Спорот кој Грција го има со нашето уставно име!

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Дали би прифатиле промена на уставното име на Република Македонија за влез во ЕУ и НАТО?

  • Да, би прифатил промена на уставното име

  • Не, треба да го сочуваме уставното име


Резултатите се видливи откако ќе гласате.

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Дали се ближи решавање на спорот што Грција го има со нашето уставно име ?
- Мое мислење и пред се желба е да го сочуваме уставното име, бидејќи секоја промена на име дефакто е и промена на идентитетот, сетот на Метју Нимиц е само замка дека нема задирање во идентитетските прашања, јас мислам дека ООН во последно време е повеќе наклонета на страната на нашиот јужен сосед.

1280px-Macedonia_naming_dispute.svg.png

Сите знаеме дека Македонија е призната од 130 земји од кои најбитни се САД, Кина и Русија.
Само 10 држави се на страната на Атина.

Подпрашања:
-Дали сакате да има референдум ?
-Дали сметате дека решението за името е добро за Македонија?
-Доколку не се реши спорот што ќе се случи во регионот и исто така доколку се реши спорот што ќе се случи со регионот и дали би имало промени?
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
1. Нема Република Македонија. Зашто никој во фиром не прави разлика меѓу уставно уредување и име на држава. Шо ако државава утре стане кралство или федерација, ќе се вика република?
2. Државава веќе се согласила на преговори со привремената спогодба.
3. Најбитни држави се САД, Кина и Русија?
САД ги поддржуваат албанците, русите ги заболе "хуј" свој за Македонија. Отвори некоја историска личност од Македонија на руска википедија и читај. Башка нè нарекуваат БЈРМ на таа иста википедија.
4. Таа Атина која ти ја нарекуваш, инвестирала (читај пери пери пари во Македонија веќе 20 години). Нормално, со амин на Скопје кое името не го дава. Грци има секој ден во Битола и Гевгелија, па не се нашол некој алфаФИРОМјанин да протестира. Зашто да протестира кога мајка му работи кај грк во конфекција за 9000?
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Промена на името е само продажба на државата. Само празноглав народ може да мисли дека тоа ќе му донесе добар живот. И тие гаранции дека ќе се сочува идентитетот се обична лага. Ако ти го сменат името во ГорнаМакедонија, северна, вардарска, а тебе во ГорноМакедонец, СеверенМакедонец, Вардарец или не знам кои се другите предлози, треба да си ептен ѓон за да мислиш дека идентитетот ќе ти остане ист. Исто ко фората со јазиците, ќе имало само мир, братска куќа и затоа гледам сега колегите на факс си зборат и пишуваат на албански па кога ќе им речеме да преведат, дел ти пишуваат на македонски дел ти викаат треба да си научиш за да разбереш.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy and Dorina

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
imeto.jpg


Пазете датумот на весникот :kafe
На некој иден форум, во 2038 година, веројатно 3Д (холограм) членови ќе си муабетат за спорот со името и како тоа да се реши...
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Мене ме чуди зошто паѓаме под дното како народ, во Атина излегуваат 100.000 луѓе за зачувување на името Македонија, а ние Македонците си седиме дома ко ништо да не се случува, добро каде изчезна патриотизмот на Македонците? Само во мојата Битола излегуваат мал број на луѓе едвај 100тина души на плоштад Магнолија, сметам дека треба да се свестиме дека губиме се, јас сум против оваа предавничка власт не сакам да ја политицизирам темата пошто и двете македонски партии праеле глупости ама СДСМ дефинитивно од секогаш предничел пред ВМРО-ДПМНЕ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dorina

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Мене ме чуди зошто паѓаме под дното како народ, во Атина излегуваат 100.000 луѓе за зачувување на името Македонија, а ние Македонците си седиме дома ко ништо да не се случува, добро каде изчезна патриотизмот на Македонците? Само во мојата Битола излегуваат мал број на луѓе едвај 100тина души на плоштад Магнолија, сметам дека треба да се свестиме дека губиме се, јас сум против оваа предавничка власт не сакам да ја политицизирам темата пошто и двете македонски партии праеле глупости ама СДСМ дефинитивно од секогаш предничел пред ВМРО-ДПМНЕ.
Не паѓаме на дното како народ затоа што сме дно од народ. И во Македонија народот излегува, ама за криминалци и за митинзи. Нема патриотизам.
Инаку треба да сфатиш дека сето ова е продукт на килавоста на СДСМ/ДПМНЕ од 1991 наваму. Велиш власта на СДСМ била предавничка, ок, е. Сети се дека Милошоски исто брмчеше за горна долна, лева десна Македонија.
Значи немој да трескаш предавничка или не. Факт е дека СДСМ и ДПМНЕ ја сметаат Македонија како крава за молзење.
Само во мојата Битола излегуваат мал број на луѓе едвај 100тина души на плоштад Магнолија
Зашто ти не излегуваш?
Инаку за делот каде е патриотизмот, слушни го Бранислав Лечиќ.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Ќе плачеме еден ден за Македонија, ама касно ќе биде. Слушајте!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Не паѓаме на дното како народ затоа што сме дно од народ. И во Македонија народот излегува, ама за криминалци и за митинзи. Нема патриотизам.
Инаку треба да сфатиш дека сето ова е продукт на килавоста на СДСМ/ДПМНЕ од 1991 наваму. Велиш власта на СДСМ била предавничка, ок, е. Сети се дека Милошоски исто брмчеше за горна долна, лева десна Македонија.
Значи немој да трескаш предавничка или не. Факт е дека СДСМ и ДПМНЕ ја сметаат Македонија како крава за молзење.

Зашто ти не излегуваш?
Инаку за делот каде е патриотизмот, слушни го Бранислав Лечиќ.
Јас изчегов, како и секогаш јас сум горд Македонец и горд на своето македонско потекло, секој брчи ама не се смени ништо, СДС го израмнува јазикот на најголемото малцинство да е на исто рамниште со Македонскиот јазик(дно од политика), името сакаат да го сменат, направија договор со Бугарија и се откажаа од сите македонски револуционери, страшно, а ти со кажување на празно нема да те направи поголем реалист од мене, јас ја кажувам вистината, а ти тропаш као да ме знаеш 100 години.
Се сложвам дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ веќе 26 години ја крадат државата и работат само за свои интереси и пари.