Споменици и скулптури во Македонија (со слики)

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Спомен Костурница во Струмица е изграден на ридот Самораница на 327 метри надморска висина. Изградбата започнала 1979 година, а на 4 јули 1982 година со свечен чин биле пренесени моштите на загинатите борци во НОВ и положени во саркофагот. Во саркофагот се наоѓаат посмртните останки на: Благој Јанков - Мучето, Герас Цунев,Сандо Масев, Васил Сурчев, Киро Абрашев, Иљо Шопов, Јанко Цветинов и Димитар Цветинов[1]. Дело е на архитектот Благој Колев, граден е од бел мермер. На платото е аулата со саркофагот од кафеав мермер. Аулата има 2 врати влез - излез и е во форма на полукруг, осветлена од три странични прозора и еден централен. Платото е градено во замисла на отворен амфитеатар, а мермерните платна се во форма на раскинати ланци, раскинето ропство.

K_kosturnica.jpg
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Македонка претставува споменик посветен на победата над фашизмот, односно на борбата на македонскиот народ во НОБ, кој се наоѓа на главниот плоштад во Куманово. Споменикот претставува жена со високо дигнати раце, која држи венец. Споменикот е дело на видниот хрватски вајар Коста Ангели Радовани[1]. Поставен бил во 1951 година. Овој споменик е симбол на градот и се наоѓа во општинскиот грб.

448px-Spomenik_na_Revolucijata.JPG
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Слобода е споменик, дело на академскиот вајар Јордан Грабул, лоциран на Вардарски Рид покрај Гевгелија. Но, откако бил откриен археолошкиот локалитет Вардарски Рид, значајна праисториска и античка населба од XIII-I век п.н.е. на која ѝ претстои трансформација во археолошки парк, споменикот ја изгубил својата функција. Граѓаните, претставувани од неколку здруженија на граѓани, Музеј – Гевгелија и локалната самоуправа, одлучиле споменикот да го пренесат на друга локација и да ја обноват традицијата поврзана со него. Тој треба да биде пренесен на Мрзенски Рид за повторно да стане место каде што ќе се собираат и дружат граѓаните. На 10 октомври 2005 година, споменикот бил дислоциран.

Sloboda_Vardarski_Rid.jpg
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Александар Македонски во позадина рушевините од Куршумли Ан (Прилеп)

38764753.jpg

Споменик посветен на Македонските бранители од Прилеп кои загинаа кај Карпалак
51483562.jpg


52188399.jpg


64561796.jpg

Могила и парк на револуцијата

50667100.jpg


54986589.jpg

Споменици на плоштад Александрија

Марко Цепенков
39253939.jpg


Мермерна плоча посветена на заштитникот на Прилеп - Свети Никола
38771457.jpg


Методија Андонов-Ченто
38764750.jpg

Лавот - Стара Чаршија
64561791.jpg