1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Турски/индиски/Шпански-Тема само за хејтери.

Дискусија во форумот 'Серии и емисии' започната од МериСелест, 17 февруари 2013.

  1. Viktor k

    Viktor k Староседелец

    Зачленет на:
    4 мај 2012
    Мислења:
    818
    Допаѓања:
    535
    Не гледам и непланирам да гледам едноставно кога тие напаѓат јас ја напуштам просторијата , а моите кои гледат поим немат ни што гледале и јас им викам де бе ја по слушање можам да ви составам епизода и не е крај на свет може две недели да не гледате и пка да знаете до каде се.
     
  2. Solstice

    Solstice Nujabes

    Зачленет на:
    28 август 2012
    Мислења:
    1,413
    Допаѓања:
    1,536
    Мене Езел ми беше занимлива серија. Ајде сега удрете со чифтиња :D
    И овие Зет-Домазет од време на време ги погледнував,беа смешни,но не оној класичен хумор,туку од што беа глупи и дебилни беа хумористични ликовите и случките :)
    Све друго,Саваш,Менделекс и дружина се за да рекламираат гаќи и капути на Бит Пазар и во Шутка.
     
    На Badgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. warr

    warr Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    187
    Допаѓања:
    215
    Не, бидејќи немаме квалитетни режисери.
    Режисерите што ги имаме сите станале режисери со врски, кој е син на тој и тој, кој внук на тој и тој...
    Младите кои што имаат талент, не можат да успејат во оваа наша држава.

    А за идеи за снимање серии има многу. Пример можам да ти ги дадем романите од Горјан Петревски.
    Да имавме во државава квалитетен режисер кој би направил тинеџерски серии од романите Марта, Сама и/или Исти Очи, би ги вратиле гледачите пред ТВ екраните, а не овие срање од сапуници, кои само го трујат народов, кој не сваќа дека со таа гледаност, телевизииве само прават огромен профит.
     
    На Давор, alba и Arkantos им се допаѓа ова.
  4. mashkodete

    mashkodete Истакнат Член

    Зачленет на:
    11 февруари 2013
    Мислења:
    59
    Допаѓања:
    25
    да даде господ да црнкат серииве !
     
  5. Рушен

    Рушен Активен Член

    Зачленет на:
    22 октомври 2012
    Мислења:
    181
    Допаѓања:
    124
    Сите глумци нека цркнат али Рушен сеуште ќе живеее, тој ќе живеее во мене и во вашите срциња. (brokenheart)
     
    На goodgod му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Natenceto

    Natenceto Истакнат Член

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,029
    Допаѓања:
    1,193
    Не гледам турски а уште помалку шпански или индиски серии. Кога ќе погледнете во светот на историјата Македонија како да е под шпанско,турско и индиско влијание. Никој не мрднува од телевизорот додека се под тоа заразно ропство.
    Ме иритира кога на сител ќе има реклама ''Вечерва во долина на волците не пропуштајте Полат уапсен".
    Баш ми е галје, сенка од телевизорот уапсен. :facepalm2
     
  7. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Се сеќавате ли на бразилската Жаде?
    Беше сензација, беше со ужасни ефекти и катастрофа глумци, ама брате како се заразивме...
    Ја дадоа на мтв 1 Ун пасо аделанте, серија за тинејџери око да ти трепне, ама немаше 20000 епизоди туку имаше 6 сезони од по 13 епизоди, и одеше само во недела навечер, а нас на Македонците таквиот распоред не ни се допаѓа. Ние сакаме брате... да гледаме серии во кои секс сцените траат 20 минути, (и тоа само до моментот на соблекување на алиштата, ради што се успорени снимки, и се тоа).
    Упс, заборавив во Турските нема такви сцени, ама затоа во Аргентинските и Мексиканските имаше.
     
    На Badgirl, alba и violetmoon им се допаѓа ова.
  8. violetmoon

    violetmoon Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2,596
    Допаѓања:
    5,668
    Жаде не сум ја гледала,сигурно многу сум пропуштила.
    Јас се сеќавам кога ја даваа Касандра на времето,нели беше меѓу првите сапуници кои од тогаш активно почнаа да се емитуваат.
    Мислам дека нема некој кој не ја гледаше,па дури и сликичиња од мастики собирав од неа:D.
    Кога си го погледнав споменарот од 3то,4то одд видов дека Луис Давид ми бил симпатија(inlove).
    А за индискиве немам коментар:x.
    Само се нервирам веќе бре, од пон-пет по цела вечер серии...било турски,шпански,индиски....за викенд гледаш пак репризи по цел ден даваат:mad:,наместо да пуштат барем некое интересно филмче.
     
    На МиГ 21 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Жаде не си ја гледала? Пф, јас ја гледав ради ко ќе заиграше Бајли денс кој движења ги праше чоечеее.... :biggrin
    Касандра... јас се сеќавам една комшивка ја гледаше многу таа серија и еднаш дојде кај мама на кафе и и’ вика
    „Леле вчера го умреа момичето, го ставија под туш и со ладна вода, како издржа пустото“...
    скренаа жените во тоа време начисто.
     
    На Roxelana и violetmoon им се допаѓа ова.
  10. Succubus

    Succubus Истакнат Член

    Зачленет на:
    28 февруари 2012
    Мислења:
    562
    Допаѓања:
    835
    Абе ајде, ја сфаќам да гледат постари жени шо немат попаметна работа освен шпански/турски/индиски серии и кафе муабет со комшиките околу тие серии, ама МЛАДИТЕ?!
    Ја се сеќавам Касандра ја гледав и Жаде, и тоа краток период, само колку да видам шо е фрката со тие серии. После се обрнав на улицата и детските игри и сфанав дека е многу појако тоа. :D
    А иначе за брковите на малечката невеста, ја и брат ми се ќе дадевме да можевме да ја упуцаме онака чисто ради забава. И двајцата не' иритираше многу :D
     
    На parvati му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: