1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Тоше Проески

Дискусија во форумот 'Изведувачи' започната од Scars, 5 март 2012.

  1. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Е па јасно се знае изворна македонска музика како се свири,а он проба да експериментира нешто како овие Тавитијан,се знае кои се изворни македонски инструменти,и супер си ја ставила песната од Синтезис,баш и затоа му беше успешна дека музиката е со нив
     
  2. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Па сите се вртиме тука некаде околу одговорот ама кој има храброст да го каже јавно де,како што пишала melpomena во потписот без влакна на јазикот
     
  3. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Муабетот беше дали некој може подобро од него да ги испее старите македонски песни.Но сепак и за албумот божилак не се согласувам со тебе.Тие не се направени за да се слушаат како такви во секоја кафана и кафич па и радио за да бидат така популарни како другите негови песни,но тоа не значи дека по дома не си ги слушаме,ете барем јас си ги слушам а знам и доста познаници кои ми имаат кажано дека им се допага албумот како таков.
     
    На lady_blue му/ѝ се допаѓа ова.
  4. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Потписите на Мелпомена сум заприметила дека секогаш ги заприметуваш и потенцираш. :)
    Кога веке го испотенцира и во оваа тема,незнам со која цел но ете ме потикна да и овде напишам,мада мислам дека имам некаде низ форумот напишано лично мое видување за Тоше Проевски без влаакна на јазикот,а ова погоре беше конкретно за сегментот Тоше и неговите вокални способности за старогратските песни.
    Кога се појави Тоше на македонската сцена со неговите песни растев и јас.Неговите првични песни беа некако по наменети за нашите пубертетски години,или пак јас така ги доживувам.
    Сакав да го слушам како пее но не и како зборува.
    Зошто?
    Признавам,ми беше некако премногу детинаст,да не речам лигав па дури признавам дека ми звучеше лицемерен.
    Значи ова го мислам за неговите почетоци.Како резултат на тој мој впечаток доста време немав слушнато што кажува Тоше освен она што ке го испееше.А го видев по емисии го менував каналот.
    На негов концерт во Гевгелија,додека другарка ми во првиот ред ја држеше цела една песна дур ја пееше,за рака,јас неможев да ја разберам таа нејзина еуфорија по него.
    Откако загина,немаше емисија што не ја даваа по пет пати репризно и сите тие по пет пати ги гледав.
    Што заклучив?
    Дур сите тие 4-5 години не сум го гледала ни слушала како зборува,Тоше се променил.
    Зошто ми се виде променет?
    Па Тоше беше дете,тој пораснал,созреал.Но кај ми биле ушите,очите и желбата да го приметам тоа.
    Никаде по телевизија немаше негово истакнување колку тој им помагал на лугето.
    Сега се сетив,во темата за Калиопи имам нешто напишано околу ова.Додека сличните како персоната што ја спомнав пред малку,ронат солзи при секое нивно појавување на тв од наводно што се многу емоционални и загрижени за болните и сиромашните за кои насекаде се фалат ако им помогнат.
    Слободно ке напишам но со тешко срце,во минато време,дека Тоше бил(но за мене и ке остане) олицетворение за Човек и Човечност.
    Арам да ми е што требаше да загине за јас да го увидам тоа.
    А за неговите вокални способности е сувишно да пишувам,ете и покрај тоа што сите знаеме,сепак ке закачам уште еден мој омилен линк од него.
     
    На 4FUN и Aristokrat им се допаѓа ова.
  5. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Последниот албум му е напишан под поинакви околности и мило ми е дека баш од него си ставила песна.
    Кога дошол Огнен Неделковски да му понуди песна за неговиот следен албум Тоше го одби со муабет дека сака албум каде што ќе нема песни со лесен ритам туку сака нешто посериозно па мислам дека Весна Малинова имаше повеќе песни потпишано и некои автори од надвор.
     
  6. Mystique

    Mystique Староседелец

    Зачленет на:
    18 јуни 2012
    Мислења:
    753
    Допаѓања:
    1,411
    Те сакаме, Ни недостигаш, Не боли, и ќе боли засекогаш таа празнина. Ти беше синергијата која не држеше нас, најразличнјите луѓе заедно. Порано со тебе заедно сите пеевме и не мислевме на политики, на религии, на никакви припадности освен н
    а ареата која не спојуваше преку твојот невин и искрен глас. Сега? Сега сме за жал пак 10 чекори наназад, се исвиркуваме, се навредуваме и не се почитуваме. Ти беше посебен а ние сме обични, ние потфрливме, не ја научивме твојата мисија тука меѓу нас, но почекај, не престанувај да гледаш надолу накај нас, се уште има надеж, се уште имаме шанса да бидеме подобри, да бидеме еден дел од она што беше ТИ.
     
  7. Ryze

    Ryze Истакнат Член

    Зачленет на:
    13 октомври 2012
    Мислења:
    39
    Допаѓања:
    20
    СДП
    Зошто сеуште глумите околу Тодорчо кога сите велевте за него дека е Дорчо Дрдорчо?
    Дали балканскиот менталитет ве тера на таа лоша особина?
    Сите меѓусебно знаеме дека за Тоше никој не го болеше с:cenzuraт додека не загина. Дека македонската естрада го избегнуваше и не го ценеше, исто и како 95% од македонската популација. За тоше можам да исцитирам многу лоши и навредливи зборови од многу телевизиски интервјуа. А што го фалите сега кога не треба? Дали приметивте колку повеке им значеше на Ср'бите одколку на Македонците така наречениот Наш Тоше? Има многу докази и аргументи кои докажуваат дека темава ви е празни лицемерни муабети. Но сепак убаво е кога ке се покажете и во таа "DIMENSION". НЕМОЈТЕ БРЕ ЛУЃЕ! МИСЛАМ СЕ РАЗБИРАМЕ НЕЛИ?
     
  8. Succubus

    Succubus Истакнат Член

    Зачленет на:
    28 февруари 2012
    Мислења:
    562
    Допаѓања:
    835
    Ej, немој така да збореш за Тошета, и мене ми недостига, секоја вечер заспивав со неговите песни..
    Твоја работа е да збореш колку шо сакаш, ама моја работа е да ти кажам да не се мешаш у тоа ја шо слушам, нели?!
     
    На 4FUN му/ѝ се допаѓа ова.
  9. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Не е лошо кога ја потенцираш целосно темава прво да ја препрочиташ.
    и уште една работа,кој 95 % од македонската популација не го сакале,ке те побијам ли во ова што го тврдиш ако ти закачам линк од негов концерт во Македонија?
    кога веке сакаш другите да не претеруваат имај граници и ти :)
     
    На 4FUN, Oleri и slb_bobo им се допаѓа ова.
  10. Mystique

    Mystique Староседелец

    Зачленет на:
    18 јуни 2012
    Мислења:
    753
    Допаѓања:
    1,411
    Не мислиш ли дека многу луѓе на сопствена кожа научија што значи изреката „ не знаеш што си имал се додека не го изгубиш тоа нешто“ ? На некои им беше идол, некои му ги сакаа само песните, некои го сакаа поради насмевката, некои и можеби не го сакале , но 95% од сите тие сега знаат дека сме изгубиле човек кој не спојуваше преку најмирољубивиот начин на светов, преку песна.
    п.с. само колку за пример.... не иди далеку...дома се караш некогаш со мајка/татко/брат/сестра/баба/дедо? Се случило сигурно. Си им рекол некогаш во афект погрден збор што не го мислиш ни најмалку ама ете у моментот ти се испуштил. Значи тоа дека не ги сакаш?Значи ли тоа Дека утре(некогаш во далечна иднина) кога ќе ги нема, ти нема да смееш да ги жалиш, плачеш, да се сеќаваш на нив и да ти недостигаат? Луѓе сме бе, правиме грешки со устата, јас би рекла полека со срцето и душата.
    Не се мешај во она како луѓето сакаат да одадат почит на еден Великан како Тоше. А за ова што го пишуваш баш на овој ден.. со цела почит ама тебе нека ти биде срам. Не знам колку ги знаеш членовите од форумов за да ги категоризираш во лицемерни и од каде тоа право така да се обратиш.
     
    На WomanInRed, 4FUN, JaMi и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели: