Тргување со моралот

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Најпрво да го замислиме моралот како една сеопфатна дефиница која содржи стотици поими кои сте ги слушнале во животот повразни со совесното однесување во нашето општество. Подразберете манири, совест, свест за расудување меѓу добро и лошо, чинење добри или лоши работи, осуда од остатокот на луѓето, корист, слава, алчност...
Дали со нашето домашно воспитување за тоа што е позитивно а што негативно (под претпоставка дека сите родители добро му мислат на своето дете и го учат на позитивни работи) кое е продолжено преку процесот на образование, социјално окружување, поврзување со друштво од играње џамлии па се до колеги од работа, придонесуваме на "пазарот на морал" кога ќе излеземе од нашиот стан, и колку сме ние слаби да го загубиме во дадени ситуации? Каде се губи границата на свеста за моралот во ситуација кога идеме на работа (кога нели се однесуваме прибрано, професионално) и кога би се нашле во ситуација на слава од 30 минути (на пр.) во соба полна со проститутки и скап алкохол?
Што е тоа што го тера човекот во вториот пример лесно да си ги скрши своите животни принципи (доколку нели некој го направи тоа, секако има луѓе кои не би ни влегле во таква соба) и да се препушти на краткото задоволство каде ќе ги "излуфтира" своите сетила и дел од собраните фрустрации и комплекси?
Од кого човекот од примерот ќе биде осуден дека е неморален?
Дали тие што го судат нема некогаш да тргуваат со нивниот морал доколку се најдат во слична ситуација?
И конечно, дали воопшто тој човек треба да се карактеризира како трговец кој својот морал го продава за багателна цена?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
хахахахаах....дали во ова време има некој срам? повеќето ќе се продадат само за една чаша алкохол... има луѓе што ништо немаат видено од животот и јадат само г**на.и накрај тие пак ќе успеат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Моралот е во конфликт со човечките инстинкти и импулси. Она што го спречува човек да оди против своите инстинкти и импулси е совеста. Сите живееме во свет каде совеста е високо развиена кај луѓето и сите се сметаме за совесни.
Хахахаха апсурд, кога сите би биле совесни или морални или wte. тогаш не би постоел глад, болни (болести за кои има лекови, но сиромашките немат пари да си го купат), бездомници итн. Така да можеме да глуммиме лудило колку сакаме дека сме совесни, морални итн. кога всушност не сме.
И се додека постои еден трофеј за освојување, а огромна конкуренција(конкуренција која не ти дозволува да играш по правилата), човекот ќе се служи со какви ли не методи, ќе ги прегази сите правила(вклучително и моралот), зошто знае дека ако не го направи тој, некој друг сигурно ќе го направи тоа, за да го освои тој трофеј.
Моралот со неговите правила и прописи, е измислица од моќниците за да можат на елегантен начин да си ги штитат своите интереси, односно ја елиминира совесната конкуренција.
И како одговор на прашањето "Од кого човекот од примерот ќе биде осуден дека е неморален?" ќе биде осуден од љубомората на совесната конкуренција.