Тајната за успех на една врска

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Кога си на почеток на врската да , љубовта е огромна, непобедлива, обострана..
Ама, со текот на времето кога партнерите подобро се запознаваат, кога ќе се симнат розевите наочари и ќе се запознаат со мааните на другиот, љубовта станува навика, корист или некогаш се претвора и во сожалување, т.е жал ти е да го оставиш или да те остави пошто не заслужува после се, или можеби од страв дека никогаш нема да најдеш некој што ќе те сака како него и обратно.
Затоа мене битно ми е еднакво да се сакаме за да имаме квалитетна врска.
И како што кажав друго се ќе си дојде само по себе.
Се сложувам до некаде...
Кога ќе поминеш години со истата личност љубовта никаде не заминува ниту пак се претвора во навика, корист или сожалување...барем не според мене..туку љубовта преминува во сосема друга димензија и форма...со тој човек го делиш секојдневието и автоматски станува неизбежен дел од него а со сето тоа се губи романтиката ...ама сето тоа не значи дека љубовта престанала или дека едниот сака повеќе од другиот...
Кога ќе си ги прифатите маните, лошите навики, наравот и кога ќе научите да живеете со тоа значи дека сте преминале на друг левел во љубовта.....
Кај мене во главава е црно бело...или сакаш или не сакаш...(сакам да ти кажам дека за оној кој мислиш дека помалку сака всушност воопшто не сака)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Хоуп*

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Сексот е само еден дел од мозаикот, далеку од тоа дека е најбитен.
Нема врска со зголемување на доверба или помалку љубомора.
Ги подмачкува - со друг збор ги турка под тепих проблемите кои кога тогаш ќе излезат на површина.
Ако сексот е лепилото - тогаш врската е однапред осудена на одлепување.
Да, сексот е дел од мозаикот и тоа многу БИТЕН дел.
Ако сексот го нема или го има ретко тогаш неможеш да очекуваш блискост или интимност со таа личност, зашто нели преку сексот и водењето љубов покажуваме многу емоции кои некогаш не ги кажуваме вербално ...(мене лично ми е полесно да искажам одредени емоции кога водиме љубов отколку да ги изустам)...
Така да сметам дека сексот е и те како битен, како во зачестеност така и во квалитет...
Ако една врска не е зачинета со редовен и квалитетен секс, тогаш што ја прави таа врска ВРСКА?
Тоа повеќе би личело на пријателство нели? :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Доверба и разбирање! Без нив тури му пепел.
Не се согласувам дека по поминувањето на заљубеноста нема веќе љубов, дека се е навика. Може да се случи, ама може и да се развие една друга димензија на љубов, длабока и зрела. Љубов кога и после години и години вие си недостасувате, копнеете по бакнежи и допири, сакате да му кажете каков ден сте имале, или едноставно, сакате вашата глава, на вашата перница, да биде покрај неговата.
Да не го заборавам сексот како неизоставен дел од една квалитетна врска, затоа што колку и да зборуваме дека не е битен, и ТЕ КАКО Е БИТЕН. Тоа е чин на изразување на љубовта, без зборови.
Реално, според мене, лош секс носи само фрустрации. Незадоволство во кревет развива и други проблеми и нервози. А сите си знаеме колку си го сакаме оргазмот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Saladin

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Да, сексот е дел од мозаикот и тоа многу БИТЕН дел.
Ако сексот го нема или го има ретко тогаш неможеш да очекуваш блискост или интимност со таа личност, зашто нели преку сексот и водењето љубов покажуваме многу емоции кои некогаш не ги кажуваме вербално ...(мене лично ми е полесно да искажам одредени емоции кога водиме љубов отколку да ги изустам)...
Така да сметам дека сексот е и те како битен, како во зачестеност така и во квалитет...
Ако една врска не е зачинета со редовен и квалитетен секс, тогаш што ја прави таа врска ВРСКА?
Тоа повеќе би личело на пријателство нели? :)

Нормално дека треба да го има и дека треба да е на задоволство на обете страни, само што мислам дека премногу се опседнати луѓето со сексот, што донекаде е логично, телевизија, интернет, списанија, весници све е хиперсексуализирано...уште малку од контејнер или од конзерва за месни нарезак ќе почнат да фрчат цицки, нозе и градници. И така луѓето си прават филмови во кои нереалните очекувања се бројни.
Сексот и не е некој показател кога се работи за покажување дека некоја особа ни значи нешто. Може да се има добар секс и со особа која не ни значи ништо, а од друга страна никаков секс нема да спаси врска која станува бесцелна, се потрошила страста, партнерите немаат заеднички мотиви, она што ги поврзува испарило...

