Топ 10 гитаристи на сите времиња

Thrashbt

Староседелец
6 октомври 2012
233
86
1,038
30
Битола
Rory Gallagher - Ко го прашаја Хендрикс на едно интервју какво е чувството да се биде најдобриот гитарист Хендрикс одговори: Не знам, за то прашајте го Рори Галагер. Гитарист кој внесваше мноогу емоција. Кој не го знај, а сака квалитетен блуз/рокенрол нека го слушни.

Mark Knopfler - Еден од омилените уште од детството. Прв контакт со Марк Нофлер беше негде 3 - то одделение и од тогаш ми е еден од омилените. Дали било Дајр Стрејтс или Нофлер како самостоен артист, човекот нема промаш.

Alex Skolnick - Гитаристот на Testament. Покрај Тестамент има и соло проект насловен како Alex Skolnick Trio каде со овај проект свири џез. Страва од гитарист. Чујте си !
 

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Сите погоре споменатите се легенди на електричната гитара со свој оригинален стил. И затоа е невозможно да се каже кој од нив е најголемиот виртуоз.
Сепак според мојот вкус би издвоил двајца, пред се поради оригиналниот стил едниот е Хендрикс а вториот Ингви.
Секако нашиот Влатко Стефановски-Патак ми стои посебно како гордост во срце.
По нив се појавија и други можеби и повични од нив но споменативе беа први.

Би го додал и овој на темава иако е нај тазе мајстор на рок-блузот. Нека им праи друштво на сите, затоа што е респектиран помеѓу своите колеги.