можностите) онаа што има поголема работна површина и вградени машина за садови, рерна и фрижидер. Што има шанк на кој што можеш на сабајле набрзина да си каснеш за да не правиш урнебес во трпезарија, што има функционални складишта за кујнски прибор, крпи и триста чуда.
Тоа се' јас го добив за многу добра цена(што секое просечно македонско семејство би можело да ја плати) по порачка во Танекс мебел во Скопје. Децата одлично си ја завршија работата, како што го нацртавме нештото така изгледаше и во реалност. Одлична работа за прилично ниска цена.
Тоа нешто во реалност би изгледало нешто налик: