Спорот кој Грција го има со нашето уставно име!

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Дали би прифатиле промена на уставното име на Република Македонија за влез во ЕУ и НАТО?

  • Да, би прифатил промена на уставното име

  • Не, треба да го сочуваме уставното име

Резултатите се видливи откако ќе гласате.

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
За Македонија мислев света земја, свето име. Реалноста за работата во Македонија е иста и непроменета од 1991..
Ниту една држава не е света земја, ниту има свето име... земските ствари ќе бидат земски :)

Грција има проблем со народот кој што се изјаснува како Македонци и со ништо друго. Тоа им е од дамнина внесен страв во крвта насочен спрема нас...
Затоа бара промена на се, за да за малку години, се заборави еднаш засекогаш дека Македонија било нешто друго освен Античка Грција :)
 
Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Мене може да ме прави горд тоа што сум роден во Македонија, каде имам другари и другарки, семејство, моментите минати низ шетање и планинарење низ убавите места кои ги нуди ова парче земја, храната, историјата. Горд ме прави тоа што можам да кажам дека сум од Македонија, што нуди таа поточно што е тоа што мене ми прави убаво да ми е.
Политиката е гној во многу земји, не е само кај нас. Ама и оние во најнеразвиените афрички држави знаат да дадат отпор кога се загрозени од државата, за разлика од нас што имаме некои кои се прашуваат што е тоа што не прави горди македонци или зошто не ја поделиме земјата на соседите. Народов со векови си пати од предавници.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153

Јас пак ќе прашам, на која историја си горд?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Гркот е горд што е роден во Грција и неговата историја, Бугаринот во Бугарија и неговите цареви, Србите на нивната историја...
Сите овие имаат пријатели и семејства во наведените држави... и им нудат државите исто колку тебе, а можеби и повеќе... и тие со истиве ставови како тебе и од тука почнува омразата и проблемите и глупи муабети по интернет за тоа дали јас или ти или било кој друг Македонец постоел или.
За нивни инает, ете, не има, Коневски ги зафркна ни даде добра граматика, излегоа поети ги дотепаа со добра поезија... историчарите малку ни се забегани, но ќе се поправат со наредните генерации на историчари истражувачи :)

Политиката како наука е одлична ствар, тоа што политиката на балканот се разгледува како менаџирање на фабрика е друга ствар, бидејќи сите политичари ни се бизнисмени и имаат свои бизниси, па народот го гледаат како вработени во една фирма! За нив државата Е фирма! Затоа постојано се зборува за БДП, за вработувања, за камати, за позајмици - типично работење на една фирма!

Грција постојано ќе го билда проблемот со името, кое не е поврзано со име на некаква си област. Тие не знаат дека имаме неспособна војска од 6000+ војници? Се плашат демек ќе го освоиме Солун? Освен што го освојуваме секој викенд со пакет аранжмани за шетање, на друг начин не гледам дека ние ќе го освоиме Солун :)
Грците едноставно не сакаат да признаат дека има народ наречен Македонец. Дали тоа им е од дамнина насобрана страв па ни измислија име дека сме биле варвари, дали Александар ги реметел премногу и ги пуштал да гинат при кампањите - не знам. Не сум историчар, но се гледа што мразат Грците и зошто се борат околу името...

И да!
Нема што да си ти горд за туѓите успеси! Јас не сум горд на тоа што имаме девојка од само 22 години која е во НАСА. Тоа е нејзин труд, без учество на државата. Знам за доктори кои се во странство и не сум горд на нив како Македонци кои успеале во светот. Тоа не е мој труд за да бидам горд. :)
Балканецот мора да научи да прекине со политичките и културолошки претензии кон другите - и се ќе биде одлично и ќе немаме национализам и брзо палење на фитилот и проблеми со имиња и со наследство и со се останато...

П.С. Македонија патела од неписмени луѓе. Од луѓе кои се како вода: го бираат најкраткиот пат без отпор до целта, како водата! Затоа и имаш партиски вработувања, умилкувања на работа итн итн... знам луѓе кои биле менаџери во корпорации, а да ги пуштиш сами да прошетаат низ Македонија - ќе се загубат на првата раскрсница!

Тој ген мора да се искорени. Вие младите сте на потег... :)
 
