1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

ТВ Нова - информативна телевизија

Дискусија во форумот 'ТВ' започната од Marcello, 4 февруари 2016.

  1. Marcello

    Marcello Староседелец

    Зачленет на:
    17 декември 2014
    Мислења:
    98
    Допаѓања:
    50
    [​IMG]

    ТВ НОВА е информативна национална кабелска телевизија која започна со програма на 01.02.2016 година. Телевизијата ќе понуди доста инфрмативни емисии како што се вести од светот и балканот, вести од спортот, забавни емисии и многу друго

    Главен и одговорен уредник на информативната програма е Билјана Василева Трендафилова.

    Во интервју за Утрински весник Василева Трендафилова истакнува дека концептот на ТВ Нова се темели на идејата гледачите да добиваат многу повеќе од обични вести, односно телевизијата да функционира како еден вид на арена, каде што ќе има простор да се слушнат многу различни ставови, уште повеќе анализи и дебати, што на гледачите ќе им понуди едно сосема ново искуство во поглед на вестите.

    „Телевизијата ќе функционира како еден вид арена, каде што ќе има простор да се слушнат многу различни ставови, анализи и дебати“, вели Билјана Василева-Трендафилова, главен и одговорен уредник на ТВ Нова за Утрински весник.

    Од денеска во етерот почнува да зрачи телевизијата ТВ Нова. Вие ќе бидете главен и одговорен уредник на информативната програма. Што ќе им понудите на гледачите, повеќе политика, економија, дебати…

    Главниот производ на ТВ Нова ќе бидат точни, навремени и проверени информации, кои ќе бидат сервирани во текот на целиот ден. Од тука, може да се каже дека во фокусот на ТВ Нова првенствено ќе биде информацијата, без разлика дали станува збор за политичка, бизнис, забавна или спортска вест. Целта ни е секоја вест која на кој било начин ги засегнува гледачите, да го добие заслужениот третман и простор. Идејата е, всушност, гледачите на ТВ Нова да добиваат многу повеќе од обични вести, односно телевизијата да функционира како еден вид арена, каде што ќе има простор да се слушнат многу различни ставови, уште повеќе анализи и дебати, што на гледачите ќе им понуди едно сосема ново искуство во поглед на вестите. Всушност, може да се каже дека во ТВ Нова, новинарите конечно имаат ресурси за работа кои досега во Македонија ги среќававме само во учебниците по новинарство, а беа сон на секој новинар. Она што го гледаме само на светските и регионалните канали за вести, од технички аспект, конечно, ќе го практикуваме и во нашата земја.

    Официјален веб сајт : tvnova.mk
    Соработуваат со REUTERS, BLOOMBERG и израелската i24
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На incule му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,439
    Допаѓања:
    3,791
    Дане знајш на кои кабелски ја има телевизијава оти јас сум на Телекабел ја немам а имам еден другар шо е на БТВ ја има, и многу ме нервира шо никој не кажва на која кабелска може да се најде телевизијата. Момелтано можам да ја следам само на нет tvnova.mk
     
  3. Io Sono

    Io Sono Истакнат Член

    Зачленет на:
    27 јуни 2015
    Мислења:
    422
    Допаѓања:
    440
    Изгледа грешка сум. Што е Нова ТВ, телевизија или интернет канал?
     
    #3 Io Sono, 4 февруари 2016
    Последна промена: 4 февруари 2016
  4. Marcello

    Marcello Староседелец

    Зачленет на:
    17 декември 2014
    Мислења:
    98
    Допаѓања:
    50
    tvnova.mk е информативна телевизија (налик на 24 вести) која започна со работа неделава.
    novatv.mk е интернет портал кој не се стандардна телевизија туку снимаат вести и дебатни емисии кој ги прикачуваат на јутјуб.

    Двете имаат различна екипа, газда и немаат никакви допирни точки едни со други .

    На телекабел ја има ама аналогно (кабелска) а дигитално (преку ресивер) ја нема. Бар така прочитав на друг форум. Ако имаш аналогно сигнал на Телекабел треба рачно да ја побараш.
     
    #4 Marcello, 5 февруари 2016
    Последна промена: 5 февруари 2016
    На Kisserboy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Метаморф

    Метаморф Истакнат Член

    Зачленет на:
    5 декември 2014
    Мислења:
    300
    Допаѓања:
    336
    Добро луѓе време беше за нешто вакво.Телевизии што сакам да ги имам (колку да не ми стое за џабе телевизирот дома) се тв 21 и тв Нова.Се супер,ми се допаѓа објективноста,новата опрема и новинарите.Еве дочекавме телевизии лишени од турски и индиски серии,со нормална и здрава содржина како што доликува на еден медиум.
    И доколку би продолжиле со Контравестите би било супер освежување. :D
     
    На incule му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marcello

    Marcello Староседелец

    Зачленет на:
    17 декември 2014
    Мислења:
    98
    Допаѓања:
    50
    ТВ Нова пропаѓа после сите тие случувања со газдата на телевизијава Сеад Кочан. Се зборува дека ја купил газдата на радиото Канал 77 и ќе се вика 7 телевизија веќе има и сајт во изработка tv7.mk но прво треба да се реши проблемот со вработените во ТВ Нова бидејќи не им се исплатени неколку месеци плата. Телевизијава моментално нема програма, нема луѓе само репризи се вртат по цели денови и едно те исто од реприза.
     

Сподели: