Треба да станам кучка за да некој ме засака?

Renata1

Нов член
26 февруари 2014
10
7
3
Помина тоа време кога те сакав, или барем мислев дека те сакам. После тебе сретнав многу и од тие многу еден ми се допадна, но секако тоа сум сепак јас со моите огромни грешки што ги правам и така беше и овој пат.Знаев уште на почетокот дека е грешка но си велев „Не ги пропуштај можностите поради стравот од последиците“ и единствено поради тоа и продолжив со тебе. На се има крај па така и тоа заврши, точно за денот на вљубените, која иронија наместо да си покажеме колку се сакаме, ние се разделивме. Зарем љубовта не треба да биде едноставна? Да си разменуваме чувства, прегратки, бакнежи, љубов. Не знам што е толку комплицирано во тоа, не можам да разберам.
Зарем треба да станам кучка за да некој ме засака и цени како што треба?Секој ден без никакви чувства да те погледнувам, да те бакнувам и да те прегрнувам? Тоа го сакаш?, но не размислуваш дека може да има големи последици.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Teresa and Anushka

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Да станеш "кучка" за да те сака значи да се спуштиш на ниво кое што на "него" му одговара, а со тоа автоматски дозволуваш да си прави што сака. Не ти требаат такви луѓе, а уште помалку па да се менуваш ради нив.
 

Female

Староседелец
18 јануари 2013
125
183
1,043
In your thoughts!
Не ти треба да стануваш кучка, биди само тоа што си, биди ти, а останатото е на него дали повторно ќе те засака и ќе сака да те врати назад.
Нема подобро нешто од природноста.
Со самото тоа што ќе останеш прибрана и своја, ќе го натера да се преиспитува тој каде згрешил, а не успеал да те смени и да направи од тебе нешто што не сакаш. :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А дали јас треба да станам куче за некој да ме засака?
th_template-philosoraptor.jpg


Не се секирај, тоа е само тинејџ полу-љубов, од луѓе имам слушано дека љубовта почнува со примањето на првата заедничка сметка за струја. Или завршува не ми текнува како беше точно...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Само треба да бидеш ти за да привлечеш и задржиш некого соодветен за тебе.
Сé друго било илузија, или можеби е моментална илузија на тој што пошол по т.н. кучка. Тоа времето и искуството покажува.
Зарем љубовта не треба да биде едноставна? Да си разменуваме чувства, прегратки, бакнежи, љубов. Не знам што е толку комплицирано во тоа, не можам да разберам.
Зарем треба да станам кучка за да некој ме засака и цени како што треба?Секој ден без никакви чувства да те погледнувам, да те бакнувам и да те прегрнувам? Тоа го сакаш?, но не размислуваш дека може да има големи последици.
Кога сме повредени, не перцепираме најправилно и другите ни се чинат ко ледени кралици...не дека нема такви, но некогаш може навистина се крие љубов зад она што ние избираме да го гледаме ко погледи и бакнежи без чувства. Некој може не знае како да ги покаже тие чувства.
Љубовта во принцип навистина е едноставна, но не може да ја даваме на секој што ја бара од нас, па затоа некој останува повреден.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
МЕ ПОВЛЕЧЕ СО МУАБЕТОВ, @Renata1 !
Никој нема да се преиспита каде згрешил. Некои луѓе се родиле како шупци и такви ќе цркнат! Тоа нешто е лајтмотив во борбата за опстанок.
Валентајн е само еден обичен незначаен ден за лигавење, фолирање колку некој се сака. Бакнежите, прегратките и подароците се само нежност/страст. Тоа не е љубов. Тоа може човек да го прави и со тинејџерка, со постара тетка, со билокаква...
За да биде љубов треба сите коцки да се сложат. Неможеш ти да направиш „да биде љубов“ помеѓу вас двајцата ако не е така дадено. Исто како што не ја носиш ти одлуката дали ќе бидеш кучка или не. Тоа е одлука што сам животот ти ја наметнува и не можиш против неа.
Пример ... рецимо... (кучка)... излегуваш в чаршија, се муваш безвезе без ронка совест... ден , два, три... Ако си вистинска кучка во душата тогаш по неколку дена ќе ти „здосади“ и ќе си бараш друг, но ако не си ќе се испозатрескаш и ќе бараш нешто повеќе со него. Не сум во право? Во кои се препозна? Претпоставувам во вторите.

Извини што ти навлегов вака аналитички во креативното расположение....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and SaraFighter

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
Не треба да си кучка, биди своја..ќе дојди човек што ќе те сака, таква каква што си без ништо да менува, ти ќе треба само да го препознаеш.
Не сме ние виновни што некој не не сакал, ниту пак друг има право да ни замери што не сме го сакале, љубовта не значи менување на личноста,
туку нејзино прифаќање.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Сите тука збориме на девојчево да не биде кучка, но сите сме го имале тој момент кога љубовта била невозвратена и сме сакале а и со тоа сме имале bitchy thoughts.
У глобала, ништо страшно и да постане. Така се расне у принцип. Треба да го осети лошото и доброто во тој момент. А во принцип за нејзина возраст и не е толку страшно. Период е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Violet, Selene and alba

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Зарем треба да станам кучка за да некој ме засака и цени како што треба?Секој ден без никакви чувства да те погледнувам, да те бакнувам и да те прегрнувам? Тоа го сакаш?, но не размислуваш дека може да има големи последици.


