Страв од смртта

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Само Господ знае колку многу ја сакам баба ми, ама што е многу многу е! Секое идење кај неа зборува за едно те исто. Ногата ме боле, ќе умрам. Раката ми трпне, ете пред умирање сум. Апче заборавив да се напијам, ете готово уште еден сиптом. Значи нема ден да не отидам кај неа да не се зборува околу тоа. Постојано и зборувам за тоа дека колку и човек да е болен, доколку остане позитивен може се да смени. Ама не, нејзе како да и е мерак да глуми болна и сите да ги загрижува и да трчкаат околу неа.На Петко му ги извадиле забите, и мене ме болат забите. Стамена ја болела кичмата, леле и мене ме боле таму. Значи моја другарка има асма има некои проблеми со срцето, па никогаш не сум ја слушнал да се жали ниту еднаш. Постојано е ведра, во најдобро расположение, не смее сите. И кажувам за неа на баба ми, дека целиот живот е пред неа па пак не се жали и не тагува ами гледа да го изживее секој можен момент како да е последен. Се грижам и за моите, значи ептен ги напиња. Се јавува во еден по полноќ кобајаги лошо е, драматизира и драматизира во вистинска смисла на зборот. Не знам колку пати ја проверуваше крвта, ја снимаше главата, значи секој втор ден е на болница. Навистина сум загрижен затоа што ќе ги умре оние околу неа, а нејзе знам дека не и е ништо. Јас искрено мислам дека мене не ми е толку мил животот како нејзе што и е. Мислам сфаќам, стар човек и сите тие работи, ама веќе и пријателките почнуваат да ја одбегнуваат. Ти 24/7 нон стоп да се жалиш и да зборуваш за смртта, мислам нема смисла. Како опсесија и е станато.
Знам дека нема помош за овие лица, сме пробале на секаков начин, не помага ништо. Прашањето ми е зошто ова се случува? Зошто е таа потреба сите да трчкаат околу тебе? Зошто воопшто се плашиме од смртта? Зошто постојано сакаме да бидиме жртвата, секогаш нас ни е најтешко, секогаш ние сме оние несфатените? Дали имате некој со истиов проблем и како се соочувате со него?
Мислам јас нервно се оболев. За крај, се извинувам ако има ваква тема. Барав ама не најдов ништо слично на ова.
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Иста е и баба ми. Веќе 15 год. Се жали: Готова сум, умирам. А, кога ќе и речам оди на болница, ми вели: аааа, ако појдам ќе ме задржат. А, зошто има тогаш болници?
Страв од смртта... па, како одминуваат годините, така ни останува се' помалку живот, нели:D... Веројатно се вознемируваат од фактот дека и тие за некое време ќе заминат и се плашат од моментот кога ти застанува срцето, "моментот на смртта..."
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
На вас бабите, а кај мене мајка ми е иста ваква. Ме збудали буквално, ја разбирам тешко и е има проблеми ама мислам дека најголем проблем и е стравот. И никако не можам да ја убедам во спротивното, па не сака ни на доктори да оди. Не знам што да кажам стварно лек за ова нема, не можеш да помогнеш на некој што не сака да му се помогне, а тие што се во околина и близина само јаки нерви и трпение ништо друго.

Однеси ја баба ти во дом, не ја посетувај, смени го телефонот, да видиш како ќе оздрави одма и нема да се жали.

Да би се нашол во таква ситуација ама не ко гледач не би размислувал вака. Немаш појма колку е болно да гледаш како сами си се уништуваат, а не можеш никако да им помогнеш затоа што со тоа само повеќе ја влошуваш ситуацијата.
 
Последна промена:

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Да би се нашол во таква ситуација ама не ко гледач не би размислувал вака. Немаш појма колку е болно да гледаш како сами си се уништуваат, а не можеш никако да им помогнеш затоа што со тоа само повеќе ја влошуваш ситуацијата.
Не чувствувам жалење кон лица постари од 60 години. Колку подалеку од мене толку подобро, старечки дом е единствено решение.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Однеси ја баба ти во дом, не ја посетувај, смени го телефонот, да видиш како ќе оздрави одма и нема да се жали.
Абе да е до неа, она кобајаги сака. Ние и велиме дека и таму нема да биде како што мисле дека ќе биде. Може да се падне во соба со некоја со полошо здравје од неа, па да треба да и менува пелени и слично. Она си мисле во дом е многу убаво, ќе јаде, ќе ужива и ќе гледа тв на плазма.

Иста е и баба ми. Веќе 15 год. Се жали: Готова сум, умирам. А, кога ќе и речам оди на болница, ми вели: аааа, ако појдам ќе ме задржат. А, зошто има тогаш болници?
Страв од смртта... па, како одминуваат годините, така ни останува се' помалку живот, нели:D... Веројатно се вознемируваат од фактот дека и тие за некое време ќе заминат и се плашат од моментот кога ти застанува срцето, "моментот на смртта..."
Твојата барем не оде по болници, мојава нон-стоп е таму, Дури срам ме фаќа од луѓето таму :(

На вас бабите, а кај мене мајка ми е иста ваква. Ме збудали буквално, ја разбирам тешко и е има проблеми ама мислам дека најголем проблем и е стравот. И никако не можам да ја убедам во спротивното, па не сака ни на доктори да оди. Не знам што да кажам стварно лек за ова нема, не можеш да помогнеш на некој што не сака да му се помогне, а тие што се во околина и близина само јаки нерви и трпение ништо друго.
Ооо, баба ми прва е за на доктор. Нешто да и спомниш и одма, треба на доктор да одам. После кога ќе и кажат дека е сосем здрава и дека резултатите и се и многу подобри од луѓето на нејзина возраст, вика како денешниве доктори не знаеле ништо. Не знаат ништо, ама утре пак кај нив трча. Е тоа е најчудното.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
И моите се жалаат, но на некој начин ќе ги тешиш. Обично баш тие што вака се жалаат живеат до кај 80ка. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec and escape

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Сега ве нервираат можеби, ама кога еден ден ќе се во право и ќе ги снема, ќе ве заболи. Џабе играње tough cookies.
Родители, па и општо луѓе со кои си навикнал цел живот, немаат старост.
Баба ми кукаше откако знам за себе...онака, типичен старечки муабет.
Посебно ми недостасува она „Догодина ако сум жива, не ставам кисела зелка“ (пошто ептен до ситница средуваше по цели денови)...и пак секоја година ставаше зашто знаеше колку сакам сарма. А 85 ги имаше кога почина, беше витална, права и здрава...да не скршеше колк, па тромбови и ово оно, ќе тераше уште и мило ќе ми беше да беше така, па нека се жали колку милува.
Не би го ни нарекла тоа страв од смрт. Нормално дека кога ќе дојдеш до некоја одредена возраст, свесен си дека не ти остануваат уште не знам колку години, па таквиот муабет преминува некако повеќе во рутина отколку што е права паника. Нормално, сепак е разбирливо пошто е непознато.

Тоа во воведот повеќе ми делува на хипохондрија, а тоа баш и не бира возраст.
Мада може да е и недостаток на внимание кој го компензира на тој начин за да чуе дека вреди и дека е сакана. Посебно ако живее (претежно) сама.
Бар децата знаат дека со глумење болести привлекуваат внимание. Поголемиве не би требало да се многу различни, само поскриени.
Проблемот е и што поголем дел постари луѓе не се најинформирани, па веруваат дека по ТВ и од народ само вистини идат. Нема што да прават, седат по дома, гледаат сваштарии и размислуваат за истите. Седнете ги, прошетајте ги, кажете им колку ви значат, ама и дека за нивно добро сакате да смените тема на разговор, ако треба и пребарајте за болеста од која се плашат, па разубедете ги...не знам. Јасно ми е колку е мачно, ама знае да се исплати некогаш.