Тинејџери-родители

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Барав ваква тема но не успеав да пронајдам.

Девојчето често паѓало во несвест и се чувствувала лошо. Ја однеле во болница и таму се породила. Од прво докторите не ни забележале дека е трудна.

12 – годишна ученичка во петокот родила здраво момче во југозападна Британија. Нејзиното семејство е во шок затоа што никој не забележал дека е трудна. Подоцна се испоставило дека девојчето имала сексуален однос со некој пријател од училиштето и тоа само еднаш. Ја донеле во болница затоа што се жалела на болки во стомакот и била депресивна. Ни девојчето не знаело дека е бремена.

“Често се онесвестуваше, и се чувствуваше лошо. Ја однесовме во болница и таму се породи. Од почетокот докторите не ни забележаа дека е трудна. Го познаваме семејството на момчето, и не ги обвинуваме за тоа што се случило. Колку што ние знаеме, тие не се момче и девојка.“- изјавил пријател на семејството на девојчето.

Најмладата мајка во историјата на Британија се породила во 1996 година, крај Единбург, со само 11 години и десет месеци.

Статијава е превземана од интернет страница.

Прашање до вас младите на форумот а и родителите...

Што ке превземете доколку вашата керка остане бремена на млади години...
Или пак вие дами од форумот?Би имале 15 години и дознавате дека сте бремена.
Или пак за мажите...Што би направиле доколку дознаете дека ке ве викаат тато за неколку месеци?

И општо,што мислите за оваа појава кај младите кои за жал се се почести? :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Believe

Believe

Активен Член
30 јануари 2013
108
141
43
Чим некоја девојка веќе е трудна на 15 год. автомаски таа за мене е девојка со подпросечна интелигенција бидејќи ако била паметна немало да има сексуален однос со некој кој ќе ја е*е и ќе ја напумпа и после која ја *б* ... а друга работа колку треба да бидеш забеган да имаш однос со некоја девојка и да и направиш дете? ипак пак на крај се работи за памет колку имаш и од дома колку те воспитале ...
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Шта би ако би....
Интересно размислување. Некој можеби ќе се сврти кон опцијата абортус. Јас го сфаќам абортусот како решение единствено кога ќе сум на питачки стап, без никаков прилив и најбитно од се` ако биолошки не би иницирало некој тежок проблем кај родилката. Во сите други сценарија ќе ја оставам работата да тече во текот.
Во улога на 15 годишен татко не се гледам поради тоа што веќе далеку ги оставив тие години, и реално знам дека е невозможно да го прехранам семејството, ерго сто посто сум сигурен дека поголема улога на родител би играле моите родители. Патем 15 години сеуште личноста не е целосно оформена како биолошки така и општествено.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МериСелест

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Шта би ако би....
Интересно размислување. Некој можеби ќе се сврти кон опцијата абортус. Јас го сфаќам абортусот како решение единствено кога ќе сум на питачки стап, без никаков прилив и најбитно од се`

Во една тема мислам дека имав зборено за Абортусот како решение,но не е од проста причина што може да доведе последици нкај младата...да не може да има деца подоцна,или пак да почине :)
Јас сметам дека треба да се превзеде одговорноста кoга веке клефтале бебе... лесно е да го направиш нели? :)
Требало да се мисли на време...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Во една тема мислам дека имав зборено за Абортусот како решение,но не е од проста причина што може да доведе последици нкај младата...да не може да има деца подоцна,или пак да почине :)
Јас сметам дека треба да се превзеде одговорноста кoга веке клефтале бебе... лесно е да го направиш нели? :)
Требало да се мисли на време...
Е па тоа и викам - лесно е да се мисли на 15 години - што не значи дека лесно ќе биде понатаму да се мисли. Оформеноста како личност е сведена на сеуште незрело ниво
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МериСелест

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Доколку ќерката остане бремена на 15ина години, тогаш родителот треба да ја превземе одговорноста. Родителот е виновен бидејќи не ја воспитал доволно добро и не ја поднаучил барем на основните проблеми и прашања на таа тематика. Виновно е и образованието, особено кај нас бидејќи нема апсолутно никакво сексуално образование, односно предавање. Секако не целосно, самата персона е најмногу виновна. Но, има премногу фактори што влијаат. Во секој случај, треба да се сноси последицата и да се оди до крај.

Еднаш другарка ми кажа што и пренела нејзина другарка од Шведска: на 12/13 години прво имаат секс, па се бакнуваат (нашки кажано, се муваат), па се фаќаат. Уште полошо е во Германија. А мислам дека западна Европа почнува да влијае и во нашава држава, за жал. Очајно треба да се подобри сексуалното образование и треба да се воведе предмет, почнувајќи од 7мо/8мо одделение.
 
Браво...Супер напишано...Но мене ме загрижува дека може да се случи родителот да не превзеде одговорност.
Знам случај кај што едно девојче остана бремена а мајката на најлош начин ја натера да абортира.
Родителот како што напомена ти е должен да го посоветува својаат керка за да не избрзува кога се работи за сексуалните односи :)
A и со сексуалното образование младита пак можаат да забегат...
Во училиштата нема но на систематските прегледи се зборува за тој проблем што пак... младите си продолжуваат со тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Значи не можеш да обвинуваш 15 годишно девојче и момче зошто не мислеле кога правеле бебе...па како да мислат и што да мислат кога сето тоа што го прават им е прв пат...појма немаат ни што прават ни како може да заврши...значи тие се деца (зашто јас на тие години уште играв пред зграда зато ги нарекувам деца)...е овие деца не играат пред зграда на тие години и растат во сосема поинакви услови и згора на тоа ги труе околината и ете пробале и направиле беља...јбг...е тука треба да застанат родителите и да ги превземат обврските кон своето дете како и за Х други работи (пр.скршила џам на комшиите и оди тато му купува нов ) ака и за ова....а за аборус никако не сум освен ако има индикации за некои малформации на плодот или и е загрозен животот на жената...инаку ни под точка разно...
 
Ама нели можат да се едуцираат малку.Да помислат на последиците,да се обратат кај родителите...Што е толку тешко овде не знам да се воспостави близок однос со родителот за тоа прашање?Нели научиле од други грешки дека се што лета не се јаде?
Зошто не се посети гинеколог,или не се слушаат предавањата на часовите?Или на систематски преглед?
Барем тоа може да се стори ако ништо друго... не е тешко.
Ти си играла на улиците и јас ама денешниве тинејџери се уште не виделе ништо од живот па праваат деца.
Дали сакаш да ти кажам еден пример кога добив одговор од 15 годишно девојче кога ја прашав зошто останала бремена знаејки дека можела да се заштити?
-Јас само така можам да го задржам мојот партнер.
Еј?Значи сепак има некои свесно кои го праваат тоа кои имаат цел...
Сега наместо да се намали таа појава и верувам дека некои се веке запознаени со последиците на таа возраст упорно го праваат тоа...Дали и тука не треба да се обвинат?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Знаеш како...јас по природа не сакам никому да му судам и да го обвинувам...ама факт е дека има деца кои не се едуцираат и се од социјално загрозени семејства каде нема кој да ги поучи и најчесто тие се тие кои мали раѓаат деца (како што се кај нас ромките...се мажат на 14 раѓаат на 15) ...ама оние да речам деца од интелектуалци се отруени од она што им го сервира средината...филмови, серии, интернет, нивниот начин на живот и затоа така прават...а уствари за каков партнер зборува 15 годишно девојче..мислам партнер бее...да не звучам како некоја престарена бабетина, ама жал ми е што денешниве млади пребрзо го живеат животот, во смисол пробуваат и прават работи што не се или не биле некогаш, денес можеби се, својствени за нивни години...