Сѐ се враќа, сѐ се плаќа?

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Многу често се среќаваме со изреката дека.. .Нека е, тој сеуште не знае дека се се враќа се се плаќа.
Или пак ако не нему ке му се врати на неговите деца.

Се плашите ли од помислата дека еден ден ке "платите" се секоја направена "грешка"?
Дали мислите дека за секое добро дело ке ви биде возвратено со добро а за лошите обратно?
Верувате ли дека се се враќа се се плаќа?

"Направи добро и закопај го под камен, тоа самото од под каменот ке си направи јазик и ке се објави".

Незнам колку е сето ова вистина.
Не се плашам доколку треба самата да платам за своите грешки, не сакам моето поколение, односно било кој друг да треба да плати за тоа.
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
се се враќа - нема врска ова, ништо не се враќа!!! (освен некој залутани писма-да му се врати на испраќачот или да пратиш некое дете по цигари, па после 5 мин... ејј, ене го, се враќа)
а другиво е сува вистина
Се се плаќа - точно е, се си има своја цена и ке си ја платиш!
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ако во нешто верувам, тоа е карма. За секое дело, дали позитивно или негативно, има последици. Само е прашање на време, sooner or later. Понекогаш кога ќе направиш нешто позитивно/добро, можеби веднаш нема да ти се врати. Ќе се запрашаш, зошто кога човек прави добро, не ми се враќа со добро? Но, во иднина токму за тоа нешто што си го направил, еден ден ќе ти се врати. Колку пати откако нешто ќе ми се случи, си имам речено, ахааааа еве ја последицата, поради тоа и тоа што направив тогаш, сега ова се случува. А некогаш може да се случи несвесно да погрешиме и после да се чудиме зошто нешто лошо ни се случило.
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Па уствари карма ти е дефиниција за се се враќа, се се плаќа... Или грешам? Anyway, верувам дека е вистина а можеби и само сакам да верувам па си ги поврзувам дејствијата со дефиницијата :D А ова- тие после мене да плаќаат за мои глупости, ем прв пат го слушам, ем не верувам, ем нема потреба некој друг да пати од мои грешки.
 

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Не знам ама никогаш не сум видел да им се врати нешто на оние кој направиле некое зло,дури и подобро живеат така да не верувам во тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ако мислам дека на секое добро дело треба да се врати со добро тогаш сум трговец и на некој начин не сум ни алтруист но во секој случај егоист да. Она што е добро не треба да се чека ништо за ворврат. Тоа е девизата на алтруизмот. А оваа изрека е еден вид на клетва, као - ако праиш лошо, лошо ќе те снајде.
 

близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
се се враќа или се се плаќа - е чисти производ на нашата перцепција..
се заебал женска пред 5 години, па сеа друга те заебала тебе... и? Се се враќа, се се плаќа? Ако ние така гледаме на тоа, тогаш така нека е.

Многу јасно дека се работи за заблуда.

Ако работиш со криминал, и после извесен период бидиш жртва на самиот криминал... тоа се нарекува пресметан ризик и можни последици.
Но пак ке речам, кој како ги сватил работите..

Споре мене, можен е бумеранг ефект при манипулација со енергијата.. нешто слично како акција-реакција.... но тоа е далеку од судбина, зло, или исплаќање на некој грев.
Е сеа ако Господ постои, и има банка што издава поволни кредити за правење гревови... тогаш да, држи вода муабетот. Камата си е камата.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ко за вечен скептик, кармата е една од ретките работи во кои верувам.
Нели, клинот со клин се избива.
Ама (кај мене речиси секогаш има ама) секаде има подеми и падови, па ние, немоќни или исплашени да вратиме, можеме за некој што нам ни згрешил, да си чекаме да го снајде нешто. Моментот кога истиот ќе го снајде некоја несреќа, си мислиме дека го стигнала онаа наша карма, па се тешиме дека правдата е задоволена, а ние не сме ни мрднале со прст.
Исто е и со доброто. Секогаш се доаѓа до точка кога од нигде, во потребен момент, се случи некое неочекувано добро кое автоматски го поврзуваме со некое добро што претходно сме го направиле, па истото неретко претставува стимуланс да продолжиме со добрини, секако, исчекувајќи да ни се вратат некогаш во иднина.
Ем волкот сит, ем овците на број.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Јас мислам дека доколку се плашиме од можна казна за направените гревови, ке ни се врати... се е во нашиот мозок. Гревови не постојат, се зависи од грижата на совест што ја имаме поради (не)направеното дело. Ако ние го перцепираме како грев, тогаш е грев, ако најдеме начин да се оправдаме тогаш не е грев. Самиот страв од казната е доволна казна.

Мислам дека млади луге како нас, посебно во ова модерно време на живеење,не би требало да се ограничуваат себеси, својот духовен и интелектуален развој, својата креативност и да си одземаат од личната слобода, слобода на изразување, слобода на дејствување... поради муабети од типот ``се се враќа, се се плаќа``

Во животот сум се сретнала со повеќе ситуации кога ми било наметнато да избирам помегу слободата и сигурноста, помегу љубовта и принципите, помегу мојата среќа и среќата на тие околу мене... Доколку изберев нешто што во тој момен изгледало како правилно и било одобрено од целата околина и општеството... тогаш во себе чувствував некоја голема празнина, се плашев од иднината затоа што знаев дека тој избор во тој момент не ме задоволува.
А доколку го изберев обратното... тогаш од сите можни страни ме напаѓаа муабети од овој тип... и доколку си дозволев да ме поразат го чувствував тој страв.

Во последно време се трудам да научам да не размислувам за тоа дали сум згрешила или не...