Споделување и дарежливост

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Сите веќе знаат дека помагањето на другите луѓе, буди нешто во нас....чуството дека сме направиле нешто корисно, а со тоа подоцна се чуствуваме многу добро.
За некои луѓе ова е мотивација за да се живее, всушност тоа е нивната цел и тие се задоволни со толку исполнет живот и се задоволни со себе.

Од друга страна луѓето кои не се во можност да им помогнат на другите, најверојатно се празни и огорчени. Нивниот живот е многу лош и го поминуваат сами.

Колку често помагате и на кој начин?
Од каде црпите информации кому е потребна помош?
Дали навистина сме хумани во границита на нашите можности?
 
NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
Па хумани сме.Секогаш сакам да помогнам да напрам нешто во врска со финансиската состојба на сиромајте, ама пари не ми се даваат.Но сепак, сакам да помогнам.Битна е желбата....

Ова се рачуна се надевам :D
 
TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
помагав порано често,сега ептен реткост е.ама во секој случај не одмагам како што ми прават другите
 
Nicole

Староседелец
27 јуни 2012
249
226
643
Тие што ме познаваат знаат (колку сум била хумана) на кого и како сум помагала , помагав што помагав(не сакам до детали да одам) но некои погрешно ме сфатиле, мислеле дека за тоа земам пари(facepalm) Никогаш не би паднала толку ниско да земам пари на некој што си има мака. Сум помагала зашто сум сакала, и едноставно, кога можеш на некого да помогнеш зашто да не му помогнеш, ништо не губиш може само да направиш да има насмевка на лицата на оние на кој си им помогнал, а гледајќи ја таа насмевка ќе сфатиш дека си направил нешто добро во животот.
 
Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Сите веќе знаат дека помагањето на другите луѓе, буди нешто во нас....чуството дека сме направиле нешто корисно, а со тоа подоцна се чуствуваме многу добро.
За некои луѓе ова е мотивација за да се живее, всушност тоа е нивната цел и тие се задоволни со толку исполнет живот и се задоволни со себе.

Од друга страна луѓето кои не се во можност да им помогнат на другите, најверојатно се празни и огорчени. Нивниот живот е многу лош и го поминуваат сами.

Колку често помагате и на кој начин?
Од каде црпите информации кому е потребна помош?
Дали навистина сме хумани во границита на нашите можности?

До сега 2 деца кои биле удрени од несовесни возачи ги имам пренесено во болница.Не можев да гледам како беспомошно лежи 5 годишно детенце кое сакало со точак да премине улица несакајки никој да му се доближи и да види дали е живо ништо повеќе.Го качив во кола внимателно и го пренесов.

Под мене живеат маж и жена пензионери.Немаат автомобил.Стариот во неколку наврати добива мали срцеви удари.Во 3/4 наутро ми ѕвонат на врата и ме замолуваат да го пренесам до кардиологија.Никогаш не сум направил проблем.
Се сеќавам дека последен пат кога беа минусните температури и тоа една од најладните ноќи мрзнев пред кардиологија во 4 ипол наутро.
Не се чуствувам хумано од причина што тоа го правам само затоа што најверојатно сум човек и не можам да гледам безпомошни луѓе.
Колку можам да помогнам помагам кога можам.Ама далеку сум од мајка тереза.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady* and Marick14

Абе и тоа што го правиш е доволно. Не само ти, туку сите сме далеку од Мајка Тереза.
 
Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Искрено не сум броела колку пати сум помагала, затоа што тоа не се планира, едноставно се реагира во одередени ситуации каде има простор за да се помогне на било каков начин. Со хуманоста не се фали, па така да секој што направил и колку помогнал е подобро да си го остави за себе и е доволно што сам он а и тој на кој помогнал ќе знаат. Хуманоста не е мерлива. Во многу ситуации постапуваме хумано без да знаеме, а во многу можеби и го вртиме грбот без да знаеме дека сме го свртиле. Се на се, хуманоста треба да биде инстиктивен нагон на сите луѓе , за жал се помалку помагаме на другите кога ќе се сумираат работите во глобала. Секој повеќе си гледа за себе во ова време.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Хуманоста умрела одамна пред да се родам. Веќе не постои значење за тој збор.
 
Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Колку често помагате и на кој начин?

Најчесто се обидувам да помогнам преку донации на облека, а помалку со донации на храна или пари.

Од каде црпите информации кому е потребна помош?

За време на школската година ни соопштуваат дека на тој-и-тој ден ако имаме нешто да донираме (облека, храна) - можеме да ги донесеме во училиште, а потоа ги носат каде што треба да ги однесат.

А инаку, надвор од училиште, гледам по разни Фејсбук страни кога има некои хуманитарни акции и слично. Или пак кога имам облека готова за донации, се распрашувам каде можам да ја однесам.

Дали навистина сме хумани во границита на нашите можности?

За другите не можам да зборувам, тоа они го знаат. За мене можам да кажам дека се трудам.