Тетоважа

Maks

Староседелец
мислев да не имам проблеми со кожата :)
За ова го имам прашано мојот пријател што тетовира дали некогаш некој е имал проблем после тетоважа. Ми одговори дека не се случило тоа до сега, но имало случаеви каде некој денес се истетовирал, а од утре се сонча ја изложил тетоважата одма на сонце и доаѓа до сушење и фаќање на кора на незараснатото бодено место, која паѓа и на тоа место веќе бојата ке ја нема односно треба да се поправа. Совет од него што имам добиено е ако ја пазеш подлго време ке ја задржиш свежината односно да не ја изложуваш на сонце затоа што постепено ке избледува и повремено да ја премачкуваш со некоја крема или помада за тело.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

end.

Полноправен Член
3 март 2012
72
78
18
немам тетоважа..но кога ќе наполнам 18 ставам со сигурност некоја мала со големо значење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
Дефинитивно сум ЗА тетоважа :D Имам една, планирам уште минимум две. Тетовирањето боли малце, али ништо што не може да се издржи. У секој случај, ако не сте апсолутно сигурни, не се тетовирајте и никако не тетовирајте имиња на дечковци/девојки или не дај Боже портрети :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Сакам да истетовирам: *DREAMS*ROMANCE*EXCESS*. Пред 3/4 години, ова особено ми значеше, дел од текст на песна (Dancing into the Night) и идеја на бендот The View, и денес, кога ги слушам добивам неверојатно задоволство, и пријатни и весели чувства. Од нивната музика и појава, ми надоаѓаат прекрасни спомени од денови кога бев послободна во духот и полесно се живееше поради немање сериозни обврски.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: jovanKH2O

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Не би ставила тетоважа, барем не трајна. Ако нешто ми се допаѓа денес не значи и дека после одреден период ке ми се допаѓа истото. Плус на стари години грдо изгледа, не можам да се замислам како тетовирана баба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Имам тетоважи и тетовирам:cool:
Не сум кој знае кој уметник но сепак за обични и без сенки ги изведувам лесно.
Најбитно нешто за тетовирањето е стерилизирањето, најдобро е на секое ново тетовирање да се стерилизираат машината и да се користи нова игла, другото се се покрива и се се вади без проблем. Најнова ми е вчерашната и тоа на многу болно место, но не е довршена ќе почекам да заздрават порите и повотрно ќе се боцкам.:D
А најстарата ми е пред 6 години и тој што ми ја правеше, со многу неквалитетни бои многу е обледена ќе ја повторувам за некој месец.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MATEJA and Maks

The puss in boots

Староседелец
27 февруари 2012
221
147
1,043
27
Охрид
и јас го мислам истото како и Sesil, тетоважите изгледаат интересно но и јас не би можел да се замислам како истетовиран дедо еј :rofl а иначе за не трајна тетоважа сум за ДА :D
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Имам 3, на задниот дел од вратот, на стапало и на зглобот на раката. Ќе има уште во иднина. :)

Во глобала сум ЗА тетоважи, ама само ДОБРО промислени, со значење и НЕ направени за фалење... Ако направиш за фалење која е поентата, после месец-два-три сите ќе ја видат и после шо? Ќе се каеш. Дека изгледа грдо на стари години, и тоа да. Затоа гледам јас моите да ги ставам на помалце видно место или на место каде што ќе можам да ги покријам подоцна (подоцна може да значи после 20-30 год, но може да значи и во не толку далечна иднина, со оглед на тоа што на некои работни места навистина не доликува 'ишарана' кожа). Значи совет и од мене: THINK BEFORE YOU INK! И тоа многу, многу убаво размислете.

Сликите што ги ставивте од кај BOBI TATTOO ми се свиѓаат, го имам типот на фб, гледам нон-стоп нови тетоважи... ептен ми се свиѓа неговата работа, па можеби некогаш во иднина и кај него ќе појдам. Ама како викаат - бербер и tattoo мајстор не се менува. :D Мене ми се сите три досегашни од кај ист мајстор.


А, да, и за тие што прашуваат дали боли - не многу. Се осеќа само мало пецкање на кожата, ништо неиздржливо. :)