1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Ти реков - Ми рече ... низ стихови

Дискусија во форумот 'Поезија и проза' започната од lady_blue, 5 март 2012.

  1. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    Бидејќи засега Кафе муабети и Играчница убедливо водат според бројот на оставени мислења, еве една идеја за нивно малку поинакво „искористување“.
    Сфатете го како игра, или уште подобро сфатете го како предизвик.
    Значи она што би го напишале со една или две реченици во Сакам да кажам/прашам, Специјален поздрав, Што носев денес, Што би му кажале на членот над вас, итн, итн, направете го тука, преку неколку стиха.
    Со два збора - Бидете креативни :)
     
  2. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396
    Ти не си пчелка ниту пиле,
    ти не си Стојна ниту Лиле,
    ти си жена за у добру и злу
    ти си мојата поетеса lady_blue

    Розите се црвени,
    синоличките сини
    ти си печена за модератор
    мене се ко така да ми се чини.

    Со тебе би дремела во лаф-муабет сеанса,
    на форумов си мојата поетска ренесанса,
    со тебе би ручкала батаче со ориз,
    ете така да си знаеш, љуби те твоја Дорис

    :giggle
     
    На Kiril, Sara, Kitty и уште 7 други им се допаѓа ова.
  3. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    Ме гледа и се чуди:
    -Што се смееш мамо?
    -Чек, мама е на форум,
    биди тивка, млада дамо.

    -А што смешно таму има?
    Дај и јас да видам!
    -Еве тешки маки мачам
    да смислам добра рима.

    - True_Blood, lady_blue?
    Шо чудни имиња ќе беa?
    -Секунда само, леле воздух немам
    нели гледаш, се газам од смеа.
    :rofl
     
    На Kiril, Sara, Kitty и уште 3 други им се допаѓа ова.
  4. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    се` почесто го губам здивот,
    тешко, претешко ме притиска,
    тука, внатре
    овде, кај градите,

    се` повеќе сум жедна
    и одвај успевам
    жедта да ја изгаснам

    се` почесто, се` потешко
    морам, стварно морам

    да ги откажам цигарите :D
     
    На Kiril, 048 и Dea им се допаѓа ова.
  5. Dea

    Dea Активен Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    156
    Допаѓања:
    196
    Добри рими вадите и двете
    па и јас неколку стихови да направам ете
    lady_blue активна си ти
    и правиш добри теми!

    Обично со римите добро ми оди
    ама нешто денес не сум добра,
    јас сум болна :(

    Еве некако скроив песна,
    но воопшто не беше лесна.

    :mstickle
     
    На Kiril, True_Blood, She и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. She

    She Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    301
    Допаѓања:
    568
    Форумов го читам заради вас,
    вие сте негов спас!
    Вашите постови ми се вистинска катарза,
    па ф орумов изгледа ми стана зараза :sreken


    Растењето не го може секој,
    освен физички на друг начин не може да расте некој.
    Па ајде да јадеме љубовна сарма
    и да веруваме во карма!
    Зашто кругот е створен за да се врти.
     
    На BlackTulip, Kiril, Реми и уште 3 други им се допаѓа ова.
  7. LadyInPink

    LadyInPink Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,239
    Допаѓања:
    1,758
    Грлото од рано наутро ме гребе,
    Цезар ко некое маче преде.
    На школо дремам,
    ко мака да немам,
    ништо не знам,
    сакам да исчезнам!
    Хемија тест утре правам,
    о главо, од кој ѕид да те мавам?
    Наместо македонски писмена да напишам,
    јас во Ти реков ми рече, сакам уште еден пост да запишам!
     
    На Kiril, Dea, True_Blood и уште 1 член му се допаѓа ова.
  8. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    тугооо женееееее
    сс овија риме
    исцеписте ме и мене
    ск овој што читам
    у ваши текстови скитам
    дали устфари знам ја да римују
    сакам вас да ве питам ?
    хахахах лелеее
     
    На Anakin, Kiril, Dea и уште 4 други им се допаѓа ова.
  9. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396
    Луда глава бесна,
    се смилува дедо Боже на форумов ни плесна,
    сака да се дружи со профилите на сите по ред,
    се понаша ко забаваче а има лета 25 :giggle

    Кај и да е, можеби во касна пролет,
    да ја ќари Mila Kunis зема залет,
    parvati е мојот најлат лик од оваа форумџиска доба,
    биди умен, не брчете со Мила туку изнајмете соба :rofl
     
    На Kiril, Dea, lady_blue и уште 2 други им се допаѓа ова.
  10. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    ја и мила сме си друарчиња мали,
    иако признавам парвати на неа малце се пали
    соба ке изнајмиме ама не сега
    кај и да е од љубоф не се бега
    : ) или мое афтономно смајли Ч )
     
    На BlackTulip, Kiril, True_Blood и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели: