Типови на луѓе на плажа

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Сега сите одиме на езеро, море и сл. Напишете каков вид на луѓе ве нервираат на плажа. Не знам дали некого тоа иритира но ја спаѓам во Припадник на дрштвото.
Еве неколку типови на луѓе на плажа:

1. Припадник на друштвото. Овој тип ретко се одвојува од групата со која е дојден на плажа. Главната поента на неговиот одмор е да шмека девојки. Целото негово друштво е во потрага по внимание – галами, прави глупости на плажа, фрла по грешка со топката до девојката, дофрлаат...
2. Припадничка на друштвото. Освен момци има и вакви девојки кои си се држат исклучиво до своето друштво. Женската група е препознатлива по своите споени лежалки или пешкири еден до друг, окружени со куп „помагала“ за на плажа – женски списанија, креми за сончање, огледала, четки за коса, сјај за усни, шишенца вода. Тие по цел ден се кикотат оговарајќи ги луѓето околу себе. Глумат незаинтересирани, но тајно под наочарите за сонце го посматраат машкото друштво до нив
3. Осамен чудак. Тој е тивок и таинствен. Често седи со маица на плажа за да не изгори. Носи пераи, маска за нуркање и куп непотребна опрема која не ја користи. Шета низ плажата, собира школки, медитира на највисоката карпа во морето. Не шири познанства наоколу и ужива во самотијата.
4. Спортист. За на плажа е опремен со куп спортски реквизити – од топка до рекети и нема да се откаже од својата намера да игра се додека не ги наговори сите свои пријатели. Ова хиперактивно дете најчесто ќе ви го преврти душекот додека лежите на сред море или ќе ве погоди по глава со топка. Пред да игра одбојка се мачка со еден тон масло и сија од километар, а милува да носи тесни шорцеви кои му го истакнуваат вежбаното тело.
5. Дежурен ди-џеј. Најчесто е член од машкото друштво кој има паметен телефон и снимено еден куп музика која ја менува цел ден, а ја слушаат сите посетители на 500 метри околу него. Кога ќе му снема батерија оди и носи звучници со Mp3 плеер и продолжува со исто темпо. Без разлика што неговата музика се меша со уште 3 различни од околните кафулиња.
6. Љубители на сонцето. Лесно се препознатливи по силно изразениот темен тен или евентуално изгореници. Маслото и кремите се единствениот реквизит кој го носат со себе на плажа. Се печат по цел ден и единствено влегуваат да се избањаат на кратко за да се оладат. Чадор за сонце е непознат поим.
7. Старецот и морето и неговата жена. Пензионери кои нема да ве вознемируваат ако сте отпорни на постојани муабети за времето, актуелните политички проблеми, оговарање на роднините, пријателите или комшиите. Често се гласни заради слабиот слух, а задолжително ќе ви дадат од нивните праски и лубеница. На плажа се од 8 часот наутро до 10 па попладне после 19 часот.
8. Упорен фраер. Ова најчесто е локален мангуп кој сака да ја шармира целата плажа. Неговите упади, вицеви, приказни невозможно е да не ги чуете. Се пушта на се што ќе му наиде на патот и мисли дека е главен кога ќе наиде на туристки кои не го разбираат неговиот јазик. Што е најтрагично, има многу девојки кои паѓаат на овој локалец.
9. Големо семејство. Изгледаат како да излегле од некоја серија. На прв поглед мирни и среќни, но кога ќе дојдат и бабата, дедото, тетката, стрината, братучедите...не им се фаќа крај. Кој пие, кој плаќа, кој трча по деца... ако имате среќа ќе си отидат дома за ручек – ако не, пакувајте се и менувајте место на плажа.
 
Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
јас сум ваков 1. Припадник на друштвото. Овој тип ретко се одвојува од групата со која е дојден на плажа. Главната поента на неговиот одмор е да шмека девојки. Целото негово друштво е во потрага по внимание – галами, прави глупости на плажа, фрла по грешка со топката до девојката, дофрлаат...
иначе шознам ме нервират некој занеси шо се прат кој сум јас !! :p
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hkakashi

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
И има уште еден тип. Кечап и мајонез луѓе. Кога ќе се распостелат во грчка со тоа лепчињата и мачканиците да ти се одмили бањањето.
 
Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
И има уште еден тип. Кечап и мајонез луѓе. Кога ќе се распостелат во грчка со тоа лепчињата и мачканиците да ти се одмили бањањето.

Еднаш кога без на базент имаше такви, понеле мал фрижидер, вода, пиво внатре. Извадија леб, паштети, како да ќе бидат на базенот 1 недела :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
6. Љубители на сонцето. Лесно се препознатливи по силно изразениот темен тен или евентуално изгореници. Маслото и кремите се единствениот реквизит кој го носат со себе на плажа. Се печат по цел ден и единствено влегуваат да се избањаат на кратко за да се оладат. Чадор за сонце е непознат поим.

Јас сум ваков тип :)
 
Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Не се баш реални примериве.

Сепак - припрадниците на друштвото, барем според горните описи, се најчесто тие кои најмногу ги нервираат луѓето (или барем мене). Незрели, постојано гласни, немаат почит кон другите, се декларираат како кралеви и кралици на плажата и главна цел им е да привлечат внимание.

Има тип на луѓе кои одат на плажа со неколку пријатели и пријателки, фрлаат фризби, играат со топка, играат карти, се бањаат, се зезаат и се смеат. Не се премногу гласни, знаат како да се забавуваат без да се глупираат. Ако некој од нив сака да се бања - се бања, ако некој сака да чита - чита, ако дамите (или некој од момците) сакаат да се сунчаат - тоа го прават. Идеално друштво според мене. Тука се сместувам јас.

Инаку мислам дека немам видено ни еден од горенаведените типови на луѓе. Не знам на какви плажи одат и каде може да се најдат овие луѓе, ама кај и да се - јас таму не сакам да сум.
 
Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
И мене ме нема,јас се пронајдов кај Coelho:sreken
Има тип на луѓе кои одат на плажа со неколку пријатели и пријателки, фрлаат фризби, играат со топка, играат карти, се бањаат, се зезаат и се смеат. Не се премногу гласни, знаат како да се забавуваат без да се глупираат. Ако некој од нив сака да се бања - се бања, ако некој сака да чита - чита, ако дамите (или некој од момците) сакаат да се сунчаат - тоа го прават. Идеално друштво според мене. Тука се сместувам јас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Coelho and Martin_MKD

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
мене ме нема на списАкО (wasntme)
Значи ти си таа со паштетата? (worried)
Некои тоа го нарекуваат сиромаштија,а некој,се што лета се јаде.

Еве сум ја.:showoff