1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Списанија

Дискусија во форумот 'Хоби' започната од Marcello, 26 септември 2018.

  1. Marcello

    Marcello Староседелец

    Зачленет на:
    17 декември 2014
    Мислења:
    109
    Допаѓања:
    52
    Не знаев каде да ја отворам оваа тема и решив тука во Хоби затоа што и тоа некако прераснува во хоби со тоа што се собираат броеви од едно списание и се прави колекција.

    Јас во мојот досегашен живот кога се запознав со списанијата почнав да купувам се и сешто. Секоја фаза од животот ме интерисраа различни работи и прво тинејџерски работи па такви списанија купував, потоа списанија за IT технологија, интернет, компјутери, списанија за мажи и мода, списанија за музика..

    Еден период потпораснав и веќе некако спласна желбата за читање списанија,но проработи желбата за пак да се вратам на читање списанија. Сега овојпат решив да се сконцентрирам само на едно списание на кое можам секогаш да му се навраќам на читањето и ќе стои колекционерски во мојата соба на полицата за книги.

    Моментално го купувам списанието National Geographic српско издание иако имам и два три броја хрватски. Не ги имам сите броеви по ред бидејќи не редовно го носеа кај нас а и беше до сега малце поскапо. Сега откако разбрав дека е намален на точно 50 денари решив и редовно да го купувам. Има што да се прочита, да се видат многу убави фотографии од природата, животни.. Кај нас во трафиките го носат со закаснување што значи секој ден стар број од пред два месеци е во продажба.

    Oвој јунскиот број ми направи големо задоволство и причина да зацртам цел поредовно да го купувам списанието. Темата на овој број е Планета или пластика, тема кој ги засега сите луѓе на оваа планета земја па и кај нас во Македонија.

    [​IMG]

    Други последни броеви
    [​IMG][​IMG][​IMG]

    За оние кој професионално или како хоби се занимаваат со фотографија е и инспирација и мотив за фотографирање. Има предобри фотографии.
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  2. dovefox

    dovefox Нов член

    Зачленет на:
    Недела
    Мислења:
    12
    Допаѓања:
    4
    И јас од време на време купувам и читам списанија со теми за мода и животински свет,па и по некое трачарско. :patos
     

Сподели: