Тагата долго трае

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Чекај. :)
Штом си научила да ја прифатиш тагата, ок... претежно вакви разговори ми правеле во минатото луѓе на кои им починале родители или брат/сестра и големата смрт и одсуство им е преголем процеп за да направат мост и да поминат... Многумина ова им е големиот корен на тагата во нивниот живот.

Кога и да е, ќе мораш да се откачиш од таа како што велиш прегратка фантомска - не се може поинаку.
Ќе видиш...
Една позната писателка има кажано(изумив како се викаше)но многу ми се допадна мислата...
-И кога патот до заборав би го знаеле, нема да појдеме по него, пак ке се вратиме на старите патеки, во морето на спомени..
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Таквите писателки прават пари од таквите размисли - но тоа нема да те направи тебе подобар човек ниту ти дава алатка што да правиш со себе си :)

П.С. Таа писателка не слушнала за „реката Лета (Λήθη)“, реката на заборавот :)
 
pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Таквите писателки прават пари од таквите размисли - но тоа нема да те направи тебе подобар човек ниту ти дава алатка што да правиш со себе си :)

П.С. Таа писателка не слушнала за „реката Лета (Λήθη)“, реката на заборавот :)
Незнам која е таа река, не сум се капела во неа, ниту риби пецала;)
Но, ајде вака, размисли...дали човек навистина би сакал се да заборави, да ги избрише сите сеќавања..тешко би било да се пуштиш ва таа река на заборав, кајак на диви води ама обратно, узводно(како се викаше:^))
 
pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Браво @Хептаграм XI умееш да ме заинтересираш и да научам нешто ново, интересно...изгуглав...реката Лета била од подземниот свет и од неа пиеле душите на покојниците, душите кои не можеле да го заборават ЛОШОТО минато од претходниот живот, душата не може да им се реинкарнира во друго тело, па затоа пијат вода од таа река на заборав.
Јас сум жива..и ако сакам вистински да тргнам напред, треба да одам назад.
:)
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ова е веќе многу по друго, за разлика од претходно што ми кажа:

Ми рекоа да се опуштам и да ме повлече на дно вртлогот од таги...направив така, ме повлече вртлогот, ме вшмука и ме одвлече на дното..но чекам вртењето да ме исфрли повторно на површината.....додека се вртам така, се менувам..нема воена дисциплина како велиш дека треба...де сум јака, де сум слаба:(

Да Одиш! Петата моќ на Сфингата. ;)
Остави што другите ти велат... ти што си велиш, е таа „воена дисциплина“ што јас ја споменав претходно...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Ова е веќе многу по друго, за разлика од претходно што ми кажа:

Да Одиш! Петата моќ на Сфингата. ;)
Остави што другите ти велат... ти што си велиш, е таа „воена дисциплина“ што јас ја споменав претходно...

Убаво би било кога на темава би пишувале луѓе кое се соочиле со некоја тага, која ја почувствувале на своја кожа како боли, како пече и убива..па да се тешиме едни со други, да се советуваме како побрзо и полесно да се вратиме во нормалниот живот...
Хепта душо, лесно е да се каже,но се си мислам дека ти во животот твој не си доживеал нешто страшно(дај боже цел живот да ти биде убав), па затоа со леснотија спомнуваш дисциплина...тоа само у филмови има:)
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Лепото, јас никогаш не зборувам за работи кои не сум ги поминал. Забораваш со кој разговараш или си научена со „глумци“ да зборуваш...

Но не мислам да расправам за мојот живот на форум бидејќи многу знам за вашите животи бидејќи се заборавате на форуми...
Малку повеќе сум постар од тебе и имам видено ти сеуште што не си сонувала...

И затоа доста со тагата, доста со „изгубено време, луѓе, живот“ и собери се и почни да надминуваш. Сама си во светот, се е менливо и се ќе исчезне. Ајде падни во депресија... :)

Ако не можеш да се ослободиш од тагата и ти требаат другари исти ко тебе кои не знаат каде и да си зборувате утешни зборови а да не правите ништо - ок, нека биде твоја волја :)
 
Ваууу...ме остави со подотворена уста:rolleyes:
Која сигурност, која смелост..Хепта душо, ти ништо незнаеш за никој, можеш само да нагаѓаш..но не е битно...моабетот ми беше дека е убаво човек некогаш да има раме за плачење, да има каде да се искаже што го мачи, па макар бил тоа и форум...зарем ти немаш другари блиски со кои некогаш ќе си размените нешто интимно..не ми се верува дека си толку тврд орев без емоции и дека се во себе чуваш..понекогаш и душата прелева па и треба одушка:*
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
За жал, знам, посебно ако ме заинтересира виртуелен лик, и те како се дознава кој е што е, само еден фб линк денес... :)

Имам пријатели и во Редот и надвор од него кои знаат за мене многу (сите во Редот всушност како прво знаат кој сум реално во животот), но на форум - тешко тоа. Форумот е полн со злобни луѓе - не знаеш што ѕвезда ќе се обиде да ти застане на патот во нејзиното бладање.

Не, не се искажува јавно ништо од внатрешниот живот. Бесцелно е, дава лажна сигурност или олеснување и ништо не се менува кај тебе.

Имам емоции за целото човештво да го удавам :) Но не вреди...

Јас зборувам (иако ти постојано забораваш) дека тагата МОРА да се надмине, не да се гушкаш и давиш во неа, тоа не значи дека немам емоции и дека сум „тврд орев“ - можеби сум само промислен орев и се чувам од надворешното кое е многу по-променливо од мојата внатрешност, мојот универзѕм ...
Тагата ако не ја победиш, ништо не правиш, освен ако не ти е некаква огромна инспирација што го вади најдоброто од тебе. Знам такви луѓе кои тагата ја направиле одлично орудие, што сепак не е она твоето „да ме повлече тагата на дното“ итн итн...

Мислам дека немам што повеќе да кажам за оваа „тага“... прифаќањето на реалноста дека се исчезнува од Земјата, освен причинителот непознат - помага да не се врзува човек преку виртуелни ствари со минливи нешта. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63

Имам емоции за целото човештво да го удавам :) Но не вреди...

Зарем си се обидел некогаш или само се сомневаш??:^)

Мислам дека немам што повеќе да кажам за оваа „тага“... прифаќањето на реалноста дека се исчезнува од Земјата, освен причинителот непознат - помага да не се врзува човек преку виртуелни ствари со минливи нешта. :)

Понекогаш и виртуелното поврзување делува како мелем на рана:)