1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Социјализам или капитализам?

Дискусија во форумот 'Историја' започната од Luckky, 1 април 2012.

  1. Luckky

    Luckky Upright

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    2,635
    Допаѓања:
    5,809
    Што сметате кое опшествено уредување е подобро?
    Кои се предностите/слабостите на истиот?



    Историски гледано многу Македонци жалат по времето на социјализмот. Периодот кога биле создадени голем број на претпријатија кои беа под контрола на носителите на таканаречената командна економија, каде што секое претрпијатие знаело колку ќе продава и за сите имало - сите грабале бидејќи немало сопственик. се било идеално бидејќи секој бил задоволен. Но сепак мислам дека социјализмот како идеологија настрадал поради две причини - не функционирањето на пазарната економија и поради не доволно развиената свест кај народот бидеќи е повисок степен на организирање на државата. Но тоа што и се случи и моментално и се случува на нашата држава е т.н примитивен капитализам или развиен феудализам сеедно. Би го издвоила феноменот т.н Кина задржувајќи го стариот систем но воведувајќи го политичкиот плурализам... И наместо да предизвика крах како СССР , Југославија и сл. галопирачки се развива и претставува водечка економска сила во светот.
    Лично јас би го избрала социјализмот, но не оној класичен туку по моделот на Анте Марковиќ и неговите реформи од 89' кои на жалост не успеаа. Социјализмот, воведувањето на пазарната економија и политичкиото плурализам е идеалниот облик на опшествено уредување.​
     
    На True_Blood, Foxboro, melpomena и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. Hexasto

    Hexasto Истакнат Член

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    1,082
    Допаѓања:
    1,630
    Многу добро мислење..се сложувам со тебе во потполност :)
     
    На Hip.Hop_MKD и Luckky им се допаѓа ова.
  3. 990Freak

    990Freak Староседелец

    Зачленет на:
    12 март 2012
    Мислења:
    1,274
    Допаѓања:
    1,909
    Анте Марковиќ? Пукнал народот од јадење банани тоа време :p
    Секако и јас сум за социјализмот, но Титовиот социјализам, и ново обединување на Југославија. Сме биле светска сила .. сега што сме .. последна и најслаба алка на синџирот. Од 91ва наваму немаат изградено 30 км автопат ... срамота. Капиталистите искористуваат работна снага, додека нашиов премиер и другар му бившиот премиер се пунат со пари. 35 000 евра годишно за патни трошкови на пратеник?! Абе ајде. Само Тито, и голи оток!!!
     
    На True_Blood, D.Kettering, Emma.T и уште 6 други им се допаѓа ова.
  4. Luckky

    Luckky Upright

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    2,635
    Допаѓања:
    5,809
    Точно. Особено овој примитивен капитализам што беснее кај нас. Чиста експлоатација. ;)
     
    На melpomena, parvati и Hexasto им се допаѓа ова.
  5. 990Freak

    990Freak Староседелец

    Зачленет на:
    12 март 2012
    Мислења:
    1,274
    Допаѓања:
    1,909
    :p
     
    На parvati му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 990Freak

    990Freak Староседелец

    Зачленет на:
    12 март 2012
    Мислења:
    1,274
    Допаѓања:
    1,909
    Имаш пишано горе кои се предностите на социјализмот:
    Па.. државни фирми, за сите бранши работа, на факултетите се примаат онолку студенти колку што треба кадри , 13 плата, к-15, годишен одмор, стабилна валута, висок брутодомашен производ, дисциплиниран народ...
    Може некој да ми ги каже предностите на капитализмот? (100 умиру за један да живи) ?
     
    На melpomena му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheKitten

    TheKitten Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    549
    Допаѓања:
    626
    Јас сепак, сум за капитализам.
    Не овој нашиов.. но капитализам сепак.
    Не сакам јас да добијам помалку, за некој да живее подобро.
    Не сочувствувам со сите, и ќе дадам од мојот леб, само ако сакам. Не сакам државата тоа да го прави во мое име.
    Секој што е работоспосбен треба и да работи, не признавам социјални случаи кои се физички здрави (такво нешто нема во земјава, преголема е невработеноста).

    Второ. Сакам да имам приватен бизнис. Мој, лично мој.
    Дали ќе остварам капитал од 1000 евра, или 1 000 000 евра, моја работа.

    Не прифаќам еден менаџер и една чистачка, да можат да одат на исто место на одмор.

    Најголем мотив за работа се парите. А ако можам јас да вложам толку труд и енергија некаде, за на крај и некој што не вложува толку да може да си го дозволи истото што и јас... што?
     
    На Party Poison, melpomena и Hip.Hop_MKD им се допаѓа ова.
  8. Jericho

    Jericho Староседелец

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    355
    Допаѓања:
    463
    Социјализам во секој случај, секад сум плукал и никогаш нема да престанам да плукам на смрдливиот капитализам и капиталистичките експлоататори мамето нивно. Некаква форма на социјализам владее и во Шведска, а за Кина ке да сте малце грешка дека постои плурализам, се знае таму, комунистичката партија е на власт и толку. А да, социјализмот како форма на општествено уредување се јавува покасно од капитализмот (што кажува дека е подобрена форма, како што феудализмот го наследил робовладетелството).
    Капитализмот никаде не е добар, па ни кај нас. Затоа ќе речам: смрт за капитализмот, слобода на народот
     
    На True_Blood, 990Freak и Luckky им се допаѓа ова.
  9. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,874
    у тунелу усред мрака родила се петокрака : )
    coцијализам наравно Ч ) тито е исус : )
     
    На 990Freak, Luckky и Hip.Hop_MKD им се допаѓа ова.
  10. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,930
    Ни Социјализмот ни Капитализмот се совршени сите имаат мани и недостатоци кој подоцна излегуваат на виделина.
    Така да идеалниот систем не постои и не знам дали некогаш ќе постои таков идеален без грешки во кој сите би биле еднакви. Ако го вртиш кешот со никој не би требало да имаш проблем.. :D
     
    На TheKitten и Luckky им се допаѓа ова.

Сподели: