1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Треба ли религиозните предмети да се користат како посредници помеѓу луѓето и Бог?

Дискусија во форумот 'Религија' започната од balerina, 6 август 2014.

  1. balerina

    balerina Староседелец

    Зачленет на:
    1 април 2014
    Мислења:
    144
    Допаѓања:
    96
    Милиони луѓе им оддаваат почит на религиозни предмети затоа што веруваат дека на тој начин му служат на Бог.Но Обожавањето на религиозни предмети нема никаква поткрепа во Библијата.„Немој да си правиш режан лик, ниту што и да е друго што личи на она што е горе на небото, или долу на земјата, или во водите под земјата. Немој да им се клањаш, ниту да им служиш“ (2. Мојсеева 20:4, 5), „Бегајте од идолопоклонство!“ (1. Коринќаните 10:14) И што е многу битно за оваа тема, и Самиот Исус Кога ги поучил своите следбеници како да се молат, тој не им рекол притоа да користат религиозни предмети. Самиот концепт Бог да се обожава преку религиозни предмети го нема никаде во Христијанските грчки списи. ШТО мислите вие за овие изјави? Дали ваквиот став е исправен?

    Во врска со идолите, Библијата вели: „Уста имаат, но не зборуваат, очи имаат, но не гледаат, уши имаат, но не слушаат“. Потоа додава едно сериозно предупредување: „Оние што ги прават, ќе станат како нив“! (Псалм 115:4-8).
    Освен тоа, обожавањето идоли е неправда. Запрашај се: ‚Како би се чувствувал кога би му дал на моето дете еден скап подарок, а тоа да отиде и да му се заблагодари на некој сосема непознат човек или на некој мртов предмет?‘ Ова може да ти помогне да разбереш како се чувствува нашиот Творец и Дарител на животот кога благодарноста и почитувањето што му припаѓаат нему ги примаат други — вклучувајќи ги и безживотните идоли (Откровение 4:11).
    Исто така, размисли колку понижувачки е кога луѓето, кои се создадени според Божјиот лик, им оддаваат почит на мртви предмети! (1. Мојсеева 1:27). Во врска со таквите луѓе, пророкот Исаија напишал: „Му се клањаат на делото на човечки раце, на она што го направиле човечки прсти. Се понизува земниот човек, се понижува човекот. Тоа, едноставно, не можеш да им го простиш [Боже (Исаија 2:8, 9)
     
    #1 balerina, 6 август 2014
    Последна промена од модератор: 6 август 2014
  2. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,104
    Податоци од сајт за Јеховини Сведоци? WTF dude?
     
  3. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    За какви религиозни предмети поточно мислиш?Самите монаси,сестри,изработуваат разни предмети,од темјан со разни мириси,па разни икони,молитвеничиња,привезоци идр.Имам дома резбани икони за украс на домот,разни сувенири од разни свети места,но тоа се спомени.Какви идоли спомнуваш?
     
  4. balerina

    balerina Староседелец

    Зачленет на:
    1 април 2014
    Мислења:
    144
    Допаѓања:
    96
    па самиот збор идол или слика направен од човечки раце, нацртан некој лик и на нив се кланјаат.
     
  5. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Дали овде спаѓа и библијата зашто колку што јас знам луѓе ја пишувале?
     
  6. balerina

    balerina Староседелец

    Зачленет на:
    1 април 2014
    Мислења:
    144
    Допаѓања:
    96
    хмм па дали и на библијата се клањаат? :D
     
  7. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    Се поклонувам на некоја икона во црква,на некои мошти поставени,и тоа кога ке осетам од дното на мојата душа таква потреба,може и некоја скулптура на некој светец да ја погалам,но не гледам ништо лошо во тоа.А ти на што ненаправено од човечка рака се клањаш?!
     
  8. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Па што знам, има и погани умови што прават многу почудни работи. Нека тоа, муабетот е дека библијата е мртов предмет кој е создаден од луѓето ама сепак добива почит.
     
  9. balerina

    balerina Староседелец

    Зачленет на:
    1 април 2014
    Мислења:
    144
    Допаѓања:
    96
     
  10. balerina

    balerina Староседелец

    Зачленет на:
    1 април 2014
    Мислења:
    144
    Допаѓања:
    96
    Може ли Бог, кој „е дух“ да биде претставен со материјален лик? Не. Без оглед на тоа колку величествена може да биде некоја икона, таа никогаш не може да ја одрази славата на Бог. Затоа, една слика на Бог никогаш не може да биде верна претстава за него (Римјаните 1:22, 23 Дали едно лице би ‚обожавало во вистина‘ доколку му пристапува на Бог преку икона направена од некој човек?
    Божјиот закон забранувал правење ликови како предмети за обожавање. Втората од Десетте заповеди наредувала: „Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја. Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш“ (Излез 20:4, 5). Инспирираните Христијански списи исто така заповедале: „Бегајте од идолопоклонство“ (1. Коринќаните 10:14). Сепак, останува прашањето: ‚Дали Бог го одобрува користењето икони дури и за таканареченото индиректно почитување‘? Библијата никаде не ја овластува таа практика. Кога Израелците подигнале кип на теле, наводно за да му оддадат почит на Јехова, тој го изразил своето големо незадоволство, велејќи дека отпаднале!!!!!Користењето опипливи предмети во обожавањето е опасна практика. Лесно може да ги заведе луѓето да го обожаваат предметот наместо Бог кој наводно тој предмет го претставува. Со други зборови, иконата станува центар на идолопоклонство.
     

Сподели: