1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Уписи на факултет, и мислење за мојата одлука за факултет?

Дискусија во форумот 'Образование' започната од Eva, 6 јули 2017.

  1. Eva

    Eva Староседелец

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    103
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Денес добивме резултати од матура, пресметано имам 99,76% од вкупниот просек заедно со оценките од средно и државна матура. Некој ми спомна дека доколку сум во првите 10 со голем просек, нема да плаќам година, како оди тоа? И, одлучив да се запишам на УКИМ, факултетот за дизајн на ентериер и мебел. Мислење, искуства?
     
  2. Makedonec

    Makedonec Модератор Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,247
    Допаѓања:
    1,032
    Пол:
    Машки
    Не знам кој те лажел дека ако си во првите 10 по големина на просек дека нема да плаќаш, но тоа нема врска. Поентата со просекот е во тоа дека ќе си плаќаш семестар од 200 евра, а не од 400 евра. За факсот што си го одбрала врска немам, ако тоа те влече тоа запиши го, а ако ти е за работа се е после до среќа и врски.
     
  3. Saladin

    Saladin Unbaised Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,900
    Допаѓања:
    9,572
    Пол:
    Машки
    Целосно да не плаќаш факс во прва година мислам дека не можеш, подоцна можеби ако се избориш за просек и стипендија да стекнеш, но прва... не ми оди некако во сеќавањава дека беше и се` уште е така.
    За второво, просперитетен смер е, но мислам не кај нас толку. Да не ти рушам филм, пробај, ако ти тргне, поврзи се со колеги од странство и терај понатаму.
     

Сподели: