1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Тепање помеѓу малолетници

Дискусија во форумот 'Деца' започната од pozdrav eden topol, 13 април 2018.

  1. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Активен Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    323
    Допаѓања:
    189

    Факт е дека училиштата го изгубија угледот, го изгубиа она основното, а тоа да ги образуваат децата, да ги научат да учат со желба за знаење, да ги мотивираат, да учат со разбирање..а добивме една дебилна младина која разочарана од општеството во кое живее, разочарана дека знаењето не е мерило на успех, интернет генерација која се труе со неморал гледана од социјалните мрежи.
    Училиштата мора да превземат мерки, да ја зајакнат дисциплината, да казнуваат, да се има униформа како порано ние што носевме кецели, исто и професорите..да нема мобилни, да нема нашминкани девојчиња, лакирани нокти идр....само правила и казни може да ја доведат во некој ред веќе оддамна излезената од колосек младина.
    Родителите се разбира дека треба да бидат опоменати, повикани на разговор кај психолог, социолог идр..но најголемата казна нека ја сносат децата учесници во насилстото..па ако треба и по еден месец во дом за малолетници нека седат..(па и тие домови што ги имаме ни се катастрофа)...уфф..кај нас цела држава, сите институции ни се рахитични и хаоточни..незнам дали нешто функционира саглам.
     
  2. Patika

    Patika Нов член

    Зачленет на:
    21 февруари 2018
    Мислења:
    19
    Допаѓања:
    7
    Тоа што се изгуби угледот или е слабо образованието, тоа делува само на степен на образование што нема врска со воспитувањето, еден овчар може да нема никакво образование, а да биде вооспитуван од своите родители и да ги има сите манири што укажува на домашно воспитување и обратно може човек да има завршено високо образование, а да нема домашно воспитување и да нема никаков човечки етички однос, погледни чист пример на Сашо Политико,

    [​IMG]

    човекот сигурно има високо образование штом работа како новинар (иако можеби му е и купена дипломата според знаењето), но воспитувањето му е испод човечко ниво што е чист пример на оформен човек од невоспитано и недораснато дете на родители кои воопшто не работелена него!
    Инаку неморалот секогаш бил присутен ( да не го споменам Казанова или Калигула), но во различно време упиен на различен начин, денес преку интернет, разликата од минатото и сега е што нема казни, цензури, денес демократијата кај нас ја сфаќаат без човечки нормативи дека може да се прави што сака и кога сака и каде сака!
     
    #12 Patika, 15 април 2018
    Последна промена: 15 април 2018
  3. Patika

    Patika Нов член

    Зачленет на:
    21 февруари 2018
    Мислења:
    19
    Допаѓања:
    7
    Не треба училиштата да превземат мерки, државата треба да превземе мерки, државата треба да ги тргне своите раце од образованието,со закон да ја забрани партизација во образованието што доведе до ситуација родителот да го „истепа’ професорот што му дава домашна задача на ученикот кој треба да учи на училиште,а не дома со негова родителска помош!
    Денес децата почнуваат прво одделение неписмени, ниту знаат да цртаат, без никакво знаење од општа култура, за разлика од порано кога децата научени од своите родители уште со 3 години, знаеле да цртаат, да пишуваат, општи поими дури и странски јазик и како такви со веќе оформена основа се запишувале во прво одделение која веќе се дополнува и надградува полесно таа основа!
    Денес ако се прашат младите родители, зошто не ги учат своите деца од 3, 4 години барем своето име да го пишува секогаш се добива одговорот ,,- А во училиште што ќе прави? ,, е па какви деца и какво воспитување ќе се има од такви родители?
     
  4. Patika

    Patika Нов член

    Зачленет на:
    21 февруари 2018
    Мислења:
    19
    Допаѓања:
    7
    Не треба опомена на родителите, туку веднаш казна и тоа по можност затворска или општонародно работење како казна, па потоа кога ќе излезе родителот од таму има време да размислува, да опоменува, да разговара со своето недовоспитано дете!
    Детето можеби пораснато не може да поприми тоа видоизменување на добро однесување,ама ќутекот од родителот и стравот дека родителот пак ќе биде затворен ќе го научи да знае да каже и „добар ден“ и „ извини“ !

    [​IMG]

    во Индија сообраќајните полицајци немаат оружје туку долги стапови, така се почитуваат сообраќајните правила на улица, погрешиш ќутекот, па ќе видам дали ќе возиш утре пребрзо или погрешно ќе се паркираш и слично нема тука опомени, разговори, парични казни!
     
  5. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,669
    Допаѓања:
    5,201
    Ова ли е тепање? Во Ел Салвадор на нивни години веќе имаат и убиство зад себе, се тетовираат и влегуваат во генгови, има и полошо, треба да си траеме (party)
     
  6. la.madrugada

    la.madrugada Нов член

    Зачленет на:
    26 март 2018
    Мислења:
    14
    Допаѓања:
    6
    Епа тоа е следен чекор веќе децата да почнат да се однесуваат како членови на Mara Salvatrucha и понапредни ќе станат одма. :kafe
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  7. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Активен Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    323
    Допаѓања:
    189

    Ме изнасмеа со овие..хаххахааа..па и нашиве имаат пендреци ама оди види дали смеат да удрат некој:)
     
  8. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,381
    Допаѓања:
    9,077
    Ама еве ти кажувам примери каде државата посветува многу повеќе внимание и пак се случуваат такви работи. Ете прогуглај за насилства во училиштата во Норвешка и Финска и ќе видиш што се` има. Пак ќе ти кажам, не го оправдувам насилството воопшто ама единствено што функционира е да вратиш директно и да покажеш заби. Џабе се и психолози и држави и не знам ти што, и секој ден да имаат задолжително разговори со психолози, педагози и што и да било пак ќе се најде некое дете што ќе биде поагресивно и ќе се тепа.
     
  9. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Активен Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    323
    Допаѓања:
    189
    Воопшто не се сложувам со тебе, таман работа ако тепачките се решаваат со покажување заби а не со свесно размислување за сите можни последици кои би и имале од агресивно однесување.
    Мислам дека минатата година имаше едно самоубиство на 14 годишно дете, кое беше физички и психички малтретирано..Каде е основната улога на педагогот во установата, каде е анализата на секој ученик од нивниот професор..па он треба за секое дете да знае како диши, дали нешто го мачи, има ли тоа дете проблем, да реагира благовремено..ете тука е киксот, немаме превенција...Затоа мора да с воведат драстични промени во целиот систем, одговорноста да ја сноси од директор, педагог..па се до обезбедувањата во училиштата за кои плаќаат родителите бадијала.
     
  10. incule

    incule Староседелец

    Зачленет на:
    5 јануари 2015
    Мислења:
    707
    Допаѓања:
    109
    Децата гледаат од возрасните,возрасните се тепаат и децата исто
     

Сподели: