Студентите во амфитеатар

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
31
Скопје
Кога идев на факс ја ( сега ми е на мирување ) , не сум можела да седам ни на првите клупи, а ни позади. Зошто?
Затоа што, ако сум седела на првите клупи, тогаш голем ремет ми маваа друштвото, како јас, нели бубалица. Се занесувам, бла,бла,бла...
Ако седам позади скроз, со нив, тогаш паѓа огромен муабет внатре, смеење, си носат плински боци, си прават кафиња, чаеви, си јадат чипсови, се сликаат, се ставаат на фејсбук... И ништо не следат од „оноЈ“ што зборува. Ама на тој не му е ни гајле, бидејќи едноставно тој дојде на предавање, си го кажа она што требаше и чао пријатно. И у главном тоа е тоа. Ти дали си го слушнал или не, твој проблем. Не се ни нервираат :)
Ти си тој шо ќе трча по амфитеатари и по нив.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Цел мој живот(основно и средно) го поминав во прва или втора клупа, прво затоа што сестра ми ако беше назад нѐ бркаа од час, второ затоа што ќор сум, па ми треба од близина за да гледам табла - а бубалица бев :)
На факултет продолжив да седам прва клупа во предавалните, прв ред во амфитеатрите, прво затоа што толку студенти бевме... па ако седнувавме од трета клупа нагоре, ќе му дојдеше се плашиме професорот да не нѐ исплука, или дека има лош здив, а кога бевме во амфитеатар, бидејќи работев до 12 часот, а предавањата(единствените што ми беа во амфи) почнуваа од 11 и 20, кога стигнував сите седишта беа пополнети, освен тие од прв и втор ред... морав таму :)