Социјален живот

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Проф. др. Елизабет Ломбардо која е и автор на книга со совети за подобар социјален живот, вели дека имањето добри пријатели ви го продолжува животот. Може да ви помогне да се борите против болести и депресија, како и да оформите здрави начини на живот.

Секој сака да има свој круг на пријатели со кого ќе ги споделува своите емоции, потреби и случувања.
Кога сме мали, изнаоѓањето другарчиња можеби ни се чини како наједноставна работа на светот, но како растеме, созреваме и се носиме со поголеми обврски колку навистина имаме време и можност да создаваме вистински пријателства?

Каков е вашиот социјален живот?
Дали сте човек што сака да се дружи или пак претпочитате времето да го поминувате сами, во кругот на своето семејство?
Дали сте отворени за нови пријателства или го држите вашиот круг затворен?
Им давате предност на Вашите пријатели или ги ставате помеѓу последните места на приоритети?
Дали сте самоуверени во кругот на вашите пријатели, или обично одлуките ги оставате на другите?
Како се чувствувате во кругот на Вашите пријатели?
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
јас сум чуден чоек. шо би рекле тиквешани 'чудна направија'.
Прво да дефинирам круг. Мојот круг се моите најблиски пријатели, тоа се личности кои ги ценам и ги сакам.
Значи мојот круг е затворен. За да влези некоја личност во тој круг треба да е посебна. На форумов има една личност која е во тој круг :)
 

LoveDealer

Староседелец
3 март 2012
180
563
693
31
Во неговото срце.
Мојот социјален живот е како кроасан со два фила:giggle

Во реалноста имам многу пријатели, но на прсти можам да ги избројам оние на кои им верувам, но и од нив пак постои уште еден потесен круг, една личност за која и животот би го дала. Личност на која бескрајно и верувам, таа ги знае сите мои тајни, сите проблеми, сите радости заедно ги споделуваме.

Од другата страна на кроасанот се виртуелните пријателчиња. И нив ги има во прилично добар број, иако со нив се немам запознаено им верувам, учам од нив, применувам нивни совети, ги ислушувам, имам време за сите;) Имам пријатели насекаде во светов и не можете да замислите колку ги чувствувам за блиски. Имам "сестра" во Пакистан, со неа за месец ипол, ќе направиме 6 години. Богатство е да имаш пријатели.

Сепак голем дел од луѓево го згрозуваат социјалниот живот. Се чудам на лицемерието на некои личности, но после една секунда ми поминува. Свашта по свету:p
Приоритети, слабо во животов, а?
Тоа ти е, слаб социјален живот некаде мора да пукне.
 

littleblackdress

Полноправен Член
22 февруари 2012
96
74
18
ДругарКи = тоа би биле оние "идиотки" кои ми го прават животот вреден и ги имам неколку.. а онака, каде одам секаде пријателства склопувам.. сакам секаде да имам по некого :rolleyes:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Иам екстра социјален живот многу пријатели и познаници и другари незнам што..најверојатно пошто сум easy going особа и фер дете :) ..една од позитивни работи тоа ми у животов секако што за се имам луѓе и многу пријатели :)
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Имам неколку другарки шо ми е мило шо ги имам, со нив можам се да споделам и па да ме сакат :giggle
А, за нови пријателства сум итекако добредојдена, секогаш се снаоѓам и на нови места, со разни луѓе ..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: asdasdasd22

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Екстровертна личност сум... освен кога сум во ПМС :giggle.
Шала на страна, кога би го држела својот круг на пријатели затворен, тоа не би било круг:unsure. Тоа се работи што треба да претрпат промени. Сакам да се дружам. Единствено со пријателите можам да ја почувствувам таа неопислива еуфорија. При нови познанства секогаш имам да кажам нешто за да ја убијам тишината и неподносливата напнатост на
молчењето.:sreken Чувствувам дека ќе бидам вечно дете. Никогаш нема да пораснам. Затоа можеби изнаоѓањето нови пријателства ми се чини наједноставна работа на светот.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас сум асоцијала. На факс не се дружам со никого, а и не сакам друштво. Има така неколку луѓе кои сакам да ги дружам, ама не сакам многу нови личности во мојот живот.
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Има многу кои би се самонарекле дека ми се пријатели. Јас, вистинските пријатели, ќе ги избројам на прстите од едната рака.
Останатите ми се познаници. Личности со кои имам муабет, можам да испијам кафе, да отидам да ручек или да ми дојдат дома.
Но, оние вистинските пријатели се ретки. Затоа се и повредни.
Кругот не ми е затворен. Секогаш сум отворена за ново познанство. Имало случаи кога од познаник линоста станала пријател.
Знам да побарам совет, но не и да го испочитувам по секоја цена само зашто тој/таа ми е пријател.
Своеглава сум и ретко почитувам туѓи совети. Одлуките најчесто ги носам сама, но оние кои треба да знаат за нив-знаат, а во некои ситуации дале и мислење.
Сепак, понекогаш пријателите ги оставам настрана и одредени ситуации сакам да ги пребродам сама и во тишина.
Како што реков, во вистинските пријатели имам доверба, а имаат и тие во мене, па затоа и ме сфаќаат секогаш или барем во повеќето ситуации.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Јас сум асоцијала. На факс не се дружам со никого, а и не сакам друштво. Има така неколку луѓе кои сакам да ги дружам, ама не сакам многу нови личности во мојот живот.
Обично ваквите типови на луѓе избегаваат нови пријателства поради ниската самодоверба и стравот да не бидат откриени кои се’ навистина ...just sayin’ ... ;)