Сплавови на Вардар

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Град Скопје по Одлуката донесена од Советот, спроведе јавен повик за доделување на право и издавање на одобрение за поставување на урбана опрема за вршење на угостителска дејност на Кејот на реката Вардар.

idejno1-resenie500.jpg

По огласот, пристигнаа понуди за два сплава, додека за останатите два не пристигнаа понуди за идејни решенија.
idejno2-resenie500.jpg


Овие идејни решенија се на друштвото за промет со стоки и услуги „Фаланга Дим“ ДООЕЛ-Скопје.
idejno3-resenie500.jpg


За останатите, јавниот повик се поништува и Град Скопје наскоро ќе реши дали ќе ја повтори постапката со нов јавен повик.
idejno4-resenie500.jpg


Градот во натамошниот тек на постапката ќе ги регулира правата и обврските во согласност со правилата предвидени во Одлуката и конкурсот и понудата на избраниот оператор.
Според замислата на градската власт, два сплава ќе се постават од десната страна, а два од левата, но сите на просторот меѓу мостот „Гоце Делчев“ и мостот „Слобода“ кај „Холидеј ин“.

По еден од лева и десна страна ќе се наоѓа кај градската плажа „Камени мост“, а останатите кај новиот театар кој е во изградба.

Дозволено ќе биде сплавовите да работат како кафулиња или да вршат друг вид угостителска дејност.

Извор: www.kurir.mk

Како ви се допаѓа идејава?? :rolleyes
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Скопје наличува на една кутија со детски играчки....измешани и натрупани без врска....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sugar

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Не дека имам нешто против Вардар или пак против градот на Вардар, немам ништо против ни за владините проекти, ама реално, на Вардар??? Сплав?? Пијам кафе и ми излегува конзерва? Или пијам кафе и лета измет над вода?
Да е убава, чиста река, да.
На пр. покрај Црн Дрим да јадеш или кафе да пиеш на лето е милина... Ама во него рипчиња пливаат, а не одпад!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sugar and Mila Kunis

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Е ова стварно ни фалеше у Скопје, пошто сме нели неколку века назад и башка сеа барок-стајл може да се пуштат и пирати по Вардар а капетан да биде Коце Трајановски - Црнобрадиот.
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Зашто не ме чуди името на фирмата...стварно претераа со тој барок, класичен изглед, напнаа.
Језда разбирам дека некој се пали на тоа, ама па не мора да ни перете мозок со такви работи. Се барок. Влада, Собраие од кога ќе го реновираат, плоштад, Кеј...абе направија барок зграда и на новата зграда на Водовод и канализација. Има логика?

Нека има бродчиња вакви, ама да бидат ФЕНСИ, да ми привлече око да влезам на Аца Лукас внатре, да излезам гз напраен од таму, а не да се осеќам као да влагам у битка кај Гавгамела.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Досега сите идеи од градоначалникот на Скопје се одлични, зарем не гледате колку се разубави плоштадот? А тоа што на некои буквално ништо не им се допаѓа, тоа не е ни нивен, а ни наш (ние граѓаните што сакаме Скопје да биде поубав град) проблем. Мрчаторските коментари најдобро се објаснуваат со оваа слика:

db396dbffb73473.jpg
мн реална слика на македонскиот менталитет
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: важна

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Ја подржувам ова од проста причина шо често се жалиме абе нема ова нема она во Београд е вака во Софија вака а коа ке има кај нас го сереме истото..за се е така у државава од спорт до ноќен живот..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: важна