Има разни врски, и онаа од месец дена и онаа од 10 години. Зависи кој како гледа на работите.
Лесна работа е добра јебачина, тешко се наоѓа особа со која може нешто да се изгради нешто повеќе.
А зависи и од возраста. На 19 нормално дека сексот се гледа како најважен.
 
The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
122
Сексот е само еден дел од мозаикот, далеку од тоа дека е најбитен.
Нема врска со зголемување на доверба или помалку љубомора.
Ги подмачкува - со друг збор ги турка под тепих проблемите кои кога тогаш ќе излезат на површина.
Ако сексот е лепилото - тогаш врската е однапред осудена на одлепување.

О и те како има. Види, љубовта е хемикалии во мозокот што твојата психа ќе ги интерпетира како чувства, како желба да се види саканиот/саканата, да се биде со неа/него... итн.
При сексуалниот акт се лачат голем дел од овие хемикалии.

Секако дека е битно да се погодени каратерите, да партнерите имаат консензус по одредени прашања, да не речам да имаат исти вредности... Ама ако збориме за што е најбитно, барем на тоа ме асоцира насовот на темава, јас би го издвоил тоа.
 
Keepitreal

Полноправен Член
3 мај 2013
78
38
18
Би одговорил вака : Кога сакаме да пресадиме цвеќе првото е што го ставаме во вода да из'рти, тоа ти е запознавањето.
Второ го посадуваме во земја, тоа ти е цврстината на врската која се прави на почеток.
Трето ти е коренот, тоа ти е коренот на врската ( љубовта ) ако не е таа ќе овени нели ?
Следно е стеблото, тоа би било времето и довербата кои се исто така значајни како и љубовта ( коренот ).
Потоа следат многуте лисја, тие се пријателството кои треба да ги има во поголема мера од коренот. А за крај, сексот е водата која нон стоп го одржава во живот .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
О и те како има. Види, љубовта е хемикалии во мозокот што твојата психа ќе ги интерпетира како чувства, како желба да се види саканиот/саканата, да се биде со неа/него... итн.
При сексуалниот акт се лачат голем дел од овие хемикалии.

Секако дека е битно да се погодени каратерите, да партнерите имаат консензус по одредени прашања, да не речам да имаат исти вредности... Ама ако збориме за што е најбитно, барем на тоа ме асоцира насовот на темава, јас би го издвоил тоа.

Хемикалии? Тоа се само купови молекули и атоми кои се мотаат наоколу. Заклучок - љубов = атоми. Или електрони кои се вртат околу јадрото.

Тоа би било точно во случај љубовта да беше унифицирана појава, како воспаление на зглоб или бели дробови, заедно со симптомите кои ги придружуваат.
А бидејќи нема дефиниција за љубовта ниту е медицинска состојба - зависи од субјектот кој ја доживува и манифестира на свој начин. Тогаш незнам која е поентата со муабетот за хемикалиите, уште помалку каква врска има со доверба или љубомора.
 
Hello! Earth to Outrider! Тоа ти зборам: биолошка појава е.
 
Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Тајната е да нема тајни.

Кога човекот ќе ти ја разголи и душата а не само телото и кога ќе сфатиш дека ти е убаво со сите плусови и минуси...
Congratulations, you are in love : )

Кое е ова митско суштество и што се случило со него?
Што ти прават 4 години во животот.
Случајно си го видов мислењево, се запрепастив искрено. Не е можно колку сега поинаку размислувам. Кое детиште сум била:x:x

Не сакам да се враќам како сум размислувала пред неколку години, ми доаѓа да се вратам назад во времето и да ја исшамарам помладата јас.