Споредба на два филма од ист карактер

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Темава ја отворам како инспирација од онаа со гласањето за најдобар филм во сите времиња. Конкретно во оваа тема би се ставале наслови од два филма од ист или сличен карактер и би се споредувале; што претставуваат двата, актерската екипа во едниот и другиот, големите пропусти, кој е подобар и зошто... и најважно: Дали навистина едниот ја заслужува поголемата популарност од другиот.
Во оваа тема посекако ќе се дискутира за веќе изгледани филмови, така да наидувањето на спојлери е на ваша штета. Модераторот ќе ги менува насловите од време на време (кога дискусијата ќе се исцрпи).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous and Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Секој да коментира на темата со свои два филма, или да избереме два филма и сите да коментираме за нив?
Ако е второто, предлог давам за The Illusionist и The Prestige.
Филмовите се подеднакво добри ако се прашувам јас, имаат горе долу иста тематика, еден од нив е повисоко рангиран, двата се познати филмови, добро прифатени и што е најбитно поголем дел од членовите тука ги гледале, па мислам ќе бидат интересни за споредување и во тесна трка во бирање на подобар.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: warr and Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Секој да коментира на темата со свои два филма, или да избереме два филма и сите да коментираме за нив?
Ако е второто, предлог давам за The Illusionist и The Prestige.
Филмовите се подеднакво добри ако се прашувам јас, имаат горе долу иста тематика, еден од нив е повисоко рангиран, двата се познати филмови, добро прифатени и што е најбитно поголем дел од членовите тука ги гледале, па мислам ќе бидат интересни за споредување и во тесна трка во бирање на подобар.

Два филма и одвреме навреме да се менуваат. Нешто како со глумците.
И добар избор за споредба, деновиве следува и моето мислење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Мене лично The Ilusionist многу многу повеќе ми се допадна од The prestige, највеќе поради мајндфакот на крај. И не е дека имаат слична тематика. Првиот ми дава малку пологични објаснувања од другиот (отишол кај Тесла да му направи машина јадара јадара мамбо-џамбо приказни за мали дечиња без фантазија). Плус Илузионист обработува детално цела приказна откривајќи делчиња кои не знаеш дали се точни или не, додека вториов не нуди ама баш никаква мистичност и предизвик. Околу глумците не зборам зашто освен таа што глумеше во Седмо Небо серијата и Дејвид Боуви другите не ги познавам (или се правам така де).
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Пошто и двата ги имам високо оценето уште одамна, па се наканив да се потсетам зошто им дадов толку висока оценка и си направив едно маратонче вчера и денес.
Илузионист
Актерска екипа: Го имаме Едвард Нортон во главната роља, и како таков, можам да кажам дека не постои лош филм досега што сум изгледал (а сум изгледал 70% од неговите). Го бива да глуми манипулативни, дволични, разубедувачки ликови. Тука е на еден начин и мистериозно прикажан, без многу говорење, туку повеќе играње на улогата - илузионист. Тој (илузионистот) е заљубен во девојката која е недостижна поради судирот на различните класи во општеството. Како и да е, Аизенхајм наоѓа начини и сите свои доблести и вештини да го придобие оноа за кое отсекогаш копнеел - заеднички живот, ако не и по цена на скромноста.
Paul Giammati како инспектор Ул, кој секогаш бара логично образложение на целиот акт на Ајзенхајм, при неговото помпезно враќање на сцената, нон стоп му е зад петите. Во таа „брканица“ тој ја открива и својата принципиелност во името на законот каде самиот тој се декларира како чесен џандар, некорумпиран од тогашната власт во подем на Принцот. Џамати е одлично смислен за оваа улога, земено дека најчесто и го гледаме во сличните ним.
Принцот Леополд - типот кој со своите амбиции се залага на прогресивно општество. Влечен од науката тој секогаш бара логично размислување околу целата скаламерија на Ајзенхајм. Но неговите амбиции го заробуваат во оној магичен круг каде неговото его не му дозволува неговата прагматичност да излезе на виделина, при што на крај ќе остане изигран од Илузионистот.
Софија - класичната недостижна љубов на Едуард, и покрај тоа што таа ја возвраќа.
Збор два за филмот како целина. Направен е во некој терк на границата помеѓу фантазија и реалност. Повеќето од магичните трикови не се откриени, нема некое образложение. Филмот повеќе удира акцент на ефектите и едноставноста на приказната. Многу потсетува на филмот Парфе, највеќе поради сличностите со филмската музика. Тоа што ми се допадна во филмот е дека не трае предолго и не бара преголема концентрација, но сепак крајот е извонреден и секогаш изненадува одново и одново. Тоа што не ме бендиса е му фалеше малку повеќе дијалог.

Prestige
Актерска екипа: 2ца со сосема спротивни карактери и неколку премостувачи помеѓу нив.
Едниот е Angier (Hugh Jackman), човекот кој од идеален маж поради своите амбиции се претвора во безчувствителен човек. Неколку причини за таа негова трансформација се виновни, меѓу кои и губењето на својата сакана во почетокот кога тој и Borden заедно колаборираат во настапите.
Borden (Christian Bale) од друга страна поради својата преголема амбициозност поради тешкиот живот, ги губи одредени блиски личности но ја научува животната лекција - љубовта кон најблиските е најважна.
Cutter (Michael Cane) еден од главните премостувачи кој останува како главен помошник и инженер на сите магични настапи на Angier. Неговата сличност со онаа на Алфред од бетмен не треба да се споменува.
Збор два за филмот. Тоа што ми има фатено око е дека тука (како и во многуте филмови на Нолан) се потенцира логичниот сплет на околности во целиот филм. Затоа и изискува многу концентрација. Нолан ја прикажува тука истата онаа претенциозност и опис на логичност, секогаш влегувајќи длабоко во човековата психа. Дали постои црно и бело, или истите се присутни кај сите нас. Во овој филм посекако не постојат негативци, страни, ликови за кои треба да се запрашаме кој прв почна. Кај Нолан сите се виновни за своите грешки и постапки. Тоа е оноа што најмногу ми се допадна во филмот. Оноа што не ми се допадна е дека имаше малку повеќе awkward моменти за кои треба да се прескокнат.

Судирот на овие два филма е дека едниот е повеќе создаден во фантазијски карактер, без притоа да даде некој логичен заклучок, додека другиот повеќе се стреми да го прикаже истиот. Во Илузионист повеќе се прикажува магијата како ефект, а во Престиж се покажува што стои зад сцената. Кај едниот негативностите е преголемата штурост и недостатокот на дијалог, додека кај другиот преголемата изискателност на концентрација, која на моменти ако ја немаме, филмот испаѓа како уште едно нелогично евтино срање. И двата откако ќе се погледнат повторно, изненадуваат, секој на свој начин. Тешко е да се одреди кој заслужува повеќе, дали Илузионист со својата одлична слика и ефекти, или Престиж со својата приказна и разноразните заплети.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and warr

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Што испадна со темава? Да смениме нов наслов? Имам предлози.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Еј абе само што сакав да отворам слична тема, и ја гледам овааа што сте ја заборавиле. 100 години никој не коментирал :D ај ако има повеќе заинтересирани имам предлог како да ја активираме темава. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Слободно пиши за предлог карактери.
Поинаков предлог имам, да не ја видев темава ќе отворев нова.
Предлогот ми е од секој жанр да направиме неколку парови на филмови и нив да ги споредуваме ама и да гласаме за еден од нив.
На пример имаме Филм 1 vs Филм 2 од било кој жанр, и нели ги споредуваме кој е подобар, кој полош, актери, глума ова она, и на крај гласаме за кој мислиме дека е подобар. После тоа кога ќе останат само 2 парови од било кој жанр, тој што ќе има повеќе гласови би бил најдобар филм од тој жанр. :)

Не знам колку убаво објаснив ама мислам дека добро е. :)
Е сега, не знам дали би можело да биде нешто од ова, тоа оставам на вас. :)