1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Толкување на сонови

Дискусија во форумот 'Спиење и сонови' започната од Реми, 2 март 2012.

  1. Реми

    Реми Староседелец

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    542
    Допаѓања:
    957
    Темава е наменета за пишување сонови и нивно толкување.
    Јас сакам да прашам дали знаете што значи ако сонуваш туѓа свадба, крадење пари на истата (јас ги украдов), наоѓање пари на земја (1000ка мислам беше) и сонот заврши со претепување на фотографот од свадбата од страна на група луѓе кои му украдоа исто пари, пред мои очи. (Рекет)
     
    На MATEJA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    пари се зборови-оговарање
    а за свадба во споновник пишува:
    ако играте на свадба -чувајте се од спротивниот пол,ако присуствувате на свадба -брак (доколку не сте мажени)(за оние во брак -задоволство со децата)
     
  3. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Смирена вода - среќа
    Разбранета - грижа
    Паѓање на заби во сон - смрт на некој близок
    Летање - успех
    Летање па пад - пирова победа.
     
    На gabi96 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Boyka

    Boyka Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    255
    Допаѓања:
    737
    сонував како ми ја украле колата :(
    знае некој шо треба да значи ?
     
  5. Caci

    Caci Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    872
    Допаѓања:
    1,102
    Некој незаслужено ќе добие пофалби и ќе напредува користејќи ги вашите постигнувања.

    Еве што значи :biggrin
     
    На Boyka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Јас никогаш не гледам по соновник, повеќе семиотички размислувам. А и многу работи се во прашање, на пример, на чива свадба си била присутна, како се почувствува (ако се сеќаваш) кога го украде парите и кога го гледаше крадењето од другите и кога пронајде 1000ка, каде пронајде 1000ка... Во принцип, на што те асоцира поврзано со твојата сегашност. :)
     
  7. Реми

    Реми Староседелец

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    542
    Допаѓања:
    957
    Профи крадев. :)
    Инаку сериозно, бев кај втора братучетка на свадба која во реалност е веќе разведена.
    Пари украдов додека вадев од туѓа чанта (имало некаков адет кај невестата дома), давајќи ги на непозната баба, која била гостин и дел од фамилија, само што таква не постои во реалноста.
    Ги бутав под ракав да паѓаат накај лакт, а другите ги подавав и знам дека ме примети.
    На прослава не бев, зошто почуствував срам и продолжив накај кола да си одам. По пат до кола на земја најдов 1000ка и бев среќна, истовремено и збунета, како "воопшто не сум заслужила, а сепак сум наградена".
    Памтам дека зад мене одеа двајца фотографи кои претходно сликаа. На улица пред кола се свртев и видов дека еден од нив ограбуваат земајќи му ја исплатата од свадба.

    Еве соновникот што вели:

    Баба - Грижа и лутина.
    Баба во женско друштво - Чувај се од женски соседи.

    Крадец - Љубовна авантура.
    Извршување на кражба - Кавга со сакано лице (вчера се карав). :)

    Наоѓање пари - Среќа, новост.
    Ако броите пари - Добивка.
    Многу пари - Неочекувана добивка.

    Да почнам да играм лото, бинго? :)
     
  8. Реми

    Реми Староседелец

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    542
    Допаѓања:
    957
    Кражба - Ако ви украдат нешто - Ќе изгубите драг пријател.
     
  9. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Баш ме замисли. :unsure
    Свадбата јас ја поврзувам со кражбата со разводот на твојата братучетка, бидејќи свадбата е убава весела прослава за поврзување и љубовта на две личнисти, па верувам дека доколку во реалност се би било во ред, би сонувала нешто позитивно поврзано со таа свадба, а кражбата може да се опише како "ограбување" од љубовта и среќата на таа личност, се разбира, доколку не мислиш дека праведен е тој развод. Цел сон ти се врти околу пари, би рекла, можеби имаш некаков финансиски притисок во реалниот живот, обично тоа што ни е на ум најмногу, се манифестира некако во сонот, а најчесто се нагласува, како кај тебе три поврзани ситуации со пари. Исто така, дали можеби си направила нешто неодамна, нешто за кое си сфатила дека било неправедно од твоја страна, а си била потоа наградена за тоа? Не мора да е поврзано со пари, тебе на тој начин ти се манифестирало во сонот, а можеби истото си го видела како други го прават, бидејќи неправедно било што на тој му ја украле целата плата, за која работел.
    Најверојатно тресам зелени, но на тој начин јас размислувам за соновите, а лично најдобро би си знаел што е што. :)
     
    На Реми му/ѝ се допаѓа ова.
  10. She

    She Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    301
    Допаѓања:
    568
    Сонувам ептен забегувани сонови а најчисто на што се сеќавам, веќе неколку пати, 4-5 пати може, се мајка ми и татко ми. Или нешто ќе ми зборуваат, или ќе се караме, или ќе се смеат. Последнава недела немав сон а да не биде со нив, хм. :unsure
     

Сподели: