1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Спална соба

Дискусија во форумот 'Дом' започната од melpomena, 16 јуни 2012.

  1. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Основна задача при уредувањето на спалната соба е создавање услови за квалитетно одморање во неа. За разлика од спалните за возрасните, детските се дополнително наменети за работа, престој и игра.
    Најквалитетно решение за сместување на спалната соба во однос на другите простории во домот е ако е дел од тракт, во кој влегува и бања (WC) и гардероба.
    Со правилна ориентација и положба во домот, треба да се настојува тaa да бидe максимално заштитенa од дејството на бучавата, мириси, горештини и други појави кои го загрозуваат мирот, а со тоа и одморот во неа. Ако се работи за семејна куќа споменатиот тракт најдобро е да се смести на посебен кат, а доколку спалната се наоѓа во стан, треба да биде подалеку од дневната соба, каде што најчесто се одвиваат активностите на домашните.

    За спалната соба најдобра е источна ориентација, а добра е и јужна и југозападна страна. Најнеповолна е западната страна, поради прегревање на просторот и северната поради потполн недостаток на сончева светлост. Можноста за потполно замрачување на спалната соба е важна, особено ако станува збор за лица на кои светлината им пречи при одморањето. Пожелно е да се избегнува стаклената врата или онаа со надсветло, бидејќи овозможуваат продор на светлината од други простории.
    Обезбедување на доволна количина на воздух во спалната е многу битно прашање при нејзиното планирање. На возрасно лице му се потребни 15m² воздух. Мининалната квадратура на спална во која спијат две лица е 12m², а за спална во која со родителите спие и мало дете е 15m2.
    На квалитетот на сонот и одморот влијае и положбата на креветот во просторот. Поради насоката на електромагнетните бранови и нивното дејство, најдобро е главата да се сврти во насока на север. Положбата на креветот до прозорец или до грејно тело треба да се избегнува.
    Изборот на мебелот има особено влијание на функционалноста и изгледот на спалната соба. Најдобро е да постои засебен гардеробен простор, но сепак во денешните домови ваква организација најчесто е неостварлива поради намалената површина, па се препорачуваат вградени плакари кои не го оптоваруваат просторот и складно се вклопуваат со ѕидовите. Со вешта употреба на огледалата вградените плакари дури и го зголемуваат впечатокот за просторност.
    Подот на спалната соба треба да биде обложен со топол материјал, а се препорачува паркет или друг вид на дрвен под со употреба на помал тепих кај креветите. Боите и материјалите на завршната обработка на ѕидовите се важни за севкупниот впечаток во спалната соба. Зелените и сини тонови општо се прифатени како смирувачки, па затоа се преопрачливи за во спалната. Сепак, треба да се напомене дека изборот на бои треба да биде воден од личното доживување, па така да се одбере боја која најмногу одговара на вашата личност и карактер. Изборот на некои потопли бои, како што се нијансите на жолта и портокалова, може да биде соодветен за детската соба. Овие бои ја потикнуваат активноста, а ако знаеме дека детската соба е повеќефунционална, престојот во неа ќе го направите попријатен.
    Во спалните соби се препорачува индиректно осветлување, а директното само да се употребува при читање (на пример, лампа на ноќното ормарче).

    Како вие би сакале да изгледа вашата спална соба?
    [​IMG]
     
    На tehnog и Gemini им се допаѓа ова.
  2. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    [​IMG]


    Нешто слично на ова. Затоа што јас сум ситничар и деталите ми се задоволство, сакам вакви старомодни спални кои изобилуваат со детали. Не ги сакам оние минималистички, тоа ме гуши. Премногу е едноставно и обично.
     
