1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Тепање помеѓу малолетници

Дискусија во форумот 'Деца' започната од pozdrav eden topol, 13 април 2018.

  1. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,680
    Допаѓања:
    5,218
    Како прво треба да се симне аурата на значајност која беспотребно лебди околу вработените во образовниот систем.
    Ако тие вработени не можат да најдат начин да обезбедат барем физичка безбедност на мало дете - тогаш што да се каже понатаму? Без разлика дали е партиски или не, дали насилните деца се синови или ќерки на рандом лик кој собира картони, наставниот кадар едноставно не се замара, тепачот може да е син на Ставре локален алкос без врски и пари, исто ќе биде, нивната улога е да земат плата на први. А сето тоа остава последици кои ќе се влечкаат со децении и општествениот товар ќе остане огромен.
    Нема incentive за вработените да ги заштитат децата, нема одговорност, нема конкуренција, не им се заканува отпуштање, плус за нив постои таа посмената аура на доброчинители.
    А 13 години присуство во тој систем се законски задолжителни. (9+4)

    Прв чекор е демистификација на лицата кои се бават со таа професија. Да се знае дека лицата кои се бават со таа професија се апсолутно дно, неспоредливо повеќе штета прават во средината од дилерите на пример.
     
    На existence и violetmoon им се допаѓа ова.

Сподели: