Тешки за сакање

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
images (2).jpg

Тешка за сакање

„Јас сум тешка за тешките и лесна за лесните“, често знаеше да се опише оваа девојка. И навистина кон луѓето блиски до нејзиното срце беше и мила и фина и искрена, за разлика од оние кои со првиот поглед не ја мамеа нејзината симпатија, па ги третираше дистанцирано и рамнодушно.
Баш беше тешка за тешките, за оние кои не ја ценеа, за кои чувствуваше дека сакаат да ја повредат или едноставно не и се допаѓаа како личности.
ЗА ЉУБОВТА СЕ ГОВОРИ..

И кога сме на љубовно поле и говориме објективно таа беше баш тешка за сакање, во неа се бореа ангелот и ѓаволот, а нејзиното однесување беше токму како кафето кое го пиеше, ниту премногу благо, ниту премногу горко. А љубовта си бара блажина, си бара дури усните како од шербет кафе да ти се залепат понекогаш, но таа никако да го извади тоа од себе дури и пред оној кој го сакаше највеќе на светот.
Во неа често ќе заиграше ѓаволската искра дека секогаш е во право, непоправливата тврдоглавост и желбата да се инаети додека не истера по свое. Замисленото мораше да биде реализирано по секоја цена, без разлика дали некој ќе биде повреден на патот кон тоа.
Но знаеше да биде и најдобра на свет... Ја красеше искреноста, која денес е скапа карактерна црта и ретко кој ја поседува. Не бараше швалер затоа што од момчето не се чувствуваше доволно сакана, туку му кажуваше в лице што чувствува, не трупаше во себе фрустрации, туку отворено покажуваше што и недостига и на крајот не ставаше патент на устата за да не каже прва „те сакам“.
Имаше преголеми мечти за себе во животот, веруваше дека заслужува најдобро, па така и се однесуваше на моменти нескромно, дури и лакомо.
Во морето на просечни девојки кои се задоволуваат со трошка љубов, таа беше судена и осудена како: тешка за сакање.
Дали вие сте тешки за сакање?
Дали се пронаогате во текстот или вашиот карактер е сосема поинаков,текстот е за девојка но темава е и за девојките и за машките.
Каков партнер преферирате?
Буквално искрен до степен на кажување па дури и на суровата вистина или преферирате и работи за кои ке бидете излажени само да избегнете конфликт?
 
cece17

Староседелец
21 февруари 2012
273
204
1,043
хмм... интересна статија добра е. До некаде т.е во пола статија и ја се пронајдов :p
 
Provenzano

Староседелец
23 април 2012
14
19
1,003
Дали вие сте тешки за сакање?
Дали се пронаогате во текстот или вашиот карактер е сосема поинаков,текстот е за девојка но темава е и за девојките и за машките.
Каков партнер преферирате?
Буквално искрен до степен на кажување па дури и на суровата вистина или преферирате и работи за кои ке бидете излажени само да избегнете конфликт?
-зависи шо се подразбира под тешко сакање
-донекаде да... цврстиот карактер и силното ЈАС шо го имам можам да кажам ми се најсјаен дел од мојот карактер колку и да не е убаво човек да има силен карактер
-искрена шо понекојпат знае да кути и чат пат се однесува спрема мене как кучка... јбг, ареса ме ко се кучки со мене...
- се се и се само за да избегнам конфликт... правам се шо е у моја моќ да нема караници...
 
Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Дали вие сте тешки за сакање?
Не можам сам да кажам дали сум тежок за сакање, тоа ќе го оставам на другите. Но, се трудам да сум добра личност.

Дали се пронаогате во текстот или вашиот карактер е сосема поинаков?
Не се пронајдов во текстот.

Каков партнер преферирате? Искрен до степен на кажување и на суровата вистина, или да бидете излажени само да избегнете конфликт?
Ништо ублажено и ништо преовеличено. Нормална искреност, иако знам дека понекогаш ќе боли и можно е да настане голема кавга.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mila mila

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Првично, навистина ми е глупаво што „ препишувате “ од други сајтови.
Нејсе...

Дали сум тешка за сакање?
Не сум. Им давам прилика да ме сакаат оние со кои пронаоѓам иста фреквенција, оние со кои хемијата лебди врз заедничките интереси.

Сигурно би му била неиздржлива на некој кој сака секој викенд сака да кмиши во некоја задимена биртија, и да се облизнува врз ребрата со Скопско, и да блее во цицињата на некоја Сека Алексович.
Најверојатно не би му била воопшто интересна на некој,чиј интерес за духовно надградување после Зоки Поки запрело...
И така натаму..

Значи луѓето со слични гледишта, имаат подготвен терен за комуникација, разбирање и љубов. Во главно.

И мојот партнер, не сакам нормално да биде пионче кое ќе клима со главата на се што ќе кажам, далеку било.
Сакам да имаме теми на кои ќе се контраме, нормално интелектуално, не како во чавкарница, партнер кој си гледа подалеку од носот, што своето лупање со тупаница на маса го има оставено, на оние со ај кју рамно на мојот конфекциски број..
 
ај во следна прилика ке крадам идеа а текстот ке го сменам;)
самиот текс кој го прочитав ме инспирира да ја отврам темата и самиот текс буквално доловува за каква 'тешкотија' на сакање ме интересираше вашето размислување и вашиот карактер.Намерно оставив насловот да покаже од каде е земен тестот наместо да го изменам и да се перчам дека е мое:wavespin
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ipopovski

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
л'сан сам за сакање, сакаф ме људи ама онакој друарски, за овакој не сам убаф : P
... а како увек мора некој да се најде да каже дека е препишан текст од негде, докур ако е препишан, допишан, запишан
што е тој важно
 
Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Дали вие сте тешки за сакање? -Не верувам дека сум некоја комплицирана, напорна личност,но сепак не можам сама да дадам одговор на прашањево :)
Дали се пронаогате во текстот или вашиот карактер е сосема поинаков,текстот е за девојка но темава е и за девојките и за машките.-Во текстов карактерот на девојката е опишан како искрена,верна,отворена,негорделива,заљубена девојка која попрво ќе ги изнесе недостатоците отоколу да ги зачува во себе и ќе се нервира безнадежно.
Па до некаде да,тоа сум и јас, освен што ќе го исфрлам тоа негоредлива,затоа што доколку забележам дека некој ме игнорира,тогаш настапува мојата горделивост(и инат пропратно) и не попуштам па што сака нека е :)
Каков партнер преферирате?Буквално искрен до степен на кажување па дури и на суровата вистина или преферирате и работи за кои ке бидете излажени само да избегнете конфликт?- Не сакам ништо да се прикрива колку само за да се избегне конфликт....значи проблемот ќе постои,ќе смета,само што ќе се крие...кога тогаш ќе мора да се реши нели :) Затоа сакам отворeно и искрено да си се каже на време,подобро да се спречи него да се лечи нели :)