Социјален живот

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Обично ваквите типови на луѓе избегаваат нови пријателства поради ниската самодоверба и стравот да не бидат откриени кои се’ навистина ...just sayin’ ... ;)
Mystery solved. Јованке, дај од тие медаљите шо се таму.
 

iva89

Полноправен Член
27 февруари 2012
76
75
18
По природа сум многу друштвена и комуникативна личност ама вистински другарки имам само 3 на кои што можам во секое време да се потпрам и кои биле секогаш тука за мене и во лоши периоди, а онака пријатели и познаници има многу..секогаш можеш да најдеш некој за кафе муабет ;):)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Последните 2 години од средно ми беа најлуди, во последниве 2/3 години, послабо, иако се дружам со истите 10ина луѓе. Имам еден затворен и посебен круг на пријатели и колку и да стекнувам нови, само повремено (сите заедно со оние во кругот) се дружиме, никој не се задржал трајно. Со 2 другарки се дружам уште од прво одделение. :D Инаку, се разликувам од сите мои пријатели. За разлика од нив, не ми се допаѓаат дискотеки и гласни места со многу гужва (освен свирки), сакам casual искачања, повеќе шетање и outdoors активности, или пак дружење кај некого дома, гледање филм и сл. Најмногу од времето сакам да си го поминувам со дечко ми, но уживам и кога сум сама, секогаш си наоѓам занимација.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: jovanKH2O

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Многу луѓе се "социјални". Да ги прашаш кога последен пат се виделе со своја другарка, ќе ти речат "Сега пиевме кафе, се стави на фб/скајп".
Порано остварувавме повеќе контакти со пријатели, не само како деца, туку и времето дома со Тв и 10 канали беше досадно во споредба со шетање по комшии. Така многу работи се случуваа непланирано и се ширеа познанства.
Денес како приоритет е виртуелноста. Денес се поинтересни луѓе што пишуваат на форум, што јаделе/пиеле отколку седење на кафе со најдобра пријателка, чие другарство почнало од детство и завршило со зачленување на рандом форум.

Ваква група на луѓе се штанца се повеќе. Тие се социјални, тие знаат што се случува во градот, но немаат мрднато низ истиот година, две, заборавиле што е тоа дискотека, кафана или ресторан.
Заборавиле дека живот без пц е возможно да постои, дека дремење по форуми за склучување на пријателства и стотина лајкови се менува за три саати излегување и имање волја за запознавање на нова личност.

Со користење на горенаведените работи, односно со доволно конзумирање формираат социјална личност каква што сум јас.
Пријатели ми претставуваат приоритет кога имам потреба за таков муабет, каков што не се прави со дечко или родител. Кога имам потреба од убаво помината вечер во Скопје, која се случува најмалку еднаш неделно.
Или пак удобно седење во кревет со пижами, правејќи муабет со вино или кафе до утрински часови. Да споделат со мене женски совет или да помогнам онаму каде што можам.
Затоа што во нормален социјален живот се потребни реални пријатели. Пријатели на кои случајно ќе налеташ во локал и ќе се израдуваш, бидејќи претходно не си договорен, или по долго негледање од причина студирање во странство/учење за испит.

Спомени не се градат на тастатура, пријатели уште помалку.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
имам една другарка, она си е иста ко мене ни не интересираат оговарање нити оговараме...ја и она увек заедно
останатите ми се геј френдови и убоо ми е и со нив, се глеаме од време на време...
а пријатели и колеги ги имам на тони...ама со нив на дистанца...не им верувам на сите...
некогаш пак сакам да бидам сама,одреден период и така.
иначе секогаш сум дружељубива и отворена за нови пријателства.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak

InnaLaurie

Истакнат Член
12 март 2012
281
322
363
31
На некој пуст остров
Имам 2 другарки кои ги сметам за најдобри, и со нив сум по цел ден. Бевме 5 другарки, но се разделивме на некој начин. Не дека не излегуваме заедно, излегуваме но не е тоа тоа. Инаку имам затворен круг на пријатели, тие се други нема, незнам што би правела без нив. Знам дека тоа ми е голема мана, но тоа е незнам да се вклопувам.
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Прашања.

Многу сакам прашања..

Каков е вашиот социјален живот?

Расте и се развива.

Дали сте човек што сака да се дружи или пак претпочитате времето да го поминувате сами, во кругот на своето семејство?

Зависи од расположението. Понекогаш копнеам да бидам сам цел месец, а некогаш едвај чекам со некој да направам добар муабет. Некогаш со одредени личности ми се зборува, некогаш со повеќе него ли што би поднел. Во секој случај, ни едното ни другото не ми пречат.

Дали сте отворени за нови пријателства или го држите вашиот круг затворен?

Нови пријателства. Секогаш. Кога се гледам со одредени особи почесто ми станува многу исто и се плашам дека еден ден, од што премногу ќе бидам со таа личност, ќе развијам некое чувство на одбивност кон нив. Се нема случено, но за се има прв пат. Одозгора на тоа - пробав да функционирам со затворен круг и по 10 години (просек) му дојде крај.

Им давате предност на Вашите пријатели или ги ставате помеѓу последните места на приоритети?

Предност. Ако има нешто што настојувам пријателите мои да го знаат, тоа е: Ако некогаш ти треба нешто, јави се. Секогаш ќе бидам тука за тебе. Сега, сепак зависи колку ми е важен тој пријател и за што се работи.

Како се чувствувате во кругот на Вашите пријатели?

Убаво, во поголем дел од времето. Имало и случки каде ми било многу незгодно, досадно или пак некоја особа ме иритирала. Имало и случки да сум бил нерасположен и сум настојувал да останам дома, ама ме натерале. Сепак, за целосен ефект и за најдобро чувство - сите да се расположени, на сите да им е удобно и си те да уживаме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
По природа сакам да се дружам и да склопувам нови пријателства.Меѓутоа имам две личности во мојот живот што ми се посебни и најблиски.Со нив сум од јасли:D и секогаш наоѓаме време за да се видиме.Тоа ми се луѓе што знам дека можам да сметам на нив во секој момент а и они на мене без разлика за што и да се работи. А вака си имам повеќе пријатели што се дружиме, си излагаме.:)
 

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
Каков е вашиот социјален живот?
Дали сте човек што сака да се дружи или пак претпочитате времето да го поминувате сами, во кругот на своето семејство?
Дали сте отворени за нови пријателства или го држите вашиот круг затворен?
Им давате предност на Вашите пријатели или ги ставате помеѓу последните места на приоритети?
Дали сте самоуверени во кругот на вашите пријатели, или обично одлуките ги оставате на другите?
Како се чувствувате во кругот на Вашите пријатели?[/quote]

МОЈОТ СОЦИЈАЛЕН ЖИВОТ Е КАКО СОЦИЈАЛЕН СЛУЧАЈ.САКАМ ДА СЕ ДРУЖАМ,САМОУВЕРЕНА СУМ,ИСКРЕНА,ФЕР,МЕЃУТОА ТОА ИМ СМЕТА НА ДРУГИТЕ ИЗГЛЕДА,НЕМАМ ВЛАКНО НА ЈАЗИК.