Текстови на македонски песни

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Владо Јаневски-Од овој ден


Јас кого би сакал ако не си ти
и со кој би делел бол и радости?
Моето срце ти е дом и одаја
од надеж светната
и со нежност послана

Кој...? Кој би ме чекал ако не си ти
пак да ти се вратам од далечини?
Од очите твои грижата да истече
и бликне љубовта
штом ти речам: „ Еве ме...“

Од овој ден ти си ми единствена,
погледни - на дланка си ми пишана
ко златна до срце линија
засекогаш крај мене, најмила

Од овој ден ти си се што ми е свето
и погледни само за нас времето
од рози пат распостила
и одам до крај со тебе...
најмила

Насмев што од лицето ти изгрева
дожд и црни облаци ќе растера
Во овој живот и во сите претходни
најубавото што ми се случило си ти

Од овој ден... (убедливо најдобри текстови имаат Владо и Тоше)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma and i_wanna_fly

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Нокаут - Знаеш каде да ме најдеш
Замина таа без да ми каже
земи ил остави ова е крај
не е до тебе, а не е ни важно
злато насмевни се.

Од тогаш до денес јас не паметам
тоа лице да не земе дел од мој ден
и се е по старо, застанувам
моментот пред да заспијам најболно ее
повторувањееее

Реф:
Било што и да ти требааа
кажи ми, зборови не избирај
ова срце уште играаа
кога ќе чујам твој глас - дишам пак

И никој нема да те знаеее
онака како те познавам јас
Знаеш каде да ме најдеш
тоа сум само јас

Есента падна, жолто е се
нашата боја на вљубување
спомени вкусни, есенски рај
баш злато и не ми е до смеење
болно повторувањеее

2x / Реф.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Ѓорѓи Крстевски - Несудена

Несудена,
и само своја
некогаш за момент моја
не те познавам каква си и која.

Признавам,
до смрт те сакам
залудно е да се лажам
дека не ме боли
што не си моја.
Но, зар е важно колку сакаш
штом лажна љубов со душа плачаш
немам сила да се борам и збогум
да ти кажам морам...

Единствена
од сто си една
за мојата тага вредна
сите молитви, залудни ми беа.
Но, зар е важно дал’ се молам,
колку жалам или горам,
немам сила да се борам и збогум да ти кажам морам.

Несудена моја ми беше сѐ,
за сѐ што сонев и живеев,
единствена причина што постоев и тага и смев
И немаше ден, а да не помислам,
колку сум среќен што те имам.
Те сакав, те чував, ме имаше,
па имавме сѐ.

И не е од гордост од инат е знај,
и нека сум проклет што ставам крај.
Срце ти давам и среќен ти пат во неповрат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rosana and The Tramp

Rosana

Староседелец
24 јуни 2012
267
499
1,063
4play- Кажи да на љубовта

Душо ќе ти признаам
ти си знај најдоброто
што мене ми се случило.
Покрај тебе верувам
верувам во љубовта
и без тебе не сум целосна

За нас двајца нема препреки
Да останеме заљубени!

Кажи и да на љубовта
кажи им не на солзите
тие се минато за тебе.
Кажи и да на среќата
кажи им збогум на болките
остани, биди среќен со мене.

Можеби јас не знаев
да љубам пред тебе,
но се појави и ме научи.
Низ љубовта води ме
и од злата штити ме,
покрај тебе сум најсигурна.

За нас двајца нема препреки
Да останеме заљубени!

Кажи и да на љубовта
кажи им не на солзите
тие се минато за тебе.
Кажи и да на среќата
кажи им збогум на болките
остани, биди среќен со мене.

И остани засекогаш
И продолжи да веруваш
Во ова што го имаме
И срца свои да следиме

Кажи и да на љубовта
кажи им не на солзите
тие се минато за тебе.
Кажи и да на среќата
кажи им збогум на болките
остани, биди среќен со мене.

Кажи и да на среќата
кажи им збогум на болките
остани, биди среќен со мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Брејк- За нас
Те оставам по стотти пат пред себе
а не знам кој сум јас
ти дозволувам да ме лажеш
да раскажеш приказна за нас

И не можам да разберам
а барам одговор
ти ме лажеш без да кажеш еден збор
и без да знаеш правиш да се чувствувам ко
ко да не сум живеел ни еден ден
за нас ..за нас

Понекогаш дозволувам
само за момент да ми влезеш во сон
за да се измиеш во чиста љубов
во една друга приказна за нас
ммммм приказна .....

И не можам да разберам
а барам одговор
ти ме лажеш без да кажеш еден збор
и без да знаеш правиш да се чувствувам ко
ко да не сум живеел ни еден ден
за нас ..за нас

Владо Јаневски- Ти немаш право
Се трудам да те симнам од срце и од усна
под насмевка ја кријам осаменоста ко лузна
твојот лик над мојта тага ко облак уште кружи
од сонце облеан ги ставам во сенка сите други

Ти немаш право да прашаш
како ми е без тебе и дали сум сам
оваа рана на душа ќе ја зашие време
и ќе заборавам...

кон тебе сакам да сум ладен ко тогаш ти со мене
љубовта што ми ја даде на врв од игла ќе ја збере
и се што нема да ти кажам пак од внатре ќе ме сотре
а може тоа што те сакам ќе престане од утре

Ти немаш право да прашаш
како ми е без тебе и дали сум сам
оваа рана на душа ќе ја зашие време
и ќе заборавам...

Ти немаш право да прашаш
како ми е без тебе и дали сум сам
оваа рана на душа ќе ми ја зашие време
и ќе заборавам... барем така мислам
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Рок Агресори - Јас смрдам на лук

Јас јас
јас јас
јас јас
јас јас

Јас јас смрдам на лук
јас јас смрдам на лук
јас јас смрдам на лук
јас јас смрдам на лук



No Name Nation - У пичку матер

....У пичку матер...


Флукс - Граду мој

Граду мој
Граду мој

Граду мој
граду мој.


No name nation - 58-ца

Се качив во автобусот за Сопиште
седнав на кондуктерското седиште
на радио ја пуштија Johnny be good
a шоферот нагази како луд
и пее Go go Johnny be good.

На првата автобуска станица
настана ужасна мешаница
зашто секој од нас посака да искочи
а тој нејќе дури ни да прикочи
и пее Go go Johnny be good.

Пред лицето ми прелета патика
сите ги зафати паника
почнаа да вриштат на цел глас
а тој мртов ладен само додава гас
и пее Go go Johnny be good.

Мајсторе отвори ја вратата
мајсторе да ти е**м мамата
мајсторе цела 58-ца
ќе заврши у државна болница
А тој Go go Johnny be good.
go Johnny...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
* Една од омилените македонски песни.

Камелеон - Дај ми Љубов

Каде сте тргнале од зори,
без лица и без зборови,
таква само бледа сенка,
се плашам да ја погледнам,
гледам да не видам.

Зарем нема ништо друго освен таа прашина,
што ве полни кога ништо друго и не проаѓа.
Зарем денот нема сјај, зарем сонот има крај,
разбуди се е е е.

Рефрен:

Дај ми љубов, дај ми песна,
пушти гласови, нека загрми,
отвори срце, постели душа,
растерај облаци, нека засвети.

Таа мисла сама веќе лета,
се враќа па заминува,
зад себе само бледа трага,
од некој детски плач остава.

Зарем нема ништо друго освен таа прашина,
што ве полни кога ништо друго и не проаѓа.
Зарем денот нема сјај, зарем сонот има крај,
разбуди се е е е.

Рефрен:

Дај ми љубов, дај ми песна,
пушти гласови, нека загрми,
отвори срце, постели душа,
растерај облаци, нека засвети.

Со твојте очи погледни, разнишај стари бедеми,
во нив се крие искра волшебна,
што прави мали радости, а толку потребни,
само чувај ја.

Рефрен:

Дај ми љубов, дај ми песна,
пушти гласови, нека загрми,
отвори срце, постели душа,
растерај облаци, нека засвети.



* И уште една од Камелеон.

Камелеон - Не Заборавај

Во срцето сон, во сонот ти,
во тебе вселена,
и сиот тој крај бескрајно мал,
трепери ѕвезда, трепериш ти.

А ден, убав ден, од сите различен,
којзнае што ќе донесе,
од птиците глас, од небото зрак,
згаснува ѕвезда, згаснуваш ти.

Рефрен:

Ноќва полна месечина, на небо насмеана,
раце раширила, раце нема да те погалат.
Кој ли ноќе те покрива, штом застуди, штом задува,
земја ти е постела студена.

А ден, убав ден, од сите различен,
којзнае што ќе донесе,
од птиците глас, од небото зрак,
згаснува ѕвезда, згаснуваш ти.

Ноќва полна месечина, на небо насмеана,
раце раширила, раце нема да те погалат.

А гледам и слушам, можеби ветрот ќе ми донесе,
по некој спомен, некоја слика, или само збор.

Не заборавај, не заборавај, не заборавај,
не заборавај, не заборавај, не заборавај...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Нокаут-Знаеш каде да ме најдеш

Замина таа без да ми каже
земи ил остави ова е крај
Не е до тебе,а не е ни важно
злато,насмевни се

Од тогаш до денес
јас не паметам тоа лице
да не земе дел од овој ден
и се е по старо сам останувам
моментот пред да заспијам најболно е
повторубање......

Било што и да ти треба
кажи ми,зборови не избирај
ова срце уште игра
кога ќе чујам твој глас
дишам пак
и никој нема да те знае
онака како те познавам јас
знаеш каде да ме најдеш
тоа сум само јас

Есента падна,жолто е се
нашата боја на вљубување
спомени вкусни,есенски рај
баш злато и не ми е до смеење
болно повторување

Било што и да ти треба
кажи ми,зборови не избирај
ова срце уште игра
кога ќе чујам твој глас
дишам пак
и никој нема да те знае
онака како те познавам јас
знаеш каде да ме најдеш
тоа сум само јас......X2

Нашите слики - Меморија

Во моите мисли се уште стоиш,
ко осамен островсред океан.
Во моите песни, ќе те има секогаш,
во душата рана длабока.

Твоето име ко сенка ме следи,
и очите твои пред мене се.
Нашите слики како икони ги чувам.
и солзите не ги запирам.

Се уште сум
херој во ноќите долги пијани,
ко скитник на пат
се плашам да легнам негде
да заспијам.

И се уште сам во мугрите знам,
без тебе пусто е...без тебе пусто е.


и двете ми се прејакипесни ....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly and Selma

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Сатанхорд - 23 секунди омраза

Омраза...омраза...омраза
Омраза...омраза...омраза



Паркети - Портокали

Секој ден се чешлам, секој ден се чешлам
надесно и налево
Секој ден се тегнам, секој ден се тегнам
како да сум црево, како да сум црево.

Секој ден се бричам, секој ден се бричам
дома пред огледало.
Секој ден јадам, секој ден јадам
а немам сало, а немам сало

Стално глупости зборувам
и стално исто повторувам
Портокали големи и мали, портокали
(женските имаат)
Портокали големи и мали, портокали
(женските имаат)

Секој ден се чешлам, секој ден се чешлам
надесно и налево
Секој ден се тегнам, секој ден се тегнам
како да сум црево, како да сум црево.

Секој ден се стрижам, секој ден се стрижам
а косата ми расти, а косата ми расти
Секој ден купувам, секој ден купувам
пет забни пасти, пет забни пасти

Секој ден се бричам, секој ден се бричам
дома пред огледало.
Секој ден јадам, секој ден јадам
а немам сало, а немам сало

Стално глупости зборувам
и стално исто повторувам
Портокали големи и мали, портокали
(женските имаат)
Портокали големи и мали, портокали
(женските имаат)