Тјунинг на Застава 101/128/Југо/Фиќо

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Моја бранша. Ова од погоре е стајлинг, а за тјунинг кај овие ти треба коњски живци.

Постојат неколку лесни брзи финтички што стално палат: земање вакум од усисна, намалување комора со гареж од масло, вадење филтер итн...

Но кога веќе се фаќате сериозно за работа, тогаш тоа оди вака.
Кај Фиќо се почнува со декла. Можеш да ја спуштиш како најефтина варијанта. му одземаат по милиметар до два најмногу. така се намалува комората и се добива поголема компресија во моторот. Можеш да побараш и декла од Фиќо супераш заедно сосе брагаста и да добиеш добри 5 коњи што ќе ги сетиш јако на него.
Карбураторот фичовски е со 2.8см грло стандардниот. Постои и 3 сантиметарски (30ка речено жаргонски) од комбе или супераш. Многу подобро влече благодарение на широкиот дифузор и дизната за полна гас што е 110ка.
Постојат и олеснети корпи, се одзема замаецот на грамажа според проспект, се ставаат 101ски зглобови од старите генерации, мењач од фиќо комбе, диск кочници од 101 со мала лесна преправка, се прават издуви 4 во 1.... Може да се напасува и декла од Југо 45ка или карбуратор... ова сето е лајт.

На југо, 101 , 128 обично сето завршува со мотор од ланчија 1.4. Всушност моторот од ланчија најчесто НЕ Е ОД ЛАНЧИЈА! Сурова вистина (:| . Тој мотор 90% од фацките го вадат од Типо пошто е најефтино и најмногу ги има.
Зошто секогаш 1.4 од „ланчија“? Југо 55, 101, 128 носат мотор 1100 кубици. Визуелно, тој е истиот мотор со 1.4 и неможе да се воочат разлики додека не се расклопи па да се премерува или да се спореди според бројките. Процедурата оди вака:
Се става мењач од Југо 55ка или Поли со 5 брзини, некои ставаат и широки зглобови од GX и Skala55. Се прават нови држачи за моторот (пошто старите не пасуваат точно) и со корпата за кумплуг од 101 се монтира новиот мотор 1.4. Палењето, усисната грана, карбураторот, поклопците над вентили и куќиштето од филтерот се ставаат од 1100ката мотор и тука некаде се прикрива трагот за „тјунингот“.
Иако бев голем скептик, јас лично се уверив колку се силни тие возила со тој мотор, колку се поекономични и колку се подоверливи. Најголема мана е тоа што лесно страдаат лошите травезни и приправените држачи за мотор на оштри стартови....