Ќе скратам. Јас а и многу други млади сме горди на тоа што сме Македонци. Се сакаме како македонци, ги почитуваме другите вери и народи. Ама некој да ја продава нашата држава, да менува име, јазик и закони, може да ми понуди добра иднина??
Тоа на запад само каде има мешан народ и јазици, но пред се култура. На балканот може само да те третираат како странец во сопствена држава во таква ситуација.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Ќе скратам. Јас а и многу други млади сме горди на тоа што сме Македонци. Се сакаме како македонци, ги почитуваме другите вери и народи. Ама некој да ја продава нашата држава, да менува име, јазик и закони, може да ми понуди добра иднина??
Тоа на запад само каде има мешан народ и јазици, но пред се култура. На балканот може само да те третираат како странец во сопствена држава во таква ситуација.
Не скрати, туку не знаеш да одговориш, затоа што си затруен со глупавата политика и на едните и на другите.
Да бидеш патриот, односно родољубец, треба да си го знаеш народот и родот. Ама да го знаеш и во добро и во зло. Што направил, како направил и гордо да се носиш со тоа.
Пример, ако некој Германец рече дека е горд Германец, треба да знае зошто, на глава не му стои нечовечноста на Хитлер. Ако некој Шпанец рече дека е горд Шпанец, треба да не се срами од сите кралеви после Карлос, внукот на Исабела. Ако некој Французин е горд Французин, треба да знае зошто го оправдува отсекувањето на главата на Марија Антоанета.
Се надевам дека ми ја сфати компарацијата...
Е сега, дали ти ги знаеш сите срамотилаци што ги прават и едните и другите, и сите срамотилаци што се правеле со векови наназад? Дали имаш поим како постепено се стигнуваше до ова што е сега.... Си поминал некогаш Стража? Си слегол накај Зајас? Си видел како после Зајас како да влагаш во друга држава се чувствуваш? Си отишол во Дебар? Никаде нема македонско знаме... и тоа не е од сега... од 2001 година е...
Да не се разбереме погрешно, треба да бидам будала и да се срамам од титулата што ја носам, ако сметам дека законот за јазиците не е срамен закон за нас... ама знаеш колку други работи поврзани со јазиков се посрамни од овој закон? Политичарите само го озаконуваат постепеното уништување на овој наш јазик...
Повторно, не сакам да се разбереме погрешно, ни јас не сметам дека уставното име треба да се смени... ама постепено, не ни даваат избор за друга постапка. Како се вели... игравме шах, и моментално Грција има два ламфери, кралица, два топа, а ние сме само со кралот... а кралот најнеспособен е секогаш...
И да, за да бидеш горд патриот покрај државата, треба да си ги сакаш и роднините... а јас како да ги сакам роднините кога еве веќе 2 месеци ги прашувам патриотите, на која историја, на чие славно минато, на чие свето име се горди... и не знаат да ми одговорат...
 
Не брат, тргни се тоа на страна и одговори. Подобро е да си ќутиме и да чекаме ништо од нас да не остане? Сам негде пиша имаш деца. Сакаш утре истите да се викаат северни македончиња или да бидат приморани да учат албански јазик додека некој од чаир им го вади ножот во школо и им покажува каде им е местото? Или подобро е дете кога ќе дигне температура докторката да ти се погоди албанка и да ти збори албански, зошто знаеш повеќе ова не е Македонија а ти македонец, па да мора таква почит? Што викаш??
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Не брат, тргни се тоа на страна и одговори. Подобро е да си ќутиме и да чекаме ништо од нас да не остане? Сам негде пиша имаш деца. Сакаш утре истите да се викаат северни македончиња или да бидат приморани да учат албански јазик додека некој од чаир им го вади ножот во школо и им покажува каде им е местото? Или подобро е дете кога ќе дигне температура докторката да ти се погоди албанка и да ти збори албански, зошто знаеш повеќе ова не е Македонија а ти македонец, па да мора таква почит? Што викаш??
:) Гледаш како ти е испран мозокот... И како не знаеш што зборуваш...
Каде што јас живеам, тоа што ти го зборуваш се случува откако знам за себе... Луѓе со кечиња и шинтијани се шетаат оддамна... и секои избори нивниот број се зголемува, затоа што се носат и им се даваат државјанства на многумина. И тоа го прават и е*ените патриоти од ДПМНЕ, и другарите од СДСМ, само кој повеќе - кој помалку, зависно од тоа каква политика имаат.
Мојот градоначалник е Албанец, и Кичево е дел од „продадените“ градови од претходната власт.
На ова што се случува сега работат сите наши политичари долго време... и нема да го смениме тоа со излегување на протести, и слични ствари. Ќе го смениме со развивање на свеста и конечно луѓето да знаат што се и од каде се, и зошто се.
Се кладам дека пола од оние што беа дел од Шарена револуција со цел да сменат нешто кутрите, сега сакаат да си го искинат јазикот...
Затоа цело време те прашувам, на што си горд? И што преземаш?
И веќе кога не ми одговараш на ова опширно прашање, ќе го скратам кругот.
Зошто го сметаш Александар Македонски за свој, а не за туѓ?
Знаеш дека Александар сметал дека е син на Зевс, а не на Перун?
Што имаш заедничко со Александар Македонски во својот изглед, менталитет, јазик, фолклор?
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Целиот проблем е започнат од лошото образование донесено уште од основање на државноста на Македонија во 40тите, со тоа што во учебниците по историја се става поимот нација во антика и среден век. На тоа, се накалемува одредена вештачки створена „гордост“ или т.н. лажен патриотизам за нешто што низ вековите нит му се знае стопанот, нит потеклото. Затоа што, прво и основно, најголемата грешка што ја прават сите учебници по историја е тоа што не ја потенцираат географската положба во која се наоѓа денешна Р. Македонија, туку на тоа е ставено скоро никаков значај. Па сето тоа повлекува еден по друг проблем, лажниот патриотизам води кон измислена нација, измислената нација води кон избран народ, избраниот народ кон супремат на останати народи врз одредена географска површина.
Да се надоврзам, ова не е само кај нас проблем, го имаме и кај сите соседни и прекусоседни балкански земји. А особено е издигнат во масата дезориентирани, каде сиромаштијата рака под рака со ситната (и крупната) коруптивност си царуваат еве веќе 20 и кусур години.
Да не ме сфатите погрешно, имавме одреден период кога нѝ се укажа можност да изградиме државност на цврст постулат, но тој период беше премногу краток, а неговиот успон пребрз за да еволуираме како менталитет во целина на повисоко ниво. Така во 80тите се осети трулата капа на социјализмот кон за жал кај нас (балканот) доведе до вртоглав пад прво на морална база, а со тоа и подоцна на економска која доведе до граѓанска војна од која никој нема видено аир од сите нас тука. Грците имаа шанса тогаш да бидат подобри домаќини, но заради нивната учмаеност како милениче на западот, не го искористија тоа. Едини успон можеби имаше Турција во одреден период, но ете сега кај нив играта им се одбива ( и ради други надворешни политики). Западот (Европа) мора да сфати една работа - без стабилен Балкан се директно изложени на ризици (во моментот бегалската криза, како и ставањето на руска шепа). Затоа и мислам дека малку се интензивира прашањето со името и ќе биде решено кога-тогаш. За кого ќар. за кого зијан.... останува да видиме.
 
Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
:) Гледаш како ти е испран мозокот... И како не знаеш што зборуваш...
Каде што јас живеам, тоа што ти го зборуваш се случува откако знам за себе... Луѓе со кечиња и шинтијани се шетаат оддамна... и секои избори нивниот број се зголемува, затоа што се носат и им се даваат државјанства на многумина. И тоа го прават и е*ените патриоти од ДПМНЕ, и другарите од СДСМ, само кој повеќе - кој помалку, зависно од тоа каква политика имаат.
Мојот градоначалник е Албанец, и Кичево е дел од „продадените“ градови од претходната власт.
На ова што се случува сега работат сите наши политичари долго време... и нема да го смениме тоа со излегување на протести, и слични ствари. Ќе го смениме со развивање на свеста и конечно луѓето да знаат што се и од каде се, и зошто се.
Се кладам дека пола од оние што беа дел од Шарена револуција со цел да сменат нешто кутрите, сега сакаат да си го искинат јазикот...
Затоа цело време те прашувам, на што си горд? И што преземаш?
И веќе кога не ми одговараш на ова опширно прашање, ќе го скратам кругот.
Зошто го сметаш Александар Македонски за свој, а не за туѓ?
Знаеш дека Александар сметал дека е син на Зевс, а не на Перун?
Што имаш заедничко со Александар Македонски во својот изглед, менталитет, јазик, фолклор?
Каде јас нешто пишав за Александар?
Да речеме мене гајле ми е чиј бил Александар, но јас горд сум на тоа што знам дека мои прадедовци и баби гинеле за време на војните и турско за сега јас да бидам слободен. Горд сум на тоа што ослободиле за сега јас, моето семејство, моите другари да живееме на свое, а не оставиле да бидеме друга држава. Горд сум што се потрудиле на овој народ да му остават бројни песни, ора, храна, кои се печат за Македонија. Кога идам во лето на одмор и стапувам во конверзација со некој мој врсник од Италија, Австрија, Шпанија или кај и да сум бил и кога збориме за нашите градови и држави имам со што да му се пофалам. Не се фалам со ацета, со дпмне или сдсм, ама му се пофалувам со она што нуди мојата земја и што прави боље да се чувствувам.
Ти може живееш во Тетово и секој ден гледаш кечиња, но јас живеам на место каде го нема тоа. Почитувам други националности, но дали тоа според тебе значи дека јас сега треба да прифатам да зборам на друг јазик или повеќе земјата за која се бореле моите прадедовци и прабаби да не ја викам како што се викала туку со некое ново име?? Па и јас веќе да не бидам македонец туку некоја нова националност?
Хмммм што викаш, мозокот некој ми го пере сега или тогаш кога ќе бидеш без сопствен идентитет и кога ќе изгубиш се ќе ти биде поубаво од сега?
Мислиш дека ако повеќе не постојат македонците и Македонија ќе се решат сите проблеми, дека че влеземе во еу, што никогаш нема да биде и нато па ќе избегаш па ќе имаш бољи живот??? Не, ќе те гледаат како едно племе што никој не го сака во своја околина и секогаш некој ќе те понижува на основа на националноста.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol