Студентите во Македонија

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Испириран од една тема на форумов(http://forum.crnobelo.com/threads/Живот-без-факултет.3199/page-2#post-158657) ќе се обидам да дадам едно свое, какво такво мислење за факултетие и студентите во нашата ни мила Македонија.
Па така би почнал најпрво со тоа што сите треба да се согласиме дека факултет не е место за секого.Треба еднаш за секогаш да сфатиме дека дел од "академското опкружување" и неможе секој да биде.Секој со својот капацитет на овај суров пазар на труд.
Тоа во Македонија(за жал) не е случај.Сите знаеме по еден,двајца( а може и повеќе) кои се на некој од факултетите а во реалноста незнаат ни да се потпишат.Зошто? Причините за таа одлучност на тие "студенти" во најголемиот дел им е наметната од некој трети лица (родители,поблиски роднини,пријатели) на таква мотивациска инекција веројатно секој би "ослабел".Некои пак се запишуваат на факултет за таа пуста желба за успех.Успех ама каков.Веројатно и таквите како нив ги имате во вашето опкружување кои цврто се убедени дека после дипломирање ги чека топла и чиста канцеларија со панорамски стакла.Ако подеталко продолжиме да се занимаваме со останатите причини(кои верувам дека добро ви се познати) за тоа што некои личности се запишуваат на факултет веројатноова нема да биде колумна туку книга така овде во тој контекст ставам крај.
Поентата, односно тоа што сакам да го кажам е дека нашите факултети имаат премногу "нестуденти" одколку студенти.Па така во пракса имаме така наречени студенти кои не се појавени на предавања, кои незнаат што,кога,каде,во колку и кај кој професор полагаат(иако од тоа "големо знаење" се одалечени два клика на интернет) Исто така имаме студенти кои факултето наместо за 4 години го завршуваат за 7,8, па и 9 години.На чива штета е ова?
Прво штетата е лично нивна.Изгубено време,трошочите за престој,храна,административни трошоци(тие што студираат знаат дека ги има премногу) како и психичкиот терет.Второ во штета се самите факултети.При интерни контроли факултетите кои вадат нестручни кадри или кои во нивната воспитно образовна работа имаат големи пропусти ќе се квалификуваат како нефунционални.Трето а и најважно.Во штета е самото македонско општество.Односно сите.Па така ќе имаме наставници во воспитно образовниот процес кои немаат појма од работата,лекари кои ќе ги доразболуваат пациентите, правници кои се губат во постапките на судот,економисти кои се губат во процесите на економијата,градежни инжињери кои градат криви згради,ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА која единствено е компетентна( и добро си ја врши работата во таа смисла) за приготвување на Нескафе 3 во 1,со други зборови ќе имаме неспособни "академци".
Исфруструрани од вработувањата по пријателска линија,неправилното вреднување на трудот и немањето услови оние правилните МОЗОЦИ ќе бараат што побрзо да заминат од Македонија, што кога ќе видиме пак е на штета на сите.
Целиов овој процес трае предолго за така лесно да се искорени.Само за пример да ги земиме студените од западните земји.Тие таму се доволно моќни за да направат мега протести па така надлежните сакале или не мораат да им дојдат во пресрет, студентите таму менуваат влади, студените таму се едно од основите на целокупното гласачко тело,студентите таму...се обединети.
Кај нас е подруга ситуацијата.Неможеме да се правдаме дека сме релативно млада демократска земја и слично.Апослутно тоа не е изговор за ситуацијата во која се наоѓаме.Се додека самите студенти меѓу себе ставаат бариери и се делат на етничка,религиозна,партиска припадност и се додека не се активира свеста кај нив дека всушност ако сакаат можат да постигнат определена доза на внимание од надлежните, се додека нема обединување нема да има ни прогрес.Зошто е тоа така? Прво.Затоа што најголемиот дел од македонските студенти не се запознаени со процесот на гласање за студенски правобранители и сите останати претставнички тела.Второ.Многу од студентите и "не се замараат" со тие за нив "глупости" и си тераат да си завршат факултет за...како што кажав погоре да се вработат и земаат добра плата.Трето.Самиот наш менталитет не дозволува обединување, ние мора да се тепаме,колиме,караме,мразиме несфаќајќи дека имаме исти маки, дека сите студенти се во иста каша(дали за катастрофалните состојби во некои студенски домови или нереалното вреднување на трудот од страна на самите професори на факултетие ширум Макеоднија)
Како што кажав предходно.Макотрпен е процесот на обединување и неможеме да очекуаваме промени веднаш, ама барем треба да се почне со некоја подлога.Сепак од тие студенти треба да произлезат идните раководители на сектори,министри,пратеници,директори,лекари,правници,универзитетски професори па и премиери и претседатели.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Прво.Затоа што најголемиот дел од македонските студенти не се запознаени со процесот на гласање за студенски правобранители и сите останати претставнички тела.
За ова првово сакам да продискутираме. КАДЕ и КАКО студентите ќе се информираат за студентските правобранители,студентските претседатели и парламенти? Дали треба сами да дојдеме до информации или треба некој да не запознае со тоа што е студентски правобранител ,кои се негови функции и од која корист би ни бил? Се додека сум неинформирана,нема да одам и да гласам на сгтудентските избори.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sebastian

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Ај изнесиго твојот начин на решавање на овие проблеми ?
Прво оваа колумна е еден начин на анализа на состојби а не предлок закон за високо образование или програма за развој на високото образование во земјава.Второ.Никој поединец неможе да се спротистави на таков процес па макар и 54352факултети да има завршено.Трето.Ако сакаме решенија потребно е формирање на работна група која би изготвила законски измени(потоапроцедури со збирање потребен прој на потписи па потоа давање на собранието) или програма за подобра организираност во која ќе усчествуваат претставници од сите факултети.
 

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
За ова првово сакам да продискутираме. КАДЕ и КАКО студентите ќе се информираат за студентските правобранители,студентските претседатели и парламенти? Дали треба сами да дојдеме до информации или треба некој да не запознае со тоа што е студентски правобранител ,кои се негови функции и од која корист би ни бил? Се додека сум неинформирана,нема да одам и да гласам на сгтудентските избори.
Мој пропуст е и тоа што е премногу мала информираности на претставничикте тела кој би застанале на страната на студентите за кои сметаат дека им е нанесена некаква штета.Друга работа е слабата организираност на тие тела(некои дисперзирани студии и понови факултети не ни имаат претставници)
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Sebastian си влегол некогаш во сојоз на студенти на твојот факултет ?- претопставувам студент си ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sebastian

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Sebastian си влегол некогаш во сојоз на студенти на твојот факултет ?- претопставувам студент си ...
НЕ...а зошто да не би влегол...сакам ама никој не ме информирал како одат тие работи, кој не се замара некому да објасни која е моќтакоја ја носат тие тела и никој не се бодел да објасни како одат процедурите и што семоже да се постигне...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
НЕ...а зошто да не би влегол...сакам ама никој не ме информирал како одат тие работи, кој не се замара некому да објасни која е моќтакоја ја носат тие тела и никој не се бодел да објасни како одат процедурите и што семоже да се постигне...
па за промена влези информирај се и побарај го прирачникот за спроведување на ЕКТС за да го прочиташ па дојди ке дискутираме тука важи ли...
и гледам не ти се спие па напиши како би се решиле овие проблеми без одговори како тој погоре ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sebastian

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
па за промена влези информирај се и побарај го прирачникот за спроведување на ЕКТС за да го прочиташ па дојди ке дискутираме тука важи ли...
и гледам не ти се спие па напиши како би се решиле овие проблеми без одговори како тој погоре ...
Сам да се информирам за да влезам во претставничко тело е малце нелогично испаѓа дека одам таму од сопствен интерес.Воопшто не ја навредувам твојата интелегенција ама мислма дека добор нагласив дека колумнава е анализа а не решение на пробелот.Мислма дека убаво е што почнавме со дискусија.Не можам детално да навлегувам затоа што би бил неточен ама ќе се обидам.Па ете нема има граница....со колкав просек од матурантите може да се запишат на факултет.Нека има граница со колкав просек(нека е над 8.5 ќе кажам повторно дека карикирам) за запишување на магистерски студии истото нека важи за трет циклус односно докторски студии.Така енормно ќе се намали бројот на студенти и ќе оснатат само оние кои сакаат да студираат и сериозно си ја сфаќаат работата.Ама тука пак доаѓа до проблем што ќе има премногу што немаат да имаат можност за запишувања на факултет(поради просекот нели) и за кои државата треба да си смисли нешто друго.Исто така нека го остварат делот од проектираните промени на законот за високо образование во однос на тоа дека: демонстратор тогаш би можел да биде само оној кој има магистрирано, асистент оној кој има докторирано доносто се има стекнато со титула Доцент а професор да биде само оној кој има титула проф.д-р. призната од македонската академија за науки и уметности а не купени украински и бугарсмки докторати.Така би имало поголем успех и енормно поквалитетен кадар од досегашниот.Што се однесува до студенските организации да прекинат да се водат од сопствени интереси внатре во организациите да почнат со активности како организација на смеинари (за кој треба да си побараат финансиска подршка од МОН) и во кој ќе се разгледаат подетално сите недостатоци и проблеми на студентите и слично.
Пак ќе кажам сама по себе една индивидуа неможе ова да го оствари а и засега останува да биде sci-fi toa e.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Ај изнесиго твојот начин на решавање на овие проблеми ?

Ако одиш на факултет треба да учиш, т.е да студираш.Под студирање јас подразбирам одредена тематика пример филозофија да ја простудираш, значи освен што треба да знаеш со што се занимава таа филозофија и детално да ја проучиш како и сите нејзини гранки.
Факт е дека е модерно да си денеска на факултет.
Е ради таквите нестуденти, паразити, тие студенти што навистина се трудат не можат да успеат.
И да успеат, пак некој дикле што не се појавувал на факултет ќе им биде шеф.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sebastian