Струмички карневал

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Сте биле на струмичкиот карневал?? доколку сте биле, како сте си поминале?? кој не бил, нека дојде оваа година, да види како е ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: delvi

Lily

Староседелец
15 февруари 2012
143
123
1,043
Скопје
не сум била, а сакам да идам, па ако си најдам превоз планирам оваа година да идам:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Не сум била,сакав да одам ама другарка ми ме предомисли.Она лани беше вика џабе ќе идеш ке се измрзнеш како скитник по улица цело време,после во Селект биле, а таму па им било жешко од што биле наоблечени за надвор...
 

Gabby

Полноправен Член
21 февруари 2012
61
46
18
26
Ненормално сакам да одам..алии ако имам друштво нормалнооо идам!!! ^^
I <3 Струмица!!!
 

delvi

Нов член
14 февруари 2012
6
2
3
37
За разлика од лани оваа година не чека убаво време за карневалите, така да не му се мислејте ного таман и сабота си е повелејте на најлудата журка во цела година :zesko ...кој дојде нема да се кае..ке мисли дека се наоѓа на карневалот во РИО (happy)

Топло време со 12° за Струмичкиот Карневал


Топло време ги очекува струмичани и гостите што ќе бидат присутни во градот за време на Карневалските празнувања.
Според хидрометеоролозите, викендов во Струмица времето ќе биде пролетно со дневна температура од 11° во петок и 12° во сабота и недела. Разведрувањето и покачување на дневните температури се очекуваат од четврток.
Претходно во средата се очекуваат и последните врнежи од снег, но со помал интензитет, кој на некои места ќе се претвори во дожд. Затоплувањето на времето од четврток ќе го имаме до крајот на месецот.
Струмичани и гостите од цела Македонија и неколку Европски земји, годинава ќе можат порелаксирано да уживаат во презентирањето на Карневалските маски, за разлика од минатата година кога на самата вечер на Карневалот, температурата достигна до -13° со студен северен ветер.
Топлиот викенд во Струмица ќе допринесе за поголема посетеност на Карневалот кој ќе се одржи во сабота, 25-ти февруари од 17:00 часот. Претходно во петок е Маскенбалот каде ќе се изберат принцот и принцезата, кои заедно со кралот и кралицата ќе го предводат Карневалското дефиле од околу 3000 маскирани лица
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
А да каже некој што ќе оди во што ќе се маскира?

А и како што кажа Хип.Хоп_Мкд и јас очекувам слики.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Ќе има слики, ќе ставам :) јас уште незнам во што ќе се маскирам, ама битно ќе се маскирам, се мислам уште дали да си купам нешто или да си облечам од дома нешто :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto and Hip.Hop_MKD