Срце или разум?

Xenia

Староседелец
4 април 2016
68
87
1,018
Narnia
Срцето е извор на сите емоции и сопатник со интуивноста. Додека мозокот е рационален не се занимава со туѓите чувства, а се поврзува и со лутината и осудувањето. Честопати постои дилема и неодлучност кога се работи за важни животни одлуки.
Што ве води кон животот? И што повеќе слушате во важните животни и љубовни ситуации? Дали секогаш срцето и разумот се на спротивни страни, или понекогаш одат двете комбинирано?
 
misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103

Секогаш гледам срцето и разумот да одат комбинирано..разумно да ја пратам вољата на срцето, да нема последици или колку толку разумно да бидат ублажени и обратно..разумот да не биде злоупотребен поради срцето..баланс, само добар баланс;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Xenia

Solange

Член со 30 казнени поени
6 април 2016
112
132
43
Мислам дека кога се работи за некои работи треба да се даде предност на едната работа. Инаку тоа се би изгледало многу неубедливо и површно, онака пацерски. Како што рекол народот "Е нема и к*р до гуша и у рај душа."
 
Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Правилно размислуваш со мозокот, со срцето не баш. Кога размислуваш љубовно си задаваш болка, а и не е релано нели.
Секогаш разумот пред срцето :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Radoznala1 and Astro01

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Правилно размислуваш со мозокот, со срцето не баш. Кога размислуваш љубовно си задаваш болка, а и не е релано нели.
Секогаш разумот пред срцето :)
Разум се лечи ама скршено срце не;)освен кај Жан Митрев:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕвездичка

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Ниту разум, ниту срце, си ја слушам само интуицијата, односно добро ке беше ако секогаш ја слушам, до сега ниту еднаш не ме изневерила.
Разумот секогаш се труди да го најде најправилното решение, но дали ако постапуваш правилно значи дека ке си и среќен? Од друга страна срцето е она кое те води по патеките на кои можеш да најдеш среќа, но таквите залетувања понекогаш можат да донесат непријатни последици.

Внатрешниот глас е оној кој секогаш те води на вистинското место без разлика на тоа дали ке си во право или не. Дури и кога жртвуваш многу следејки го тој внатрешен порив, знаеш за што жртвуваш и не чувствуваш болка, издржуваш и си среќен во секој момент од својот пат.
 
Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
42
Секогаш гледам срцето и разумот да одат комбинирано..

Не гледам начин како индивидуата може да „гледа“ реално објективни работи да одат заедно. Тоа е желба, но е невозможно да биде пракса.
Ако сепак се тврди дека е можно тогаш или разумот е неразум или срцето се измешани чувства.
Срцето и разумот се две спротивни нешта, како материја и антиматерија. Се спојат ли, настанува конфликт.
Вистинските чувства односно срцето се бескомпромисни чувства. Разумот е логички одговор, неоптеретен со чувства.
I beg your pardon, али некој кога ќе ми каже дека се ослонува на разум и одлуките му лежат на срце тогаш баш би сакал да слушнам пример за тоа, конкретен пример ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Astro01 and Solange

Па убаво пишав, гледам разумно да ја спроведам одлуката на срцето оти разумот стално ја компликува работата и ја усложнува, додека срцето секоја работа ја упростува...реков дека балансирам...инаку сите работи одат прво преку срцето а потоа доаѓаат до разумот.
Имало моменти кога одлуките ми лежеле на срце ама сум се ослонила на "разум" и сега се осеќам како оштетена...секој разум не е логички одговор, некогаш е кукавички одговор или заштитинички, да не повредиѓ некој друг..како и да е, ти си тој што губи на тој начин.
 
Solange

Член со 30 казнени поени
6 април 2016
112
132
43
Абе нема грешка...
Ха, некој само тоа прави, оди наоколу и само гледа како да повреди некого.
Причината за скршеното срце наше треба секогаш да си ја бараме во самите себеси прво.
Конкретен пример е дека секоја способна жена и те како знае како се држи машко под контрола и во љубов.;)
Затоа и мојот став е таков, со срцето се чува и негува среќата во љубовта а со разумот парите и кариерата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Radoznala1 and misterija