Тагата долго трае

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Дали знае некој да објасни зошто тагата најдолго трае од сите емоции?:(

Чувството на среќа најбрзо проаѓа, па потоа бесот, надежта, поносот, ентузијазмот...додека чувството на тага може да трае со месеци и години(worried)
Од друга страна пак, имаме емоции кои најкратко траат, по некој час, а тоа е срамот, изненадувањето, одбојноста.
Каде одат сите оние убави емоции, сите оние возбудливи трперења, во кој дел од нашето тело се сместиле, а тагата упорно стои, умот секогаш ја преработува одново и одново:(
Има ли лек за да се скрати времетраењето на оваа тажна емоција:place
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Колку и да сме среќни тагата ја чуствуваме дека е најјака и најдолга,долго трае
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Да се разбереме... не е дека тагата е најдолга, ама кога во нешто уживаш не го гледаш часовникот на секои две секунди... обично времето се чувствува само кога сме во најдлабоките дупки од нашите животи...
Од друга страна пак, комплетна среќа, онаа во која потполно се препушташ без да размислуваш на ништо друго, ретко кога доживуваме... имаше некое истражување пред некоја година, па заклучија другарите дека во текот на еден просечен живот само нецели 13 минути имаме во комплетна среќа...
Од трета страна пак, Фројд вели дека ние како суштества и не сакаме многу да бидеме среќни, не би издржале... ама затоа си наоѓаме системи за да се заштиме од несреќата... тоа ти е нашата амбивалентност... и да ви кажам во право е...
Тргнете од тоа, што означува катарзата и како ја добиваме... прво да видиме ужас пред нас, да се стресеме до степен на лудило, па да ни дојдат солзи, и после да сме катарзични...
Од таа особина наша... да уживаме во сопствената несреќа профитираат и скоро сите религии... да си бидеме искрени...

Е сега, кога сме кај лекот... Имаш многу лекови за спасување од несреќата:
Асентра, Менделекс, Рисперидон, Хелекс, Деметрин...
Од друга страна, имаш коњак, вино, пиво, ракија, текила, виски, мартини...
Од трета страна имаш, секс за доручек, секс за ручек, секс за вечера...
:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

И ти навистина мислиш дека со твоиве препораки ќе може тагата да се истажи!?
Пијем тугу да разбијем..имаше една песна, да ја најдам и пуштам до даска, ракијата до мене и збогум памети....но што откако ќе се отрезнам:^)
 
Откако ќе се отрезниш, одново ќе се испијаниш :)
Се шалам...
Бидејќи бараше „лек“ се обидов малку на шала...
Но, ако е таква работата... треба да видиш што е она што те исполнува и најмногу ти дава среќа. Мене пример, играње со децата ми го продолжува животот, и да бидам дну дна, легнувам на кревет, тие до мене, ги гушкам, скокоткам, си правиме фацички, ми кажуваат досетки и слични работи и толку... збогум туго неврачај се...
 
incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Да се разбереме... не е дека тагата е најдолга, ама кога во нешто уживаш не го гледаш часовникот на секои две секунди... обично времето се чувствува само кога сме во најдлабоките дупки од нашите животи...
Од друга страна пак, комплетна среќа, онаа во која потполно се препушташ без да размислуваш на ништо друго, ретко кога доживуваме... имаше некое истражување пред некоја година, па заклучија другарите дека во текот на еден просечен живот само нецели 13 минути имаме во комплетна среќа...
Од трета страна пак, Фројд вели дека ние како суштества и не сакаме многу да бидеме среќни, не би издржале... ама затоа си наоѓаме системи за да се заштиме од несреќата... тоа ти е нашата амбивалентност... и да ви кажам во право е...
Тргнете од тоа, што означува катарзата и како ја добиваме... прво да видиме ужас пред нас, да се стресеме до степен на лудило, па да ни дојдат солзи, и после да сме катарзични...
Од таа особина наша... да уживаме во сопствената несреќа профитираат и скоро сите религии... да си бидеме искрени...

Е сега, кога сме кај лекот... Имаш многу лекови за спасување од несреќата:
Асентра, Менделекс, Рисперидон, Хелекс, Деметрин...
Од друга страна, имаш коњак, вино, пиво, ракија, текила, виски, мартини...
Од трета страна имаш, секс за доручек, секс за ручек, секс за вечера...
:)
Колку и да си среќен тагата ќе дојде и ќе ти ја расипе среќата
 
Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Имаш работи во животот што те прават среќна и што те прават тажна. Кога осеќаш тага и нервоза треба да си најдеш издувен вентил во работи кои ќе го подобрат твоето расположение. Од друга страна се е до нашата перцепција. Еден гледа на една работа тажно друг среќно, што значи какви ти се мислите таков ти е животот, па ќе треба да го мењаш начинот на размислување.
 
-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
92
Тага, таа е изворедна емоција со која може да го "ископате" бунарот од кој ќе пиете вода, вода која ќе ви ја гаси "жедта".
Треа долго, бидејќи го "согорува" сето тоа за кое предходно сте мислеле дека сте/имале/поседувале/верувале/сакале ,
па во таа затечена состојба сосема е нормално времето да летне додека тоа го надминете и си дојдете на себе и почнете од ново да градите нагоре.
Се разбира и тоа ново што ќе го изградите ќе му дојде денот кога ќе се сруши и така во еден затворен круг на емоции.
Колку повисок "нагоре" толку подолго ќе трае тагата!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Мислам дека тагата никогаш неможе да се излечи, дури и радоста која и е спротивна емоција, само ја зголемува тагата и ја враќа во првата фаза на најголемата болка...незнам само колку солзи се потребни да се исплачат, колку грутки од срце треба да извадат, за да се поднамали и да може човек да продолжи да чекори низ трнливиот живот:(
Подршката од блиски луѓе помага да не се распукнеш....но, можеби тоа е лекот, целосно кршење а потоа чекаш времето да си лечи:(оффф..
 
Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Мислам дека тагата никогаш неможе да се излечи, дури и радоста која и е спротивна емоција, само ја зголемува тагата и ја враќа во првата фаза на најголемата болка...незнам само колку солзи се потребни да се исплачат, колку грутки од срце треба да извадат, за да се поднамали и да може човек да продолжи да чекори низ трнливиот живот:(
Подршката од блиски луѓе помага да не се распукнеш....но, можеби тоа е лекот, целосно кршење а потоа чекаш времето да си лечи:(оффф..
Ќе пишам исто ко во претходниот пост, се е до перцепцијата, поточно до тоа како размислуваш. Ако на се гледаш црно нема да можеш да видиш бело.
Во краен случај ова ти што го опишуваш е повеќе ко депресија, но и за неа има лекови и психолошка помош која сепак ти кажува дека треба поинаку да размислуваш.