    На MoonFairy, The_countess, Nightmare_f и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. Lady*

    Lady* Староседелец

    Зачленет на:
    1 април 2012
    Мислења:
    1,965
    Допаѓања:
    6,161
    [​IMG]
     
    На WomanInRed му/ѝ се допаѓа ова.
  4. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    [​IMG]
     
    На Oleri, Kiril и Gemini им се допаѓа ова.
  5. Марија

    Марија Poétesse

    Зачленет на:
    14 април 2012
    Мислења:
    1,145
    Допаѓања:
    2,488
    Епа немам соодветна слика, ама сакам да е во сино бели тонови, со голем брачен кревет со многу перници , големи прозори за да има доволно светлина и убав поглед низ прозорот, сакам удобна фотелја до прозорот за во неа да читам книги и да си го лулам бебенцето, сакам свеќи за навечер, сакам големо огледало на ѕидот и да е прилично едноставна за кога ќе сум во неа да не ме замараат ситниците и деталите што ги спомнал slb_bobo. Патем Бобо ги мразам типот спални што го сакаш ти :giggle
     
  6. Gemini

    Gemini Староседелец

    Зачленет на:
    24 мај 2012
    Мислења:
    2,477
    Допаѓања:
    5,079
    romantic red bedroom interior.jpg
     
    На Bibi@, parvati и Marchisio им се допаѓа ова.
  7. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Очигледно нема да делиме иста спална јас и ти. Не знам ни зошто ми кажуваш дека не сакаш спални ко што сакам јас, ко демек ми е гајле.
     
    На Dr.Gonzo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    би можела темава во Архитектура да се премести?
    ако се дискутира околу ентериерното уредување, би требало да е таму :)
     
  9. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    не ја давам :place
    имам во план да пишувам односно украдам уште некој текст околу уредувањето на спалната соба :biggrin
     
  10. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Правилно избрани елементи во спалната соба за квалитетен сон
    Квалитетниот сон е од голема важност, како за здравјето, така и за работоспособноста во текот на работниот ден.
    Мебелот, материјалите и боите со кои спалната соба е опремена и тоа како може да влијаат на сонот, а со самото тоа и на вашето расположение, бидејќи токму недостатокот на сонот е еден од причините за стресот.
    Идеален рецепт за квалитетен сон е креветот да е направен во целост од дрво – без метални спојници. Со тоа се подразбира и подницата на креветот да биде дрвена. Подеднакво важна е и оддалеченоста на телевизорот, компјутерот, мобилниот телефон – минимум 150 до 200 cm од креветот.
    Имено, иако не потполно докажано, многу научници сметаат дека креветите изработени од метал го попречуваат сонот. Причина за ова е тоа што металот е материјал кој ги проведува електромагнетните бранови кои често се спомнувани како причина за несоница и главоболки.
    Изворите на електромагнетни бранови, како што се претходно спомнатите, телевизорите, мониторите, мобилните итн. се секојдневие во повеќето домови, а металните кревети ги доведуваат тие бранови во близина на организмот кој за време на сонот посебно е осетлив на надворешни влијанија.
    Истотака, оптимално решение е душекот да е направен од природни материјали како латекс, волнени или кокосови влакна, јута, итн., кој одлично ќе се прилагодува на телото и на тој начин спиењето ќе го направи пријатно. При купувањето на подницата и душекот, треба да знаете дека најудобни комбинации се – флексибилна подница со помек душек и нефлексибилна подница со потврд душек.
    Што се однесува на боите, за спалната соба се препорачуваат топли неутрални и земјени тонови (кафена, боја на песок, боја на вино,...), како и нежни, пастелни бои на зелена, плава и виолетова.
    При изборот на сликите и фотографиите, обратете внимание на чувствата кои ги будат во вас. Имено, сликите со премногу активни и вознемирувачки мотиви (на пр. бура, застрашувачки ликови, историски битки, итн.) не е препорачливо да се ставаат на ѕидот во спалната соба. Попрво изберете слика на мирен пејсаж кој ќе ве опушти после напорниот работен ден.
    За да сите сетила уживаат, собата намирисајте ја со лаванда или камилица (за опуштање), со рузмарин (за будење), а мирисот на цимет или ружа ќе направи романтична атмосфера.
     
    На Gemini му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: