1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Убивање на главен лик

Дискусија во форумот 'Серии и емисии' започната од Давор, 14 март 2016.

  1. Давор

    Давор Староседелец

    Зачленет на:
    10 ноември 2012
    Мислења:
    1,300
    Допаѓања:
    2,081
    И како шо доаѓа финалето на HTGAWM се повеќе читам коментари и мислења за тоа дали е во ред продуцентите да убијат еден од главните ликови. Некои мислат дека тоа е сосема погрешно, дека доколку вистински ја сакаш серијата веќе си се поврзал со ликовите и не би сакал еден од главните ликови да го снема. Други пак мислат дека тоа е сосема во ред, тоа ја зголемува неизвесноста, те тера да се прашуваш кој ќе биде ликот кој повеќе нема да го гледаме на екраните, те тера да размислуваш, да ствараш теории во главчето, да стравуваш да не биде баш твојот омилен лик и сл.
    Ме интересира што мислите вие на оваа тема. Еве јас да почнам од себеси, обожавам кога главните ликови се во опасност и некој од нив умира. Затоа и престанав да ја гледам на времето Вампирски дневници, толку беше нестварна, на крај секогаш сите се добро, оживуваат, сите среќни, толку нереално. А и после пример шест седум сезони веќе ти здосадува од некои ликови, едни ги упропастуваат, други уште на почеток ти биле одвратни, па не гледам ништо толку страшно ако продуцентите малку ја зачинат серијата со тоа што ќе убијат некој главен лик. Се разбира дека тоа е голем ризик зошто како можат да се зголемат рејтинзите, така можат и да се намалат.
    Дали мислите дека е океј да се убие еден од главните ликови?
    Сметате ли дека тоа ја зголемува возбудата, ја прави серијата поинтересна или сте од оној тип на луѓе кој мрази промени и престанува да ја гледа серијата доколку продуцентите одлучат да се отарасат од еден од вашите омилени актери?
    Овде можете да пишувате и за тоа која серија би била подобра доколку го снема тој лик, која серија изгубила со тоа што продуцентите го убиле тој лик, за кој не ви било сеедно што завршил на таков начин и сл.
     
    На Lady* му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Дејви

    Дејви Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    10 март 2016
    Мислења:
    308
    Допаѓања:
    187
    Па кога имаш концепт на мулти главни ликови во една таканаречена целина секако дека можеш да си дозволиш елиминација на еден лик.
    Инаку тој концепт, таа серија може да трае во недоглед и ке стане досадно со текот на времето.
    Мислам дека идејата, еден по еден да ги снемува главните ликови за да остане на крајот еден кој што ке егзистира, е добра.
    Иако и оваа идеја за повеке главни ликови ја подржувам. На тој начин гледачите со различен вкус ке бидат сити.
     
  3. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Многу мразам кога ќе убијат главен лик, добро сега, има ликови кои се главни ама ме нервираат, тие може да ги убијат. :)
    На пример еве за Game of Thrones. Го убија главниот лик и тоа во последната епизода. Не можам да замислам што ќе се случи со гледаноста ако стварно е убиен.
    Најубаво е да не се убиваат, секако не треба ни да е премногу во нивна корист ама за убивање мислам дека нема потреба.
     
  4. Mnogo Bitno

    Mnogo Bitno Староседелец

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,721
    Допаѓања:
    752
    Мислам дека нај лошо е да почине ,а не да го убијат ! (wave)
    Одма некако губи смисла сето тоа после ...
     
  5. Дејви

    Дејви Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    10 март 2016
    Мислења:
    308
    Допаѓања:
    187
    Идејата на два филма во еден е интересна исто така.
    Рецимо почнува првиот, кој е многу краток и во кој главниот лик е убиен на самиот почеток после 5 минути за веднаш по него да започне друг со полна минутажа и најава на крајот дека, поради загинувањето на главниот лик во обид да опстане претходниот филм не се дошло до соодветна идеја за продолжение.
    И гледачите со соодветна реакција подзинати...уат д фаааак ис дис(facepalm)
     
  6. Давор

    Давор Староседелец

    Зачленет на:
    10 ноември 2012
    Мислења:
    1,300
    Допаѓања:
    2,081
    И нормално, како што очекував Шонда немаше муда да убие некој од главните |-( Whyy Shonda whyyy? I believed in you...

    -СПОЈЛЕР-
    Мене ми го убија омилениот лик во HTGAWM. Ребека (Кејти Финдлеј) беше една од главните ликови во прва сезона. Подобра глума немам видено одамна. Ја обожував девојката. Акцент, однесување, како у еден момент може да биде тооолку нападна и дрска, а во друг толку ранлива и кревка. Ми се допаѓаше нејзината бунтовност, можам да правам што сакам и тоа што имаше став девојката. Ама свесен сум ако преживееше прва сезона, во втора најверојатно ќе и го упропастеа ликот и ќе ја направеа добра, фина и едноставно ќе немаше цел. Жал ми е што веќе не ја гледаме, ама барем зад себе остави нешто за да ја памтиш. Ако не ја убиеја ќе мораше да се изгуби она што го имаше кај себе the bad girl thing може не целосно, ама дел.

    Некогаш подобро е да се убие некој лик, него ли да се упропасти па да се чудиш што те снашло и зошто смениле се за 360 степени.
     

Сподели: