Тестирање козметика врз животни

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Илјадници компании кои прават масакар врз животни да си ги тестираат своите нови линии на производи со цел да остварат што поголем приход. :frantic
БРУТАЛНАТА ВИСТИНА ЗА КОЗМЕТИКАТА НА АВОН
Дали ви се допаѓаат производите на Авон? Да тие се разнообразни, атрактивни и се на сосема достапна цена. Освен тоа Авон се борат за хумани цели како кампањата против рак на градата на пример. Навистина, колку хумано! Единствено што, бруталната вистина, за која во Македонија не се најде кој да ја раскаже е добро скриена некаде зад шарените страници на нивниот каталог… Таму каде никој не би предпоставил дека за крајниот производ некој платил со крв и со солзи…
Еве што објави ПЕТА за Авон:
“Во почетокот на 2012 стана јасно дека Авон не само што не престана да тестира производи врз животни, туку инвестираше повеќе во постапката. Бидејќи во Кина вивисекција не е забранета, всушност и е задолжителна, за да биде дозволено продуктот да се најде на пазарот, многу компании решија да се повлечат од Кина. Но ова не важи и за Авон. Тие продолжуваат да ја користат тамошната ефтина работна рака за производство на својата козметика и секоја година убиваат помеѓу 80 000 и 100 000 животни во името на печалбата“.
Дали е тоа хумано ?Што мислите вие за ова?Дали треба и понатаму да продолжат со вакви активности?!Или треба да си платат казна и да престанат веќе да убиваат невини животни!?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Секако дека сум против тестирање козметика врз животни.
Тргнувајќи од тоа дека производот може штетно да влијае врз животното, да остави последици или евентуално да го доведе до смрт, па се до тоа дека реакциите кои ги дава одредено животно на некој производ се различни од човечките реакции ме тераат да бидам против.
Но тешко е да се изнајде алтернативна солуција.
Во денешно време и врз луѓе се тестираат одредени козметички препарати ( за пари), а не па врз животни...

Убаво би било се да се сведува на теоретски претпоставки за тоа како би делувале некои хемиски соединенија аплицирани врз човек, но проблемот е што со многу од нив не може да се постапи така.
Секогаш мора да се проба врз експерименталното глувче... и се тоа во полза на хуманата нација...
и искрено ако не се експериментира врз животни тогаш директно ќе се тестира врз човекот.
Компанијата која пуштила во продажба некој производ ќе тврди дека тој е безбеден за користење, првиот човек кој ќе го проба е ненамерно тестатор па сите несакни ефекти ќе се согледуваат отпосле и тоа ќе бидат несакани ефекти добиени на човекот...
и се така во круг : )
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Абе теоретски сите изиграваме дека сме против тестирање врз животни,но кога би требало да избереме дали да се истестира нешто што нам ни е потребно,врз нас или животното,тогаш сигурно дека никој нема да избере да се жртвува место животното.
Ако подразмислиме малку,може пак и ке си признаеме дека секојдневно конзумираме нешто што е истестирано врз животни.
И оти тогаш не им речеме Не на тие нешта,туку со сласт ги употребуваме?
Оти тогаш на никого не му е жал за тие животни низ чија кожа било токму тоа нешто испробано?
 
toby2

Полноправен Член
16 мај 2013
59
21
8
Епа затоа да не се јаде говна кога некое улично куче ке касне некој, на овој или на оној начин се враќа тоа и многу ми е мило. тие глупи зоолошки тоа мачење на животните во циркус тестирање шминка и ред други безвезни работи што на човекот му текнало да праи пари па ај да тестира на животни ГЛУПОСТИ чисти глупости...такви сме ние луѓето тешки говна...а ни јас не сум некое цвеке...се изнервирав ај поздрав
 
the.boy

Истакнат Член
11 јуни 2013
68
72
318
41
Брутално!
За оние кои не се согласуваат со мојот став, нека размислат како би можеле да се осетат кутрите животни во моментот кога најпрво им се одзема слободата дадена од природата за животински живот, како само би се збуниле, па потоа колку им боли ставањето на сите тие хемикалии...
Или да бидам по "пластичен" за сфаќање, како би се чувствувале луѓето ако беше the other way around?
 
the.boy

Истакнат Член
11 јуни 2013
68
72
318
41
Абе теоретски сите изиграваме дека сме против тестирање врз животни,но кога би требало да избереме дали да се истестира нешто што нам ни е потребно,врз нас или животното,тогаш сигурно дека никој нема да избере да се жртвува место животното.
Ако подразмислиме малку,може пак и ке си признаеме дека секојдневно конзумираме нешто што е истестирано врз животни.
И оти тогаш не им речеме Не на тие нешта,туку со сласт ги употребуваме?
Оти тогаш на никого не му е жал за тие животни низ чија кожа било токму тоа нешто испробано?
Значи, да не ги изпомешаме работите.
Едно е да конзумирам нешто кое веќе се наоѓа на пазарот, и друго е да се согласувам со начинот на кој тој производ се нашол тука (произведување, анализа, тестирање, пазарно истражување, бла бла бла...)
Ние јадеме, и конзумираме разни нешта кои за да се најдат на пазарот, деифнитивно ги поминале филтрите на измачување на животните.
Но доколку сите се согласуваме и не контестираме нешто во однос на ова, никогаш нема да се изнајде алтернативно решение на тестирање, односно наместо на животни да се тестораат работите преку алтернативен начин (доколку успеавме да го откриеме атомот и неговата структура, зарем не е можно да се најде алтернативен начин на тесирање???)
 
Да,точно е,ама дали би го конзумирал доколку не е тестирано?
 
Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Големо НЕ за ова. Но, (секогаш има едно НО), свесни сме дека никој не би можел да употребува определен производ доколку истиот не е претходно тестиран. Никој не би сакал да се воведе себе си во опасност и секогаш се избира полесната варијанта па повеќето производи се тестираат на кутрите животни. Тоа трае долг период и сигурно ќе трае уште многу.
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Нема зошто таму,да се вратиме во темава,сепак овие постови се се во врска со темата.
А на кој да се тестира? Зашто на животни? Полни се затворите со криминалци.

Ајде да речеме си во право.
А кои сме ние да одлучуваме за криминалците во затворите?
Од кај сме толку сигурни дека едно икс животно нема направено некое ,,дело,,што ке го издвои дека е подобро од еден затвореник(и замисли да е неправедно осуден):)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lillian