Стравопочит

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Едина стравопочит која е вредна е таа што треба да ја имаме кон себе,да си бидеме свој најголем пример,свој најголем идол и свој најголем авторитет.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Едина стравопочит која е вредна е таа што треба да ја имаме кон себе,да си бидеме свој најголем пример,свој најголем идол и свој најголем авторитет.
и шо ќе те поттикнува да напредуваш?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
сега баш гледам овде http://www.makedonski.info/search/почит
вели
почит

(едн.) почитта
Вид збор: Именка, женски род
Чувство на уважување кон некого.
Англиски: respect Албански: respekt, nderi
Примери:
Чувствувам длабока почит кон тебе.
Остануваме со почит.
Слично со: респект (м.) , уважување (ср.)

од друга страна за респект вели
респект

(едн.) респектот
Вид збор: Именка, машки род
почитување, обѕир
Англиски: respect
Примери:
Има респект спрема него.
Без респект.
Слично со: почит (ж.)

а за уважување
уважување

уважувањето
Вид збор: Именка, среден род
Чувство на посебно внимание кон некого.
Англиски: esteem
Примери:
Не пречекаа со големо уважување и почест.
незнам, нешто не ми штима, барем не во моето сфаќање на она што би требало да се подразбира под „почит“.
Оти делењето на почит врз основа ете на дела, некако ми е многу прерачунато дејство.
А во суштина сум против на сѐ што е прерачунато.
Можеби не сум во право, не велам не.


Спореди ги сега со дефинициите од вебстер и забележи ја разликата.:)
Според мак-речников,почит било чувство на уважување, а уважување.....чувство на внимание....:eek: што да се прави, таков е јазикот, таква е динамиката...

Не верувам дека може да биде прерачунато, обично спонтано се јавува после некакво дело, постапка, активност. Не постои по дифолт.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
На пр. имате два типа на луѓе:
1. Весел, насмеан, секогаш другарски расположен, и да му згрешиш пак ќе ти помогне, иако други некои си играат мајтап понекогаш со него, го избегаваат итн.
2. Арогантен, по малку препотентен пред непознати луѓе, во јавност, дрзок кога треба спрема оној кој заслужува, без многу емоции, се на се-сериозен...

Во денешново време, начин на живеење, кој тип ќе успее да "преживее", спрема кој луѓето ќе имаат повеќе почит и на посериозен начин ќе го гледаат во јавност. Сакате да сте "дворскиот шут" кој секогаш е премногу весел, заебант, шегаџија, некои го гледаат како не толку сериозен човек...или сакате луѓето на некој начин да се плашат да се поздрават со вас, да зборуваат со вас од дистанца, да не бидете отворен буквар?

*Кога мислам на јавност, однос спрема луѓе, мислам спрема оние кои не ги познаваме или помалку ги познаваме, а не спрема оние со кои сме секој ден, родители, деца, партнер, роднини.

Комбинираност од двата поима е најприкладно,во зависност во какви ситуации се наоѓате и со кого. Бидете весели и насмеани и извор на позитивна енергија не дозволувајте некој да ве промени,а доколку увидете дека тоа некој не го почитува тогаш оградете се од таа личност и променете го вашето однесување кон неа.Покажете дека вие не сте предмет на закачалка.Во тој случај имајте почит само кон себе си.
Кога се работи за луѓе кои помалку ги знааеме или воопшто не ги знаеме,треба да се има почит од култура,но за оние луѓе кои подолго време ги знаеме почитта(во поширока смисла на зборот) треба да биде заслужена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Praetorian

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Има една изрека: Колку повеќе го запознаваш човек, толку помалку го почитуваш.
Генерално луѓето најмалку ги почитуваат своите најблиски, почнувајќи од родителите, партнерите, неретко и децата. Луѓето имаат потсвесен простор кој им овозможува да бидат она што се, а тоа е лоша слика, далечна од идеалната. Тоа подразбира дека секоја бура на емоции ќе се пренесе дома, ќе се разлеее со домашната атмосфера и ќе заврши како ништо да не се случило.

Со надворешните луѓе го немате таквиот потсвесен простор, односно имате кочница, а секоја кочница претставуваа почит. Сеедно каков сте, насмеан, намќор, депресивен, галамџија или исфрустриран, вие ќе имате круг на пријатели кои ќе ве почитуваат затоа што и вие за ним сте надворешни луѓе со сите маани и спецификации кои не смеат да постојат кај најблиските. Така што надворешниот впечаток е занемарлив и релевантен кога станува збор за почитта.
Јасно е дека насмеаните и позитивните луѓе ќе имаат поширок круг на пријатели, а оние другите ќе се дружат со слични и ќе се разбираат самите тие зошто поседуваат одредени карактеристики.

Луѓето имаат стравопочит а.к.а лицемерие само кон неколку луѓе кои ќе ги сретнат во нивниот живот. Наставниците, професорите и газдите. Толку. Ќе се плашите од самите себе, односно од брзината на вашата уста која што звучно ги произведува вашите мисли, па така ќе размислите што да кажете, со каква интонација и во кое време. Зашто тие се луѓето кои на дело ви го можат. Дали со оцена или плата. Затоа се излишни муабетите ќе види тој/таа. Како попче се стројат луѓето кога е во прашање газдата. Јбг егзизтенцијата од таму извира.