Кој ти кажа дека некој ги сака кучките? и зависи што подразбираш ти под тоа сакање...

Еве јас на пример ги сакам кучките, ама за што ги сакам и како ги сакам?
- ги сакам само заради мое задоволство, сексуално, за ништо повеќе, едноставно не ги вреднувам ни 2%. Верувам 90% од машките истото го знаат и мислат
(останатите 10% или се педери, или лигуши кој сега ке глумат по форуми или не знам каде дека не е така, дека за нив секоја жена е свето нешто, држ-не дај)
- тоа што некој "ке те сака и цени"(ако си кучка), сето тоа ке биде глума, одлична глума со холивудски перформанси, и така ке биде се додека не те соблече,облече,соблече неколку пати, додека не му привлече внимание некоја друга кучка... и после и таа друга кучка ке го јаде истиот филм...
Може од страна изгледа дека трчаат(трчаме), ги сакаат, ги шетаат... ама така и треба да изгледа, не заборавај на вродените холивудски перформанси што ги поседуваме и ги користиме за да го добиеме тоа што го сакаме од таа кучка.
Еднаш кучка, цел живот кучка... и кога ке решиш веќе да не бидеш кучка, минатото ке те гони и ке ти ја заебе иднината - верувај
Биди си девојка, дама, госпогица,домакинка, што и да е, само на место да е - верувај еден ден некој тоа ке го примети, и љубовта и трчањето по тебе ке бидат вистински со цело срце, без никаква маска и филмови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: gabi96 and Lena

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Пред да почнам со цитирање како и секогаш јас морам да прашам од најопштото, добро што е дефиниција за,,кучка"?

. Зарем љубовта не треба да биде едноставна? Да си разменуваме чувства, прегратки, бакнежи, љубов. Не знам што е толку комплицирано во тоа, не можам да разберам.
Зарем треба да станам кучка за да некој ме засака и цени како што треба? Секој ден без никакви чувства да те погледнувам, да те бакнувам и да те прегрнувам? Тоа го сакаш?, но не размислуваш дека може да има големи последици.

Пред се', извини што ти ги извадив речениците од контекст, ама едноставно тие беа оние што ме заинтригираа.
Како тоа љубовта е едноставна? Ако е едноставна зошто не наведува на пишување колумни, на пример? Кога сме кај разменување на чувства, нели имаме различни чувства? Како е можно нивната интерпретација, толкување, разбирање прифаќање/одбивање помеѓу две личности да е така, едноставно? Треба да престанеме со идеализирањето на поимот љубов, и реално да ја согледаме. Не може се што е убаво да се карактеризира како љубов. А каде се тука, разбирањето, подршката и останатите пропратни емоции и гестови? Зарем тие не се комплексен дел од тоа што треба да го наречеме со едно име љубов? Исто како што не можеме да карактеризираме што е кучка, бидејќи од горенаведеното добив повеќе дефиниции од некоја без чувства па се до сексуална играчка.

МЕ ПОВЛЕЧЕ СО МУАБЕТОВ, @Renata1 !
Никој нема да се преиспита каде згрешил. Некои луѓе се родиле како шупци и такви ќе цркнат! Тоа нешто е лајтмотив во борбата за опстанок.
..За да биде љубов треба сите коцки да се сложат. Неможеш ти да направиш „да биде љубов“ помеѓу вас двајцата ако не е така дадено. И.

Како тоа љубовта е нешто така дадено? Јас би кажала дека тоа е привлечност, затресканост или што и да е ама не е љубов во никој случај. Љубовта се прави и заработува. Не може (барем за мене, не) некој што физички или интелектуално страшно ме привлекува да е љубов.
Второ, дали навистина има потреба од тоа ,,Некои луѓе се родиле како шупци и такви ќе цркнат!"? Јас во горенапишаното ниту еднаш не прочитав дека дечкото на било каков лош начин ставил крај на нешто што претпоставувам дека било врска. Сите размислуваме различно, па од таму, сите различно ги доживуваме краевите на врските. Како што можам да пребродам од на нога како ништо да не било исто така можам со денови да плачам и кукам за истото што завршило одамна. На крај, сите имаме различни потреби и барања што не е исто со борба на опстанок што ја спомна ти. Едноставно не сме сите измеѓу комплементари, нешто што го сфаќаме токму од ваквите искуства. Па место да ја вреднуваме различноста и стекнатото искуство дали навистина треба да плукаме и да ги ,,цркнуваме" луѓето?.
Уште нешто, за да биде љубов дефинитивно НЕ треба сите коцки да се сложат. Тогаш се би се свело на едноличност а монотонија убива. Убавината ја прават токму несовршеноста и различноста.

А како одговор на самата тема мислам дека @crvenkapa го кажа на најдобар можен начин, па да не се повторувам.