1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Турција

Дискусија во форумот 'Држави' започната од Marick14, 18 април 2012.

  1. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Машала убаво си се изнашетал и јас сакам со тебе да шетам,:)..Јас убаво те разбрав што сакаш да кажеш но кој би им го гледал филмот ако го направат како кај нив како што е,но сепак верувам дека дел од ликовите што се по нивните филмови живеат малку поразлично од забулените оти еве нели има информации за глумците по тв и весници кај што има такви глумци од мешани бракови така да прошетале и вон турција,студирале во турција и не живеат и кај нив сите како забулени​
     
  2. LMFAO

    LMFAO Истакнат Член

    Зачленет на:
    8 април 2012
    Мислења:
    380
    Допаѓања:
    299
    1. Наредна дестинација ми е Шпанија или Франција, ако сакаш можиш да ми правиш друштво. :)
    2. Секако дека има исклучоци, ама повеќето од обичните граѓани во Турција немаат врска со животот како што е прикажан во Турските серии..
     
    На melpomena му/ѝ се допаѓа ова.
  3. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Вади виза доагам ете само Шпанија ама јас сум сериозна
    А да си ја испоштовам темава да споммнам за пазарот во турција ако добро се секавам Капали Чарсиа се викаше нешто и таму се продава на голеемо а дека ние еден автобус играорци и сите за шопинг расположени и дека не ни даваа по едно парче да купуваме по ниските цени,цел автобус заедно влегуававме од продавница во продавница.
    Иначе од играорната игравме во Бурса и кога завршивме со настапот сите деца трчаа да се сликат со нас ко да дошол Таркан во градот,ми беше исто чудно што по мене трчаа најмногу и го прашавме водичот зошто и тој рече дека им сум цудна или интересна дека сум многу бела,јас пак си мислев да не сум најубава и да не трцаа по мене оти играв најубаво;):rofl....
     
    На LMFAO му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LMFAO

    LMFAO Истакнат Член

    Зачленет на:
    8 април 2012
    Мислења:
    380
    Допаѓања:
    299
    Не треба виза. :)
     
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Анкара е главниот град на Турција кој има 4,4 милиони жители и се наоѓа на надморска висина од 1000 метри. Во византискиот период, била позната како Анкира. Името Ангора е користено до 1930 година. После прогласувањето на Република Турска во 1923 година, Анкара станува главен град место Истанбул. Од 1919 година Ангора е седиште на Народната Влада на Мустафа Кемал – паша Ататурк, кој започнал војна за ослободување турски територии. Во 1923 година Кемал паша ја прогласил Ангора за главен град на Турција и во 1930 година, Ангора го сменила името во Анкара.
    Градот се состои од стариот, северен дел кој го сочувал средовековно – источниот изглед и од модерниот јужен дел.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На emzzy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Подземниот град

    [​IMG]
    Деринкију е името на подземниот град кој се наоѓа на територијата на денешна Турција.
    Се верува дека овој град бил населен од Фригијците отприлика помеѓу осмиот век пред новата ера до десетиот век од новата ера. Се претпоставува дека овде се криеле и раните Христијани кои биле прогонувани од римските власти.
    Самит град е изграден како подземна мрежа која има повеќе од десет катови и место за 50 000 жители, плус добиток. Градот можел да биде изолиран со големи камени врати, и секој од посебните катови можел посебно да се изолира.
    Во подземниот град се наоѓат и многу занаетчиски простории, како на пример, преси за вино и масло, визби, училишта, складишта и капели. Постои и интересна мрежа за вентилација и спроведување на вода. Во близина на овој град се наоѓаат уште неколку подземни градови.
    Денес се откриени само 10% од градот кои се отворени за туристи.
     
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    КЕМЕР – ДИЈАМАНТОТ НА ТУРЦИЈА
    [​IMG]
    Кемер се наоѓа на турскиот медитерански брег, во шумската долина опкружена со планината Таурус…
    Ова е едно од најубавите летувалишта во оваа област, сместено недалеку од модерна Анталија…
    Бидејќи во текот на целата година во него преовладува блага медитеранска клима, во лето е прилично топло и суво, со просечна температура помеѓу 25 и 30 степени Целзиусови. Сепак жешките температури нема да Ви пречат бидејќи повремено дува ветер кој го освежува воздухот. Просечната температура на водата, во Лето е 26 степени Целзиусови. Исто така, во ова време цветаат цвеќињата во парковите, палмите, како и разните видови цитрус.
    Кемер, од едната страна е опкружен со чисто море, а од другата страна со прекрасни планини. Одмаралиштето е прекрасно, а песочните плажи се идеални за одмор што опушта или за истражување на природата, ако сте авантурист. Најпопуларни плажи се градската и плажата со ресторани, кафулиња и бродови.
    Водени спортови кои се на располагање се парасејлингот, виндсурфингот, нуркањето, скоковите во вода, скијањето на вода и слично.
    Кемер исто така има и неколку историски локалитети вклучувајќи ги остатоците од древниот град Фаселис, каде е откриена прочуената Хадријанова карпа. Нешто понатаму се и градовите Олимпос и Цирали. Одмаралиштето е познато и по паркот Јорук во кој се наоѓаат преубави шеталишта и дрвја. Ако почувствувате потреба да истражувате, посетете го и Camyuva или посетете ја Анталија за да го почувствувате вистинскиот „ градски шмек “.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  8. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    следната година идеме со 4FUN во Истанбул (wasntme)
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На 4FUN му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од преку 12 милиони жители. Босфор го сече градот на два дела и ги поврзува Мраморно Море на југ и Црното Море на север.

    [​IMG]Спојувајќи ги истокот и западот, Европа и Азија, Истанбул е град со богато културно наследство. Градот бил престолнина на Отоманската и Византиската империја и затоа тука ќе најдете микс од стара и модерна архитектура, стаклен облакодер кој се наоѓа веднаш до Византиска црква или пак пазар во сенка на голем трговски центар. Истанбул е место каде што се спојувале цивилизациите и континетите со векови.

    Иако Истанбул изгледа мирно оддалеку, внатрешната атмосфера е прекрасно хаотична. Откријте ги живите улици и преполните тезги на пазарите кои се карактеристика на овој град со векови. За време на вашето истражување на градот вкусете ги турските деликатеси како гирото. Кога сонцето ќе зајде Истанбул ќе Ви открие возбудлив ноќен живот. Овој град ги изненадува посетителите со своето брзо темпо, античкача историја и сегашната култура.

    Турската кујна

    Турската кујна може да се опише како микс на блиско источните, азиските и медитеранските вкусови. Најпопуларни јадења во Истанбул се ќебапите и мезињата. Јадењата се генерално тешки и изобилуваат со месо, грав, свеж зеленчук и ореви. Јогуртот е исто така главна компонента на многу турски јадења и обично може да се најде во комбинација со месо и пецива. Брзата храна, вклучувајќи го гирото кое е направено од јагнешко и пилешко месо, симитот и ѓеврекот се многу популарни меѓу локалното население и посетителите. Турското кафе ќе Ве одржи будни за време на разгледувањето на градот, а за десерт пробајте го турскиот локум.

    Широк спектар на локали за храна можат да се најдат во Истанбул. Од високо реномирани ресторани водени од страна на добро познатите готвачи до хаотични меани. Меаните се секогаш гласни и живи и претставуваат места каде што се пие алкохол и се мези. Пробајте ја турската ракија која се служи со ладна вода, односно кога ќе се измешаат ракијата и водата се добива мешавина со млечно бела боја наречена „aslan sütü“ (или лавовко млеко).

    Што да посетите во Истанбул:

    Црквата Света Софија

    Туристите доаѓаат масовно во Св. Софија поради нејзината архитектура, прекрасна внатрешнност и историско значење. Изградена помеѓу 532 и 537 година, оваа градба претставувала црква речиси илјада години. Таа потоа служела како џамија од 1453 до 1934 година, пред да стане секуларен музеј како што е денес.

    Света Софија се смета за симбол на византиската архитектура. Некои велат дека црквата е симбол на еклектичната историјата на Истанбул, со нејзините христијански мозаици заедно со брилијантната исламската калиграфија.

    Сината џамија

    Султанот Ахмед бил решен да изгради џамијата која ќе и конкура на блиската црква Света Софија и повеќето ќе се согласат дека тој ја оствари оваа задача, или барем бил блиску. Од почетокот на 1600 година, Сината џамија претставувала вистинска глетка, со серијата куполи и минариња. Тоа е исто така еден од најголемите туристички атракции во Истанбул.
    Запомнете дека тоа е активен верски објект, така што треба да бидете прикладно облечени.

    Истанбулскиот Археолошки музеј

    Археолошкиот музеј е масивна и фасцинантна палата, дом на повеќе од еден милион антиквитети. Отворен е во 1891 година и поделен во три одделни објекти каде што е сместен и Музејот на Стариот Исток. Музејот се наоѓа во близина на Топкапи Палатата.
    Посетете го саркофагот на Александар кој што е покриен со мотиви од животот на Александар Велики (иако неговото тело не се наоѓа внатре како што се мислеше на почетокот).

    Топкапи Сарај

    Сарајот Топкапи била дом на Отоманските султани од 1465 до 1856 и претставува најголема атракција во Истанбул. Овој сарај ќе ве воодушеви со својата прекрасна архитектура, преубави градини и импресивни поставки. Од 1924 годинина, набргу откако завршила Отоманската ера ова место е претворено во музеј.
    Популарни атракции претставуваат Собата за приеми, каде што султанот примал странски важни гости и поставката каде што можете да ја видите брадата на Мухамед.
    Сарајот Топкапи бил исто така седиште на харемот. Ќе имате можност да ги видите резиденциите на конкубините и евнусите кои живееле таму. За оние кои сакаат да го посетат потребно е да купат дополнителна карта.

    Големата чаршија

    Големата чаршија е еден од најголемите и најстарите затворени пазари во светот. Ги привлекува посетителите со своите илјадници продавници и со одличните продавачи. Таму ќе најдете од теписи и облека до уметнички предмети и табли за шах, но исто така може да се најдат ресторани, кафулиња па дури и џамии. И покрај големината и хаосот на пазарот, тука ќе ве изненади духот и ритамот на самиот пазар.

    Плоштадот Таксим

    Таксим е енергична и модерна населба која се наоѓа во европскиот дел на Истанбул. Големиот број ресторани и барови се главна атракција за посетителите, како и популарните хотели како Чејлан Интерконтинентал и Гранд Хајат Истанбул.

    Ортакој

    Ортакој е населба во Истанбул која во минатото претставувала село, одалечено на само неколку километри од градот. Ортакој е позната туристичка атракција по своите уметнички галерии, барови, ресторани и др. Во текот на денот, можете да ги истражувате тесните улички преполни со густо наредени тезги и продавници. Ортакој е центарот на ноќниот живот па очекувајте да платите поскапо за вкусната храна, пијалок и воодушевувачкиот поглед на Босфорот.

    Сулејмановиот Амам

    Сулејмановиот амам е стара турска бања која била изградена во 1557 од страна на турскиот архитект Мимар Синан и е дел од Сулејмановата џамија.

    Амамот е изграден од страна на султанот Сулејман, владетел на Отоманската империја помеѓу 1520 и 1566 година. Зградата е раскошно заоблена со мермер на ѕидовите. Амамот се состои од три дела: дел со ладна, млака и топла вода. Температурите во топлиот дел може да достигнат помеѓу 40 и 60 степени Целзиусови. Амамот се уште работи и денес и е наменет главно за туристи. Тоа е единствениот амам во Истанбул каде што мажите и жените се капат заедно. Машката послуга, наречена „телак“, се грижи за сите посетители во амамот.
     
  10. TIGERWOMAN31SK

    TIGERWOMAN31SK Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 јули 2012
    Мислења:
    822
    Допаѓања:
    699
    сакам да живеам у турција
     

Сподели: