Спорот кој Грција го има со нашето уставно име!

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Дали би прифатиле промена на уставното име на Република Македонија за влез во ЕУ и НАТО?

  • Да, би прифатил промена на уставното име

  • Не, треба да го сочуваме уставното име


Резултатите се видливи откако ќе гласате.

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Каде јас нешто пишав за Александар?
Да речеме мене гајле ми е чиј бил Александар, но јас горд сум на тоа што знам дека мои прадедовци и баби гинеле за време на војните и турско за сега јас да бидам слободен. Горд сум на тоа што ослободиле за сега јас, моето семејство, моите другари да живееме на свое, а не оставиле да бидеме друга држава. Горд сум што се потрудиле на овој народ да му остават бројни песни, ора, храна, кои се печат за Македонија. Кога идам во лето на одмор и стапувам во конверзација со некој мој врсник од Италија, Австрија, Шпанија или кај и да сум бил и кога збориме за нашите градови и држави имам со што да му се пофалам. Не се фалам со ацета, со дпмне или сдсм, ама му се пофалувам со она што нуди мојата земја и што прави боље да се чувствувам.
Ти може живееш во Тетово и секој ден гледаш кечиња, но јас живеам на место каде го нема тоа. Почитувам други националности, но дали тоа според тебе значи дека јас сега треба да прифатам да зборам на друг јазик или повеќе земјата за која се бореле моите прадедовци и прабаби да не ја викам како што се викала туку со некое ново име?? Па и јас веќе да не бидам македонец туку некоја нова националност?
Хмммм што викаш, мозокот некој ми го пере сега или тогаш кога ќе бидеш без сопствен идентитет и кога ќе изгубиш се ќе ти биде поубаво од сега?
Мислиш дека ако повеќе не постојат македонците и Македонија ќе се решат сите проблеми, дека че влеземе во еу, што никогаш нема да биде и нато па ќе избегаш па ќе имаш бољи живот??? Не, ќе те гледаат како едно племе што никој не го сака во своја околина и секогаш некој ќе те понижува на основа на националноста.
За да им докажеш на Грците дека си Македонец, треба да знаеш како да им го докажеш тоа, и на која Македонија си горд, и како таа Македонија е твоја. Затоа почнуваме од Александар... и не можеш да речеш дека „ти е гајле чиј бил Александар“, бидејќи тие секогаш ќе ти речат дека Аристотел му бил учител, верувал во Зевс, а не во Перун, имал нивна култура, а не твоја. И ако им речеш „не ми е гајле“ ќе ти речат, „епа, нас ни е, и наш е“ и нема да знаеш што да им одговориш.
За да отидеш во Бугарија и да речеш, јас сум горд Македонец, на моите борци кои се бореле за Македонија, ќе ти речат, е како си горд на Македонија, кога првиот зборник со којшто се гордеете, го напишале Бугари, и го крстиле „Зборник на Б'лгарски народни песни“, кога Гоце Делчев се борел за наши интереси.
За да им речеш на Турците, ни ја упропастивте култура и државата, нѐ уназадивте до бесвест, ќе ти речат, е како кога пола Македонија е полна со потурчени поранешни рисјани, кога сите ваши попови ни помагаа со векови да ви збираме данок, ти ќе им речеш, „е ми е гајле мене за тоа, јас сум си Македонец и ти што сакаш збори, јас сум си горд на мојава држава, и си го сакам својот јазик“.
Нема врска, што со години, јазикот го упропастуваме со внесување такви варваризми, што Блаже Конески моментално седи на некое триножно столче и плаче на „оној свет“. Нема врска, што со години никој не потегнува да се тргне малку од неговата граматика, да се надогради Толковниот речник. Нема врска што, кога се потрудија да направат нов правописен речник, направија таква бламажа што пола Македонија треба да се срами од тоа издание, а не да се гордее...
Нема врска бе, ние ќе си бидеме горди Македонци, ама поим нема да имаме на што сме горди.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Целиот проблем е започнат од лошото образование донесено уште од основање на државноста на Македонија во 40тите, со тоа што во учебниците по историја се става поимот нација во антика и среден век. На тоа, се накалемува одредена вештачки створена „гордост“ или т.н. лажен патриотизам за нешто што низ вековите нит му се знае стопанот, нит потеклото. Затоа што, прво и основно, најголемата грешка што ја прават сите учебници по историја е тоа што не ја потенцираат географската положба во која се наоѓа денешна Р. Македонија, туку на тоа е ставено скоро никаков значај. Па сето тоа повлекува еден по друг проблем, лажниот патриотизам води кон измислена нација, измислената нација води кон избран народ, избраниот народ кон супремат на останати народи врз одредена географска површина.
Да се надоврзам, ова не е само кај нас проблем, го имаме и кај сите соседни и прекусоседни балкански земји. А особено е издигнат во масата дезориентирани, каде сиромаштијата рака под рака со ситната (и крупната) коруптивност си царуваат еве веќе 20 и кусур години.
Да не ме сфатите погрешно, имавме одреден период кога нѝ се укажа можност да изградиме државност на цврст постулат, но тој период беше премногу краток, а неговиот успон пребрз за да еволуираме како менталитет во целина на повисоко ниво. Така во 80тите се осети трулата капа на социјализмот кон за жал кај нас (балканот) доведе до вртоглав пад прво на морална база, а со тоа и подоцна на економска која доведе до граѓанска војна од која никој нема видено аир од сите нас тука. Грците имаа шанса тогаш да бидат подобри домаќини, но заради нивната учмаеност како милениче на западот, не го искористија тоа. Едини успон можеби имаше Турција во одреден период, но ете сега кај нив играта им се одбива ( и ради други надворешни политики). Западот (Европа) мора да сфати една работа - без стабилен Балкан се директно изложени на ризици (во моментот бегалската криза, како и ставањето на руска шепа). Затоа и мислам дека малку се интензивира прашањето со името и ќе биде решено кога-тогаш. За кого ќар. за кого зијан.... останува да видиме.

Не е тоа грешка, тоа е намера, како и кај секоја нација, мора да има мит за настанокот, како и кај сите религии така и кај оваа, додуша секуларна, потребни се митови за да направи некаква кохезиона ситуација во која ќе веруваат милиони раја, подоцна сето тоа се надоградува и проширува, најдобра пример е споменатата Немачка околу тоа, после прилично задоцнетата појава на немачката нација на светската сцена и последиците од нивната митологија за настанокот :kafe
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
За да им докажеш на Грците дека си Македонец, треба да знаеш како да им го докажеш тоа, и на која Македонија си горд, и како таа Македонија е твоја. Затоа почнуваме од Александар... и не можеш да речеш дека „ти е гајле чиј бил Александар“, бидејќи тие секогаш ќе ти речат дека Аристотел му бил учител, верувал во Зевс, а не во Перун, имал нивна култура, а не твоја. И ако им речеш „не ми е гајле“ ќе ти речат, „епа, нас ни е, и наш е“ и нема да знаеш што да им одговориш.
За да отидеш во Бугарија и да речеш, јас сум горд Македонец, на моите борци кои се бореле за Македонија, ќе ти речат, е како си горд на Македонија, кога првиот зборник со којшто се гордеете, го напишале Бугари, и го крстиле „Зборник на Б'лгарски народни песни“, кога Гоце Делчев се борел за наши интереси.
За да им речеш на Турците, ни ја упропастивте култура и државата, нѐ уназадивте до бесвест, ќе ти речат, е како кога пола Македонија е полна со потурчени поранешни рисјани, кога сите ваши попови ни помагаа со векови да ви збираме данок, ти ќе им речеш, „е ми е гајле мене за тоа, јас сум си Македонец и ти што сакаш збори, јас сум си горд на мојава држава, и си го сакам својот јазик“.
Нема врска, што со години, јазикот го упропастуваме со внесување такви варваризми, што Блаже Конески моментално седи на некое триножно столче и плаче на „оној свет“. Нема врска, што со години никој не потегнува да се тргне малку од неговата граматика, да се надогради Толковниот речник. Нема врска што, кога се потрудија да направат нов правописен речник, направија таква бламажа што пола Македонија треба да се срами од тоа издание, а не да се гордее...
Нема врска бе, ние ќе си бидеме горди Македонци, ама поим нема да имаме на што сме горди.

Колку енергија и пари се трошат затоа што раја не може да се запознае себе си и свесно да се одлучи во која и каква заедница ќе припаѓа, па и повеќе од една, страшно нешто.
Последно време чак и навивам за рат на балканот, ама овој пат појако, не како 1991-2001, ама нема раја оружје како порано...ако на луѓето им се умира поради нешто, што да не? Со сила убавина не бидува, раја никогаш не именувала улица према некој лик кој измислил одличен коктел на пример, све је морбидно и некрофилично, време е хунзи и sibtari да се пресметаат јако (party) После и гејци и селџуци мх мх мх тие пак имаат оружја, па четници со усташи и балии, па сите вс. качаци, па татари вс. селџуци, па цинцари вс. маџари...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Jaс ќе гласам против! М А К Е Д О Н И Ј А
e2cf6ce640d1d83330f78b9d957e15ab
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ние не сме Р. Македонија никаде во светот, секаде сме FYROM.
Тоа што се удираме во гради како Р. Македонија како име на држава е призната од некои држави, ништо не значи...
Да значеше секаде ќе бевме Р. Македонија, не FYROM.

Така да, ако гласате на референдумот, размислувајте дали сакате лесно да одите во ЕУ или не...
А и од воена страна, ние имаме војска од 7000 макс војници, што ќе заштитат тие од суверенитетот од оваа држава? Која граница? Која безбедност?
Така да и за ова размислувајте преку прашањето за НАТО...

Мислам дека никој не сака додавка на Р. Македонија - но едноставно разберете дека како држава сме апсолутно неспособни, задолжени и ништо не фунцкионира - едноставно помирете се со тој факт. Немаме сили ние да издејствуваме ништо во наша полза.
Баталете ги вие запалените патриоти, ќе умирале за името... и јас би умирал во Нов Зеланд за името :)
Ние немаме надворешна политика. НИе немаме ниту внатрешна. Не се знае што со народот!
Сите политичари се бизнисмени, за нив државата е само една фабрика, а народот вработени! Разберете го тоа еднаш и се ќе ви биде појасно...

Народот тука умира за 12 000 денари (ако е послушен) секој ден заради името!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Чисто се сомневам дека некој го има прочитано договорот меѓу Атина и Скопје. Од овие што ќе бојкотираат.
Се бунат зашто македонскиот јазик ќе бил во словенска група на јазици. Па кај е бре шупаци.
На спомениците ќе имало таблички. Нормално. Не биле македонци ко грујо и заев сигурно Александар и Филип. Не биле ни ко денешниве грци ама тоа е.