1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Според што ги цените луѓето?

Дискусија во форумот 'Здравје и состојба на духот' започната од Scars, 24 февруари 2012.

  1. Scars

    Scars Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,541
    Никогаш не се стреми да те ценат поради твоите достигнувања, бидејќи ќе престанат да те ценат тебе
    самиот...



    Како ги цените луѓето? Кога човек е поценет дали кога е добар и има разбирање за сите,или пак кога има високо образование? Сите знаеме дека нема секој да си овозможи факултет,но притоа е добар и спремен да помогни на секој,а од друга страна човек со факултет,образован но со арогантен став,се преценува себеси и бира со кого да направи муабет. Дали мислите дека луѓето со факултет и арогантен став се поценети од оние кои во секој момент можат да ти помогнат? Секако дека секој сака да има факултет али, на пр. секој не можи да си дозволи да студира.


    Ако темата е глупава слободно нека се избриши
     
  2. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    А што е со насловот,оти не е цел?
     
  3. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Воведот испадна дека постојат добри луѓе кои се спремни секогаш да помогнат и луѓе со факултет - деца на сатаната.
    А и ароганцијата нема врска со добрина. Ни тоа што некој бира со кого да прави муабет.
    И јас не сакам да бидам во сечие друштво, ни па секој да го почастам со мое присуство. Ни на секој да трошам зборови.
    Наречи ме и арогантна, ама не злобна и безчуствителна. Тоа нема никаква врска едно со друго. Исто и со факултетот. Ако некој само поради тоа што завршил факултет се смета нешто погоре од тебе, тогаш мора да знаеш дека се работи за врло искомлексирана особа.
    Мора секој да знае дека никој не може да биде над нас повеќе од она што ние би дозволиле и никој не може да биде подобар од тебе освен ако ти не го гледаш како таков.
    Никаде нема пишани правила дека има мерила за ценење на личноста.
    Може јас ги сметам за тапчовци оние со факултет, без две три бедни реченици во речник, а ги ценам оние со основно а со дупла мудрост од луѓе со завршени 4 факултети. И?
    Факултетот нема врска со муабетов.
    Ни насловот на темата со воведот.
    Ваљда зошто е замислено да биде наслов од триесетина букви а не цел расказ.
     
    На True_Blood и melpomena им се допаѓа ова.
  4. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Ти па бива ли се да знаеш :biggrin нема да те наречам дете на сатаната оти уште си на пат ваљда,или готова си?
    а имаш добри предиспозиции (bandit)
     
  5. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Се трудам и за двете :zelen
     
  6. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Достигнувања?
    Многу малку раја во оваа средина има било какви достигнувања. Кои би значеле нешто ако не на глобално или континентално - барем на регионално ниво. Можеби 0,001% од рајата. Но и тоа не мора да претставува ништо. Што значи за некого кого не го интересира куглање тоа што некаков лик освоил злато или сребро на некои првенство? It`s.......whatever.
    Ако добивањето факс диплома ја сметаме за достигнување ќе не изеде инфлација и самиот поим би изгубил на значење. Што би било следно, поседување домашно милениче како достигнување?!
     
    На Scars и Хоуп* им се допаѓа ова.
  7. radioactive

    radioactive Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 април 2013
    Мислења:
    54
    Допаѓања:
    39
    Многу, многу работи. Начин на однесување (култура), начин на зборување, искреност, зрелост, хуманост итн.
     
  8. онјаЛ

    онјаЛ Полноправен Член

    Зачленет на:
    22 ноември 2012
    Мислења:
    69
    Допаѓања:
    85
    Се' на се', се сведува на што посличен карактер и темперамент. Голема улога играат ситните работи кои се слични, од филмови и музика, до какви патики сакаш.
     
  9. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Според тоа колку чворови знаат да врзат и колку брзо. Исто така многу важно е дали во близина на живеење имаат мачки и колку.
     
    На Lady* и Luckky им се допаѓа ова.
  10. *V******

    *V****** Староседелец

    Зачленет на:
    2 април 2013
    Мислења:
    193
    Допаѓања:
    170
    Sirok poim.......najvazni mi se lugeto sto uspevaat da ja ostavat nasmevkata na moeto lice
     
    На diva orhideja му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: