Телекинезата преставува поместување на предметите без остварување на физички контакт со истите, т.е нивно придвижување со силата на умот.. Дали верувате дека постои телекинезата или дека тоа е само мит?
Мислам дека постои. Ретки случаи, но постои, се е до мозокот.
Мислам дека постои. Ретки случаи, но постои, се е до мозокот.
Не е ретардирано, и јас држам open mind за вакви работи, бидејќи стварно имаме направено бум и замисли во неполни 1000-2000 години а универзумот е којзнае колку стар. Дали само со помош на мозокот или ќе се најде парче технологија кое ги зголемува неговите способности за X пати незнам, важно контролирањето на објекти околу нас не ми звучи баш како научна фантастика и мислам дека е можно.Скептик сум за овие работи, а во телекинеза сакам да верувам.
Дека мозокот крие неограничен број можности - крие.
Дека е во постојан развој - е.
Нели демек дури и мислите имаат своја фреквенција, па може ќе најде некој кој ќе може да управува со истата.
Да почнеме од самите почетоци на човештвото, кога мозокот бил неразвиен и единствено бил активиран за најнеопходните потреби, па ако погледнеме колку од тогаш до сега се има развиено, не треба да не` чуди капацитетот.
На почеток чудо било едно обично палење оган, ама мозокот се развивал, па прачовекот сам научил да ја искористува енергијата на предметите околу себе за да го запали, ако сме биле способни од тој оган да се префрлиме на електрична енергија, значи сме напреднале. Пред 2000 години и комодор бил научна фантастика.
Туку поентата ми е, ако човекот има(л) доволно капацитет да смисли работи со кои ќе може да ги контролира енергиите кои доаѓаат од надворешната средина, ништо чудно да дојде и ден кога т.н. фреквенција на мисли ќе биде доволно силна за да управува со предметите околу себе. Може звучи смешно и ретардирано де, ама да не заборавиме дека и гореспоменатиот комодор, кој сега е играчка, пред не 2000, туку пред само стотици години, бил чудо на иднината.
Ама засега тешко, понатака којзнае до кој степен на развиеност ќе дојдеме, а ко што сме пошле нагло, ништо чудно да пукне еден ден, па да се вратиме пак во пештери. Е тогаш ќе видиме и телекинеза и се`.