Текст vs. музика

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Пред некое време онака во муабет во друштво се наметна истава тема па си реков ај да си подискутираме и тука.
Што е според вас поважно во една песна, музиката или текстот? Што е тоа на кое што посветувате повеќе внимание додека слушате некоја песна?


Еве јас да си кажам, мене текстови воопшто не ми значат. Гајле ми е дали некој пеел за глобални проблеми, сиромашни во Африка или за тоа колку метри скокнал со скејтбордот. Дури и може воопшто да нема текст, уште подобро ми е. Она што мене ми е важно е музиката и ништо друго и затоа многу често слушам инструментална музика наместо музика со вокали. Кога не слушам инструментали, вокалите ги перцепирам како уште еден инструмент и битно ми е како се вклопува мелодиски со останатото, текстот не му ни обраќам внимание. Како најслушан бенд ми се Dream Theater ама којзнае колку време сум ги слушал инструменталите или пак комбинации од инструментите (има еден албум со извадени траки од секој инструмент посебно). Ако музиката нема движење, ако нема нешто што ми привлекува внимание тогаш и најубавите приказни да ми ги раскажуваат во песната нема да ми се допаѓа.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Мене текстот ми е поважен. Од текстот зависи дали ќе се пронајдам во песната и дали ќе ја слушам и понатаму. Песна со добра музика а лош текст е дно дна, пр. што ако музиката е добра а текстот е никаков и во него се збори само за пари, секс, алкохол како што се повеќето песни денес. Текстот треба да те задржи за да ја слушаш песната, да ти даде значење, да има некаква приказна, некаков смисол.
Музиката е на второ место затоа што текстот ми е значаен, не ми пречи ако музиката е џез, блуз, поп (само да не е турбо фолк).
 

MacedonishQueen

Истакнат Член
17 јуни 2015
205
131
143
Текстот е поважен, можеш да си пееш или да се пронајдеш во песната. И инструменталните музики се убави, за смирување ама со текст се поубави.
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Музиката. Иначе немаше да бидам Radiohead фан. Музиката е она што треба да допре до мене и да ми предизвика бура од секакви емоции. Добра мелодија може да ме однесе на прекрасни надреални места кои тукушто се оформиле во мојот ум. Текст како текст, може да биде прекрасен, романтичен, тажен... и закачен на турбо-фолк позадина.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Еве јас ова парче музика го давам секогаш како пример за тоа што јас го зборам. Magma, француски прог-рок/фјужн-џез бенд кои што пеат песни на јазик кој што нивниот тапанар го направил за потребите на бендот и го нарекол Kobaïan затоа што приказната во нивните албуми (мислам дека се околу 10) се случува на планетата Kobaïa. И да сакаш не можеш да разбереш што зборуваат во албумот, претпоставувам и тие сакале да прикажат дека пеењето треба да се задржи на мелодичноста наместо да се става во прв план некаква порака. Кој милува нека слушне, предупредувам дека многумина го оцениле како напорно за слушање.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Се придружувам на клубот music over lyrics.
Постојат огромен дел песни чии текстови површно ги знам и може не би ги препознала ако некаде ги видам во пишана форма, а песната знам да ја отсвиркам (humming де) сосе синтисајзер, гитара, тапани, бас и бек вокали.
Некогаш, ако ми текне конечно да побарам текст, може дури и цела перцепција да ми се смени за песната ако е глуп текстот...као зошто, побогу, сте истрошиле толку добра мелодија за ѓубре лирика?
Али па што знам, хит ми е моментот кога слушам од некаде почнува драм соло, па добар риф...oстрам уши да слушнам што песна е, Шазам се спрема...и почнува нешто у стил „Јелен трчи по пољу, носи папагаја...“ :eek

Со друштвово си имаме „теорија“ дека речиси секоја песна, преведена на српски и со малку повеќе вибрато, знае да звучи кич.
Пример „Турбо Љубавник“ од моиве Џудас.
„Ја сам твој турбо љубавник,
реци ми да немаш другог,
Ја сам твој турбо љубавник,
Боље трчи ка склоништа.“
Вриштење. А, музиката пак би била топ. :D
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
не знам, можеби тоа што како мал повеќе давав предност на класичната и џезот over рандом поповаќа, или па како што вика ИоСоно, музиката тера повеќе имагинативниот дел во главата да прави скици, но многу поголем акцент ставам на инструменталниот дел. Кога би споредил вака, во класичната музика скоро и нигкогаш не ме интересираат арии од опери. Во метал/рок музиката повеќе ме наежува кога ќе откријам сегмент на комбинација на тонови отколку било каков рандом емотивен текст, иако има еден мал удел. Поповаќа повеќе сакам да имам хармонија на звуци. Скоро и никогаш не памтам целосен лирикс на песните, некои дури и да имаат конотација на патетика и мизерија, ако тоновите будат нешто сосема спротивно од тоа, лириксот нема никаков удел.
Затоа и турбофолкот ми е несфатлив, бидејќи музички е толку едноставен иако текстот понекогаш има своја прикаска.
Сеа знам, и блузот би можел да се поистоветува со турбофолкот ако се земе моето мислење како валидно, но сепак мислам блузот има онаа доза на лежерност и субјективно би се изразил - комбинација на тонови кои не ми штетат на уво.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: scarstone, malo and Io Sono

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Колку сте децидни во своите изјави... да се чуди човек.
Јас па, се движам како брановите во морето.
Искрено не би знаел да кажам што ми е повеќе важно.
Мислам дека еднакво ги вреднувам.
И мислам дека сѐ ми зависи од видот на музиката и од типот на расположение што ми владее во моментот.
Еве пример, во оваа песна:
еднакво ми се важни и музиката и гласот, едноставно не би била музиката она што е без овој вокал и овој текст....
Ама пак има периоди кога би слушал ден и ноќ инструменталки.
Сепак тоа не кажува дека повеќе ми е важна музиката него лириксот.
Ако ја нема онаа совршена комбинација, текстот да ја пее мелодијата, мелодијата да го пишува текстот... ништо од песната.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Not sure if I'm retarded or plain stupid :zelen али 80/20 сум. 80те ги давам на текстот. Шознам, песна без текст ми е... мех. Можда затоа не сум некој голем фан на инструменталките, али исто така уживам и у добро електрично гитарче пропратено у позадина со некои тапани у прогресив стил. Е, од инструменталки само тоа, и акустична гитара. Друго не можам да смислам, и затоа се задржувам повеќе на текстот. Сепак, не некој ептен рандом текст, у кој има пцовки, или пак дерење у стил на дум/брутал/дет метал. И тоа исто не можам да го смислам, едноставно ми смета на ушите и ми е заморно и глупаво.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Ова е исто како прашањетo за кој е постар јајцето или кокошката
Ептен зафркнато прашање незнам песната не е добра ако нема убав текст но исто така и со музиката
Али ако морам да бирам јас би ја избрал музиката бидејќи мене лично поќе ми значи музиката, но то не го прај помалце важен текстот пак ќе речам..Заебана работа :D